(Видео) „Што и да прашаме вие ќе дефокусирате, ќе кажувате Венко, Заев, влијание, вака, така“, Филипче обвини дека Владата одговара на прашањата
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и пратеник, Венко Филипче, на денешната седница за пратенички прашања, укажа дека по речиси две години од владата, премиерот Мицкоски и Владата на ВМРО-ДПМНЕ немаат дадено конкретен одговор на ниту едно суштинско прашање што ги засега граѓаните, туку континуирано користат дезинформации за да ја дефокусираат јавноста од нивната неспособност и криминални зделки. „Што и да …
Continue Reading
(Видео) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните
Со небулози не можат да се покријат системските пропусти за нефункционирањето на јавниот превоз, констатираше советничката од редовите на партијата Левица во Град Скопје Евгенија Станкоска, коментирајќи ги предлог програмите на градоначалникот Орце Ѓеорѓиевски кои предвидуваат проекти за подигање на свеста за користење на јавниот превоз. „Искрено, не сметам дека е соодветно да се троши време на банална програма. Сакам …
Continue Reading
(Видео) Филипче до Мицкоски: Граѓаните ли се „талог“ затоа што ја критикуваат власта?
Претседателот на СДСМ Венко Филипче на денешната седницата за пратенички прашања во Собранието, го праша премиерот Христијан Мицкоски дали кога зборува за „талог на општеството“ мисли на граѓаните. Филипче од говорница јавно рече дека секојдневните поплаки, прашањата и проблемите се реални гласови на граѓани кои живеат тешко и кои заслужуваат почит, а не навреди. „Да ги изнесам констатациите на граѓаните …
Continue Reading
„Заев не е политички активен веќе 5 години, зошто ВМРО-ДПМНЕ упорно ни се обраќаат со прашања за слободен граѓанин на Македонија“, прашува СДСМ
„ВМРО Ванчовистичка не може, или можеби не сака да сфати дека Зоран Заев не е политички активен веќе пет (со букви), нагласуваме 5 години (со бројка). Ако треба да дојдеме и да им го нацртаме тоа – тука сме. Затоа не разбираме, или премногу добро разбираме (дефокус), зошто упорно ѝ се обраќаат на СДСМ со прашања за слободен граѓанин на …
Continue Reading
СДСМ обвини за политички прогон и дефокус со кривични пријави
Од СДСМ денеска обвинија дека поднесувањето кривични пријави претставува обид за дефокусирање на јавноста од, како што наведуваат, криминалите на ВМРО-ДПМНЕ. Во соопштение до јавноста, од СДСМ посочуваат дека, според нив, секогаш кога владејачката партија е „фатена во криминални тендери, поскапа струја, мигранти за пари или резолуции против слободата на говор“, се користат методи за одвлекување на вниманието преку лажни …
Continue Reading
Тренчевска: Разрешувањето на Муртезани не е реформа, туку политичка шминка
Разрешувањето на министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, не е реформа. Тоа е политичка шминка. Обид да се создаде впечаток дека нешто се менува, додека суштински, ништо не се менува.Проблемот е во владата како целина, во нејзината неспособност, недостиг на визија и бегање од одговорност, се менува Муртезани ама изолацијата од ЕУ останува, рече потпреседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, на …
Continue Reading
СДСМ: „Манасије српски“, првиот македонски бот
Во Србија, Александар Вучиќ осмисли посебна функција во партијата кога не знаеше што да прави со луѓето кои ништо конкретно не знаеја да работат, само филозофираа, па ги нарече „ботови“, велат од СДСМ во партиското соопштение осврнувајќи се на работата на Валентин Манасијевски од ВМРО-ДПМНЕ. „Бот е скратеница од „робот“ и означува луѓе кои се „подесуваат со софтвер“ да извршуваат …
Continue Reading
Апасиев: Очекувам едногласно усвојување на заклучоците за трагедијата во Кочани
Пратеникот и претседател на Постојаната анкетна комисија за слободата и правата на граѓанинот, во Собранието на Македонија, Димитар Апасиев информира дека до пратеничките групи доставил Предлог-заклучоци од одржаната комисиска седница по повод поднесената претставка од родителите на загинатите деца во трагедијата во Кочани. „Очекувам истите да бидат едногласно усвоени на првото продолжение на V-та седница на Постојаната анкетна комисија“, се …
Continue Reading
(Видео) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани, таков буџет предлага Георгиевски
Утре, Советот на Град Скопје одлучува како ќе се трошат и за што парите на скопјани за 2026 година. Исто како на централна власт така и во Скопје, ВМРО Ванчовистичка наместо парите да ги насочи за скопјани и подобрување на нивниот живот во градот, парите се за тендери и партизација, ништо друго, истакна на прес-конференција Кети Штерјова, советничка во Скопје …
Continue Reading