(Видео) Цветановски: Зошто за шокантниот скандал со операциите веднаш не се поднесени кривични пријави, кој дал индикација?

„Се случи еден од најголемите и најшокантни скандали во здравството, откриени се најмалку 10 непотребни операции на срце. Но се уште нема кривични пријави и нема целосни информации во јавноста. Како е можно за ваков скандал без преседан, министерот да го презентира случајот на ваков начин, без целосни информации и без никакви пријави?“, праша денеска на прес-конференција, Симона Цветановски, членка …

Continue Reading

(Видео) Тренчевска: Владата крати пари за најранливите во Буџетот, социјалната заштита под удар

Пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, во своето обраќање пред собраниската Комисија за финансирање и буџет истакна дека предлог-буџетот за 2026 година кој го предлага Владата не само што не обезбедува фискална консолидација, туку ја продлабочува фискалната нестабилност и создава сериозни ризици за економијата и граѓаните. Наместо реални реформи и стабилност, буџетот нуди нереални проекции, енормно задолжување и директно прекршување на …

Continue Reading

Кренар Лога се повлече од Алијансата за Албанците и од сите партиски функции

Поранешниот министер за правда, Кренар Лога, објави дека се повлекува од партискиот живот и од сите функции што ги извршувал во Алијансата за Албанците. Лога истакна дека ова не била лесна одлука, бидејќи во партијата вложил енергија, срце и душа. Тој се заблагодари на соработниците, членовите и активистите, наведувајќи дека во изминатите десет години запознал посветени луѓе и искрени пријатели. …

Continue Reading

Битиќи: Новиот буџет носи рекордно задолжување

На денешната комисиска расправа за финансирање на буџет, пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи обвини дека предложениот буџет на Владата носи рекордно задолжување и историски најголемо плаќање камати. „Во 2026 година јавниот долг ќе се искачи над 62% од БДП, со планирано задолжување над 120 милијарди денари и „рекордни 21,27 милијарди за камати“, посочи Битиќи. Тој нагласи дека парите наместо во …

Continue Reading

(Видео) СДСМ го прифати предлогот на Филипче, Александар Трајановски нов потпретседател

Вчера на Извршниот одбор, секако, беше прифатен, поддржан предлогот на претседателот Венко Филипче за потпретседател на партијата да биде реномираниот доктор Трајановски, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. „ВМРО-ДПМНЕ треба да се грижи за ова што го зборувавме денеска, и ВМРО-ДПМНЕ треба да им даде одговорите на граѓаните за сите оние скандали коишто ги објавивме досега и допрва ќе ги …

Continue Reading

(Видео) Кузеска: Итно да се објави целиот извештај за непотребните операции на срце

Се соочуваме со еден од најголемите скандали во здравството во историјата на државата. Министерот за здравство јавно соопшти дека се утврдени најмалку 10 случаи на непотребни кардиоваскуларни операции во приватни клиники. Ова е скандал без преседан за кој мора да има целосна одговорност, но начинот на првичната презентација на извештајот е скандалозен, обвини портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. „Имено, како …

Continue Reading

Јавноста мора да знае кои клиники и доктори правеле непотребни операции на срце, велат од СДСМ

Скандалот со непотребно извршените кардиохируршки операции кој ја згрозува јавноста мора да има целосна разврска, без да се сокрие и најмал детал, сметаат од СДСМ. Од партијата наведуваат дека иако министерот за здравство Алиу веќе утврдил дека за 10 случаи станува збор за непотребно извршени операции или непотребно упатување на операции, сѐ уште не кажува кои се болниците и лекарите …

Continue Reading

„Скандалот со ИПАРД води до врвот на власта на Мицкоски“: СДСМ бара проширување на истрагата

„Корупцискиот скандал со ИПАРД фондовите не е изолиран случај, туку доказ за длабоко вкоренет, организиран систем на злоупотреби создаден и поддржан од ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ. „Веќе е јасно дека истрагата мора да оди многу повисоко од фатениот директор со обележани банкноти. Мора да се проверат и политичките врски, кумските релации и влијанијата кои ја контролирале распределбата на европските пари. …

Continue Reading

Филипче ќе го номинира Александар Трајановски за потпретседател на СДСМ, вечерва ќе соопшти и други кадровски промени

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека вечерва ќе се одржи седница на Извршниот одбор на која ќе се разгледуваат повеќе кадровски и политички промени во партијата. Тој посочи дека процесот на внатрешни реформи се одвива постепено и по јасен план. Филипче откри дека ќе предложи докторот Александар Трајановски да ја преземе функцијата потпретседател на СДСМ. „Трајановски е човек кој …

Continue Reading