Левица: Власта го одби амандманот за зголемување на противпожарните капацитети

На денешната собраниска комисија, пратениците од владејачкото мнозинство го отфрлија амандманот по предлог-Буџетот за 2026 година, со кој се предвидува зајакнување на противпожарната заштита, соопштија од Левицата. Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил Хактан, во своето излагање истакна дека во овој предлог-Буџет се предвидени само 16 милиони евра за противпожарна заштита, иако опремата со која располага Македонија не само што е …

Continue Reading

Зошто ВМРО-ДПМНЕ молчи за Никола Груевски, прашуваат од СДСМ

Скандалозните ставови на претседателката Давкова дека „не било време за реформи“ поради тоа што во Европа имало војни е политичко ехо на пораките на Никола Груевски, кој само неколку дена претходно од Будимпешта испрати идентичен наратив, велат од СДСМ. Прашуваат зошто ВМРО-ДПМНЕ молчи за Никола Груевски. „Ова е доказ дека Груевски и понатаму ја води партијата од Будимпешта, а Мицкоски …

Continue Reading

(Видео) Филипче: Тоа што ВМРО-ДПМНЕ изгуби 140.000 гласа е заслуга и на опозициското делување на СДСМ

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на новинарско прашање категорично ги отфрли шпекулациите за каков било „скриен договор“ со ВМРО-ДПМНЕ, нагласувајќи дека опозициското делување и реторика на СДСМ е едно од клучните причини за значајниот пад на поддршката на владејачката партија. „Во однос на некаков скриен договор со ВМРО-ДПМНЕ или тоа дека ние немаме доволно силна опозициска реторика …

Continue Reading

(Видео) Филипче: Судењето за Кочани е тест за целото општество, мора да се води кристално чисто

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, нагласи дека судењето за трагедијата во Кочани е тест за целото општество и затоа мора да се води транспарентно. „Барам и очекувам процесот да се води отворено, транспарентно, пред очите на целата јавност“, рече Филипче. Тој додаде дека родителите на жртвите заслужуваат да ја знаат вистината и правда мора да има. …

Continue Reading

(Видео) Тренчевска: Власта ги остави граѓаните сами, упорно бега од покачување на минималната плата на 500 евра

Пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната седница побара од министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, да објасни зошто Владата употрно одбива да ја покачи минималната плата барем на 500 евра, во услови на растечки трошоци, кога синдикалната потрошувачка кошница се зголемила за повеќе од 4.500 денари во последните 15 месеци. „Индексот на трошоците на живот во октомври 2025 …

Continue Reading

Пратениците на СДСМ поднесоа иницијатива за основање Анкетна комисија за трагедијата во Кочани

Пратениците на СДСМ и Коалицијата, денеска поднесоа иницијатива за основање на Анкетна комисија за трагедијата во Кочани, на којашто, како што информираатм се придружија и пратениците од Левица а беше дел и од барањата на семејствата на загинатите и повредените. Анкетната комисија, појаснуваат од СДСМ, треба да ја утврди целата вистина, како и на кој начин била загрозена безбедноста на …

Continue Reading

(Видео) Тренчевска до Филков: Вашиот магистерски труд ви беше поважен од реформите во правосудството

Пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната седница посветена на пратенички прашања побара од министерот за правда, Игор Филков, да даде одговор зошто реформите во правосудниот систем целосно стагнираат и кој ќе понесе одговорност за блокадата на овој клучен сектор. Тренчевска посочи дека Извештајот на Европската комисија јасно потврдува дека нема напредок во судските реформи и дека независноста на судството …

Continue Reading

Николовски: Оставка од Трипуновски затоа што остави илјадници земјоделци без пари и блокираше 130 милиони евра

Пратеникот на СДСМ, Љупчо Николовски, на денешната седница посветена на пратенички прашања упати прашање до министерот за земјоделство Трипуновски, како и до заменик министерот, кои се однесуваа на суспензијата на ИПАРД-програмата и огромните последици врз македонското земјоделство. Тој побара одговори за застојот на мерката 3, блокираните 130 милиони евра европски средства и одговорност за корупцискиот скандал што ги остави илјадници …

Continue Reading

Пратениците на СДСМ утре ќе поднесат предлог за надзорна расправа и Анкетна комисија за Кочани

Пратениците на СДСМ и Коалицијата утре ќе поднесат предлог до Собранието за надзорна расправа и формирање посебна Анкетна комисија за целосно и независно испитување на трагедијата во „Пулс“ објави претседателот на СДСМ, Венко Филипче повикувајќи ги сите пратеници да ги поддржат. „Пратениците на СДСМ и Коалицијата ги поддржуваат барањата на семејствата на загинатите и повредените во Кочани и утре ќе …

Continue Reading