СДСМ: Во процес се консултации и обновување за создавање силен и одговорен тим

Додека државата тоне во скандали, додека заради корупција се губат стотици милиони евра од ЕУ, а граѓаните имаат се помалку пари, ВМРО-ДПМНЕ измислува приказни за СДСМ, за да го одвлече вниманието од сопствените проблеми. Ваква е реакцијата на СДСМ, откако претходно денес Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ праша дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на …

Continue Reading

Пендаровски му одговори на Фрчкоски: Никогаш не сум мешетарел, тоа го прават други кои се занимаваат со кафеанско озборување

Поранешниот претседател Стево Пендаровски ја отфрли изјавата на Љубомир Фрчкоски дека „мешетари“ во СДСМ и дека има улога во можни промени во партијата. Во објава на Фејсбук, Пендаровски напиша дека никогаш не се занимавал со политичко мешетарење, како што, според него, тоа го прават други чии кариери се „исполнети со заткулисни маневри и кафеанско озборување“. „Поголем проблем е што изјавата …

Continue Reading

(Видео) Николовски: ИПАРД програмата стопирана, власта молчи, илјадници земјоделци без исплата

Информациите коишто ги споделив со вас за можната суспензија на ИПАРД 3 програмата се покажаа како точни, истакна денеска на прес-конференција Љупчо Николовски, пратеник на СДСМ. „Во петокот околу 16 часот, од страна на националниот координатор за авторизација преку механизмот за суспендирање на плаќања, е донесена и дистрибуирана до македонските власти одлука за суспендирање на ИПАРД 3 програмата, односно одлука …

Continue Reading

Кузеска: Инфлацијата ги јаде платите, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се без план

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција ја критикуваше Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, истакнувајќи дека реалните економски податоци ги побиваат нивните тврдења за економски бум во земјата. „Секојдневно, реалните економски податоци и индикатори ги побиваат лагите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за наводен економски бум во државата. Последните податоци за инфлацијата потврдуваат дека, спротивно на уверувањата на власта дека инфлацијата …

Continue Reading

Левица: Наместо нови автобуси во ЈСП, нови автобуси добија приватните превозници

Партијата Левица остро реагираше на најавата на градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, дека од понеделник ќе започнат да сообраќаат 55 нови автобуси на приватните превозници, оценувајќи дека тоа е уште едно „импровизирано решение“ на штета на јавниот интерес. „Наместо нови автобуси во ЈСП, нови автобуси за приватните превозници! Четири години ВМРО-ДПМНЕ го држеше Советот на Град Скопје во блокада и …

Continue Reading

Николовски: Системот на злоупотреби што го создаде Владата ја уништи довербата – земјоделците повторно ќе ја плататат цената

„Колку пати алармирав и предупредував дека во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој се создава систем на клиентелизам, влијанија и злоупотреби?“, порача поранешниот министер за земјоделство, Љупчо Николовски, реагирајќи по апсењето на директорот на Агенцијата при земање мито. „Јавно укажував дека ИПАРД 3 ќе крахира, дека со вакви практики се загрозува кредибилитетот на државата пред Европската комисија …

Continue Reading

(Видео) Јакимовски: Презедов општина со 6,5 милиони евра долг, а денес оставам општина со 13 милиони евра приход

Презедов општина со 6,5 милиони евра долг, а денес оставам општина со 13 милиони евра приход, изјави ексградоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовсски. „На оваа последна прес конференција како градоначалник на општина Карпош сакам да им ги соопштам следните информации на жителите на Општина Карпош: На 4 ноември, 2021 година, кога стапив на функкцијата од мојот претходник наследив: 330 милиони …

Continue Reading

СДСМ: Инфлацијата зголемена на 4.5%, граѓаните скапо ги чинат промашените економски политики на власта

Инфлацијата повторно расте и во октомври достигна 4,5 проценти, спротивно на владините уверувања дека ќе се намали и под 3%, велат од СДСМ. „Овој пораст е јасен показател дека економските политики на владата на ВМРО-ДПМНЕ се целосно промашени и без никаков резултат. Инфлацијата го јаде стандардот на граѓаните, ги јаде платите кои не се покачуваат туку стагнираат, цените на храната …

Continue Reading

Митески го доби мандатот за градоначалник: Аеродром ќе добие значајни проекти кои ќе го подобрат квалитетот на животот

Дејан Митески денеска го прими уверението и официјално ја презема функцијата градоначалник на Општина Аеродром. „Од овој момент започнуваме со работа – посветено и искрено. Нема време за чекање! Ќе бидам градоначалник кој слуша и е достапен за сите. Во следниот период Аеродром ќе добие значајни проекти кои ќе го подобрат квалитетот на животот на сите жители – повеќе уреденост, …

Continue Reading