(Видео) Митрески: СДСМ нема да учествува во гласањето за интерпелацијата на обвинителот Коцевски
Интерпелацијата за јавниот обвинител, Љупчо Косевски, нема правни последици и СДСМ нема да учествува во гласањето, одлуката е на обвинителот, изјави пратеникот од СДСМ, Јован Митрески. „Иако нашиот став претходно беше дека ставот во однос на интерпелацијата за работата на Јавниот обвинител ќе го соопштиме од собраниската говорница сепак поради неразумните и нелогични одложувања на седницата со неразумни и нелогични …
Continue Reading
ДУИ со повик до партиите да го поддржат законот за ветинг
ДУИ упати повик до сите политички партии да го поддржат предлог-законот на ДУИ за ветинг. Според партијата, процесот на ветинг е неопходен и клучен за да се изгради довербата на граѓаните во правдата, институциите и државата. „Нашиот став е јасен и непроменлив: им упатуваме повик на сите парламентарни политички партии да го поддржат предлог-законот на ДУИ за ветинг со меѓународен надзор, еден …
Continue Reading
Костадиновска Стојчевска: Законот за верските училишта отвора бројни нејаснотии и институционални проблеми
СДСМ изразува сериозна загриженост по однос на предлог-законот со кој верските училишта добиваат статус на средни училишта, а нивните дипломи стануваат признати за запишување на високо образование. Иако не поднесовме амандмани, оценивме дека во предлог-законот постојат повеќе суштински нејаснотии и недоречености, кои може да отворат нови правни и институционални проблеми, рече пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска, на денешната седница …
Continue Reading
ДУИ: Владата веднаш да ја укине антиуставната и незаконска одлука што ги дискриминира општините и ја исклучува дијаспората
Демократската унија за интеграција изразува загриженост и револт поради како што истакнуваат, дискриминаторската одлука на Владата за намалување на бројот на советници, со што директно се оштетуваат општините во кои значителен дел од населението се Албанци. Од партијата на Ахмети додаваат дека уште во првата недела од својот мандат, оваа Влада презела незаконска и неуставна акција, еднострано менувајќи ја методологијата …
Continue Reading
(Видео) Јанковиќ: ВМРО-ДПМНЕ катастрофлано потфрла во справување со пожарите, лани изгореле 95.000 хектари
Состојбата со пожарите во државата е алармантна. За само едно деноноќие се регистрирани над 50 пожари, а веќе со денови горат планини, шуми и пасишта на повеќе локации низ државата. Гори во Берово, Прилеп, Катланово, Петровец, Кичево, Кратово, Крива Паланка, Желино, Старо Нагоричане, Македонски Брод, вели Јовица Јанковиќ од СДСМ. Владата на ВМРО-ДПМНЕ, додава тој, потфрли целосно во справување со пожарите …
Continue Reading
(Видео) Дебакл на надворешната политика, а Муцунски прави партизација на МНР како филијала на ВМРО-ДПМНЕ, вели Бејта
Од моментот кога Тимчо Муцунски стана министер, сведоци сме за целосен дебакл на надворешната политика и на целосна партизација, непрофесионалност и урнисување на Министерството за надворешни работи како институција, кажа на прес-конференција Фатон Бејта од СДСМ. Според него, под раководство на Муцунски, резултатите на надворешен план се поразителни. „Македонија нема ниту еден успех, само порази и чекор по чекор тоне …
Continue Reading
СДСМ: Македонија гори поради неспособноста на Владата
Повеќе од 100 активни пожари ја зафатија територијата на целата држава, додека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, според СДСМ, не презема ништо за навремена и ефикасна интервенција. „Цела Македонија повторно гори. Поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ, изгоре 20% од вкупната површина на шуми и пасишта“, соопштија од СДСМ, оценувајќи дека се работи за „предавство, а не за патриотизам“. Според партијата, во моментов …
Continue Reading
Шукова и Мојсова на пазарот во Тафталиџе: Ги слушнавме од прва рака проблемите на пазарџиите
Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, денес го посети пазарот во Тафталиџе заедно со Маја Мојосова, кандидатка за градоначалничка на општина Карпош. „Денес бевме на пазарот во Тафталиџе заедно со Маја Мојосова, нашата кандидатка за Карпош. Ги слушнавме од прва рака проблемите на пазарџиите,“ изјави Шукова. Таа посочи дека условите за работа се лоши, особено при екстремно …
Continue Reading
Апасиев со тужба против Собранието и Гаши
Димитар Апасиев, пратеник и претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, вчера поднел тужба до Управниот суд против Собранието и претседателот на парламентот, Африм Гаши. Повод за оваа тужба, како што се наведува во информацијата од Левица, е неделовничко и противзаконско поништување на уредно закажаната Надзорна расправа за трагедијата во Кочани, која требаше да …
Continue Reading