Јанчев од Левица по сообраќајната несреќа: Веднаш пружив помош, но бев мета на политичка хајка
Пратеникот и лидер на Левица, Саше Јанчев, денеска се огласи по повод сообраќајната несреќа во која бил учесник, истакнувајќи дека во настанот се погодени најмалку три семејства и бројни блиски лица, поради што досега, како што вели, свесно молчел. Јанчев нагласува дека не сака да навлегува во детали од несреќата, но чувствувал потреба јавно да се произнесе поради, како што …
Continue Reading
Петти конгрес на ДУИ – Ахмети бара нов историски договор
Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, на денешниот Конгрес на партијата во Скопје најави нов „Национален договор за напредок“ и побара целосен ветинг со меѓународен надзор за сите носители на јавни функции во последните 34 години. Ахмети предложи и воведување на „извршен Бадентер“ при избор на Владата, примена на Бадентеровиот принцип во Уставниот суд и нова фаза на …
Continue Reading
(Видео) Кузеска: Измените на Законот за странци нов доказ за вистината
Овие денови ДПМНЕ-ЗНАМ изгласаа неуставна Резолуција само да ја замолчат опозицијата. Немаат како да се борат со вистината, за една голема тема, мигранти за пари. Па сакаат да воведат цензура против слободата на говорот. Но вистината не може да се сокрие, вистината секогаш излегува и секогаш победува, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. Таа вели дека денеска објавува нов доказ …
Continue Reading
(Видео) СДСМ поднесе иницијатива во Уставниот суд против Резолуцијата за мигрантите
Уставниот суд да ја поништи неуставната Резолуцијата и да го заштити Уставот и слободата на говор, побараа повторно од СДСМ. „Кога Уставниот поредок и основните човекови права се загрозени, потребна е заедничка акција. Денеска СДСМ поднесе иницијатива до Уставниот суд против неуставната Резолуција на ДПМНЕ-ЗНАМ усвоена во Собранието. Конкретно, за повреда на дел 1 од Уставот, членот 16, кој ги …
Continue Reading
Измените на Кривичниот законик се само уште едно „крпење“ на правниот систем, велат од ЛДП
Либерално-демократската партија (ЛДП) изразува сериозна загриженост и негодување во однос на најновите предлог-измени на Кривичниот законик кои се најдоа пред пратениците во Собранието на почетокот на неделата. Иако навидум изгледа дека се предлагаат решенија за заострување на казните и санирање на штетите направени во минатото, сметаме дека ова е само уште едно од многуте „крпења и закрпувања“ на правниот систем, …
Continue Reading
СДСМ: Заедно со граѓаните и со опозициските политички партии отвораме фронт за правда
„Со неуставна Резолуција ДПМНЕ-ЗНАМ сакаат да ја задушат демократијата и слободата на говор во Македонија. Целта е по секоја цена да се обидат да ја замолчат опозицијата да зборува за темата мигранти и нивниот договор. Со забрани и закани за кривични пријави да нема дебата за она што тајно го договориле далеку од очите на јавноста“, велат од СДСМ. „СДСМ …
Continue Reading
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ. „Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата …
Continue Reading
СДСМ: Уште еден доказ, Мицкоски го зеде судството во свои раце па се фали со добиени пресуди
Христијан Мицкоски го зеде судството и обвинителството во свои раце па сега се фали со добиени судски пресуди против СДСМ, реагираат од опозициската партија. „Па нормално дека Мицкоски добил пресуда. Но баш чудно, зошто токму денес го објавува овој голем „успех“ на судството на Мицкоски? Токму кога најавивме иницијатива до Уставниот суд за неуставната Резолуција со која сакаат да ја …
Continue Reading
СДС намерно шири паника, Резолуцијата не ја гуши слободата на говор, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Наводите на СДС дека усвоената Резолуција е неуставна и дека ја нарушува слободата на изразување претставуваат грубо неразбирање или свесна злоупотреба на уставно-правната природа на овој акт, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Резолуцијата е политички акт на Собранието, со декларативен карактер, преку кој законодавниот дом изразува став, оценува појави од јавен интерес и утврдува политички позиции. Таа не е закон, не е …
Continue Reading