СДСМ: Владата не ја донесе одлуката за маржите, профитот на неколкумина им е поважен од животот на граѓаните

Владата на Христијан Мицкоски не ја донесе одлуката за ограничување на маржите на основните прехранбени производи, оставајќи ги граѓаните и понатаму сами да се справуваат со високите цени, велат од СДСМ. „Стандардот на граѓаните се влошува од ден на ден, а владата има поданичка позиција кон бизнис интересите на елитата и на големите трговци и не презема ништо. На Мицкоски …

Continue Reading

Функционери на ДУИ потпишаа Кодекс за добра пракса и интегритет

Членовите на централното претседателство на Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска го потпишаа Кодексот за добра пракса и интегритет на партијата. Ова следува по отпочнување на процесот на ветинг од страна на пратениците од редовите на ДУИ на 13 февруари 2025 година, што, според партијата, претставува клучен чекор во сеопфатниот процес на реформи и ветинг во нивните редови. Од ДУИ …

Continue Reading

СДСМ: Цените пораснааа за повеќе од 5 отсто, Владата е неспособна

Најновите податоци од Државниот завод за статистика покажуваат дека цените пораснале за 5,2 отсто. Споредено со јануари 2024 година трошоците за живот пораснале за 4,9 отсто. Според СДСМ, овие податоци ја покажуваат неспособноста на Владата на Мицкоски да се справи со економските предизвици. „За само осум месеци, граѓаните се доведени до финансиски колапс. Цените на основните прехранбени производи и услугите …

Continue Reading

Николова: По бурните реакции на стручната јавност против концепција за гимназиско образование, бараме јавна расправа во Собранието

Предлог Концепција за гимназиско образование изработена од страна на Министерството за образование и наука и БРО, наиде на бурни реакции од стручната фела и јавноста воопшто. Сепак министерката Јаневска не отстапува од својата намера да ја брани, реагира Даниела Николова, пратеничка на СДСМ. Николова оценува дека покрај големиот број недоследнисти, во Концепцијата се предвидува и укинување на предметите логика, етика …

Continue Reading

Шокантни се изјавите на Таравари за грбот и химната, велат од СДСМ

Владата на Мицкоски преку министерот за здравство, Арбер Таравари, којшто повеќе наликува дека е министер без ресор, не’ информираше денес дека за неа поголем приоритет е решавањето на наводно отворените прашања за химната и грбот, а дури потоа фокусирање на проблемите како економијата, платите и здравството, изјави Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ. „Оваа шокантна изјава на министерот Таравари, кој се занимава …

Continue Reading

Промената на државниот грб единствено оди во прилог на балистичките апетити на партиите од т.н. албански блок, велат од Левица

За Левица, најавената промена на државниот грб е директен удар врз АСНОМ, како конститутивен елемент на македонската република. На наследниците на Ванчо Михајлов и на следбениците на Џемо Хаса им предочуваат да не си играат со државните инсигнии, затоа што инстантно ќе го добијат народниот гнев на улица. „Со отворањето на темата за промена на државниот грб, премиерот Мицкоски ја …

Continue Reading

(Видео) Илиевски: Заканите од трговците за отпуштања се последица на слабото лидерство на Мицкоски

Заканите од трговците за отпуштање на 5000 работници се директна последица на неспособноста на Владата на ВМРО-ДПМНЕ да води економска политика која ќе ги заштити граѓаните, но и ќе обезбеди стабилност за работниците и компаниите. Така е кога Мицкоски наместо да биде лидер, глуми набљудувач во државата која ја води, изјави потпретседателот на СДСМ, Методија Илиевски. „СДСМ, додека беше на …

Continue Reading

СДС се тие кои што го срозија животниот стандард на граѓаните, го уништија и енергетскиот сектор, велат од ВМРО-ДПМНЕ

СДС се тие кои што го срозија животниот стандард на граѓаните. СДС се тие во чие време на седум годишно владеење до прагот на сиромаштија донесоа над 500 илјади граѓани, кои денот го поминуваа со по 150 денари на ден, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција на потпретседателот на СДС. Според партијата на власт, сиромаштијата во време на владеење на СДС …

Continue Reading

Апасиев: Следната недела Левица поднесува закон за патни трошоци за работниците

Откако во средата партиите од власта одбија да го поддржат предлог-законот на Левица, со којшто се предвидува ограничување на патните трошоци за пратениците, од партијата најавија измени во Законот за работни односи и враќање на патните трошоци кои работодавачите ќе бидат обврзани да им ги исплатат на работниците. Во статус на социјалните мрежи, Претседателот на Левица – Димитар Апасиев потсети …

Continue Reading