(Видео) СДСМ најави објавување нови бомби 2.0

Ги спремивме новите бомби 2.0. Најавувам дека утре следува нова. Нов скандал, нова корупциска шема поврзана со членови на владејачката гарнитура. За сè имаме докази, имаме документи и ќе ги презентираме пред јавноста, изјави на денешната прес – конференција претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој најави нов фронт за борба против криминалот на актуелната власт. „Ова е нов фронт, фронт заедно …

Continue Reading

(Видео) Филипче: Нов фронт на СДСМ против корупцијата на власта

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција најави нов фронт на СДСМ за борба против корупцијата.Овој фронт како што кажа Филипче, подразбира две крупни иницијативи, кои означуваат нова етапа со борбата со криминалот, корупцијата, криминалните шеми на ВМРО-ДПМНЕ. Првата иницијатива се однесува на повикот до европската обвинителка Лаура Ковеши да ја посети Македонија, бидејќи како …

Continue Reading

Фатена во криминал до гуша, власта на Мицкоски посегнува по политички прогон, џабе ви е, сите ќе одговарате, порачуваат од СДСМ

Новите бомби ја стресоа Власта на Христијан Мицкоски. Фатена во криминал до гуша за испумпување на парите на граѓаните власта посегнува по политички прогон, велат од СДСМ. „Како што се зголемува бројот на скандали за криминалот на власта така се зголемува нервозата, а со тоа и монтираните процеси, како последниот случај со електричните автобуси во Струмица. Истата криминална матрица на …

Continue Reading

СДСМ за пријавата против Костадинов: Монтиран случај

Фатена во криминал до гуша, власта на Мицкоски посегнува по политички прогон, џабе ви е, сите ќе одговарате, велат од СДСМ, по објавата на веста за кривичната пријава против поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов. „Новите бомби ја стресоа Власта на Христијан Мицкоски. Фатена во криминал до гуша за испумпување на парите на граѓаните власта посегнува по политички прогон. Како …

Continue Reading

Поранешниот министер најави тужби: „Ми го валкаат името со измислици и лажни тврдења“

Поранешниот министер за земјоделство Љупчо Николовски објави дека поради лажни пријави и клевети од ВМРО-ДПМНЕ, ќе преземе соодветни правни мерки. Во својата реакција на Фејсбук тој обвинува дека наместо да се соочат со проблемите во земјоделството, власта се насочила кон напади врз него како опозициски пратеник. Николовски истакна дека укажувал на проблемите со ИПАРД, на неисплатените субвенции и на тешката …

Continue Reading

Куновска по оставките во СДСМ:„Сите дома, тој останува“

Поранешната пратеничка и функционерка во СДСМ, Софија Куновска, на „Фејсбук“ објави критички статус откако вчера, на барање на партискиот лидер Венко Филипче, оставка поднесоа сите членови на раководството на СДСМ – освен самиот Филипче. Во статусот, Куновска поставува низа прашања за тоа дали партијата „драматично тоне“ под негово водство и дали, како што пишува, самостојно ја водел кадровската политика во …

Continue Reading

(Видео) Спасовски: ВМРО-ДПМНЕ гласаше против Анкетна комисија за Кочани – ново разочарување за семејствата

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, изјави дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ гласале против формирање на Анкетна комисија за трагедијата во Кочани, иницијатива поднесена од пратеничките групи на СДСМ и Левица и поддржана од Европскиот фронт. Спасовски посочи дека пратениците кои ја поддржале иницијативата направиле сè што можеле, но, како што рече, владеачкото мнозинство не покажало „ниту емпатија, ниту …

Continue Reading

СДСМ: Дали поради случувањата во Србија, Мицко или Мали Вучко бега од своите бизнис партнери

Најавата дека премиерот Мицкоски од здравствени причини го има откажано учеството на македонско-српскиот бизнис форум што ќе се одржи во Скопје отвора и едно клучно прашање, велат од СДСМ. „Дали поради случувањата во Србија, Мицкоски или така наречниот Мали Вучко бега од своите бизнис партнери? Во исто време, денеска беше потпишан и некаков меморандум за соработка со Србија а не …

Continue Reading

(Видео) Апасиев до Гаши: Со месеци ја држите во фиока информацијата по претставката на родителите од Кочани

На денешната седница на Собранието, пратеникот и претседател на Левица, Димитар Апасиев, откри дека спротивно на Деловникот, веќе неколку месеци не се става на дневен ред информацијата која ја поднел во врска со претставката на родителите на загинатите деца од трагедијата во „Пулс”. „Сакам да ја известам јавноста дека на 7 август 2025 година до Вас како претседател на Собранието, …

Continue Reading