СДСМ: Левица повеќе не крие дека е руска партија

„Димитар Апасиев се сретна со Генадиј Зјуганов, претседателот на Комунистичката партија на Руската Федерација. Човек од црната листа на Америка. Договорија продлабочување на соработката. Нема повеќе маски. Нема „автентична левица“. Има средба со шефот на руската партија што ја поддржува војната, што ги брани интересите на Кремљ и што работи против НАТО и ЕУ“, велат од СДСМ. „Во земја членка …

Continue Reading

(Видео) Левица: ДПМНЕ го одби амандманот за поддршка на малите бизниси и претприемништво

Левица поднесе амандман на ребалансот на Буџетот со кој побара зголемување на средствата за финансиска поддршка на претприемништвото, отворање нови бизниси и развој на микро, малите и средните претпријатија. Амандманот беше одбиен од ДПМНЕ, информираат од оваа партија. Во своето образложение, пратеникот од Левица Амар Мециновиќ посочи дека постојат сериозни индиции дека во изминатата година не функционираат редовните програми на …

Continue Reading

Цветановски од ЛДП: СТОП за новото лудило на Владата – народот гладува, администрацијата расте

Крајно е неприфатливо Владата да отвора пат за ново зголемување на администрацијата додека граѓаните едвај го преживуваат месецот, бројат денари за храна и сметки и се прашуваат како да ги прехранат своите семејства, вели Дејанчо Цветановски член на ИО на ЛДП. Според него, наместо да инвестира во дигитализација, вештачка интелигенција и поефикасни институции, власта ризикува да создаде уште поскап систем …

Continue Reading

(Видео) СДСМ: Власта го одби амандманот за зголемување на минималната плата на 22.000 вработени

Пратениците од власта го одбија амандманот на СДСМ со кој се предлага зголемување на средствата за плати и придонеси, со цел да се обезбедат финансиски услови за зголемување на минималната плата на околу 22.000 вработени кај буџетските корисници, реагираат од оваа партија. Амандманот го образложи пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на седницата на Комисијата за финансирање и буџет, на која …

Continue Reading

(Видео) Филипче: Парите за гасификација паѓаат од 1,8 милијарди на 12 милиони денари, остануваме ли зависни од рускиот гас

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, укажа дека власта со вториот ребаланс крати пари од важни ставки за проекти и услуги, додека јавниот долг и дефицитот остануваат на високо ниво. Филипче посочи дека Владата ги крати средствата за гасификација од 1,8 милијарди денари на само 12 милиони денари, додавајќи дека ова драстично намалување отвора сериозни прашања за енергетската …

Continue Reading

Левица: Иницијатива за отстранување на трговските бариери за пласман на македонските земјоделски производи на рускиот пазар

Македонија и Руската Федерација беше централната тема на денешната средба на парламентарната делегација на Левица со претставници на Комунистичката партија на РФ во Државната дума во Москва. Приоритет на официјалните разговори беше обновувањето на пристапот до рускиот пазар за македонското овошје, зеленчук и вино, како и олеснувањето на снабдувањето со минерални ѓубрива и други земјоделски репроматеријали. На средбата учествуваа пратениците …

Continue Reading

(Видео) Филипче: Буџетот е во катастрофална состојба, недостигаат 900 милиони евра, Мицкоски прави ребаланс за пополнување дупки

Буџетот е во катастрофална состојба, во него недостигаат 900 милиони евра, а вториот ребаланс е признание за лошото водење на финансиите и економијата од Владата на Мицкоски, истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче посочи дека дополнително недостигаат средства и во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, поради што се отвора прашањето од кои извори ќе се …

Continue Reading

Апасиев на средба со Зјуганов: Левица и КПРФ договорија продлабочување на соработката

„Во деновите кога ја славиме Октомвриската револуција – претседателот на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, потпретседателот на Партијата м-р Реџеп Исмаил – Хактан и членот на Президиумот м-р Александар Симонов, денес во Москва, во Државната дума на Руската Федерација, остварија официјална средба на највисоко политичко ниво со д-р Генадиј Зјуганов, долгогодишен претседател на опозициската Комунистичка партија на Руската Федерација (КПРФ)“, …

Continue Reading

(Видео) Филипче со жителите на Босилово: Рудник Иловица – Штука нема да има, нема да дозволиме Мицкоски да ја распродава земјата

Претседателот на СДСМ Венко Филипче и пратениците Јована Тренчевска, Борче Цветков и Миле Цеков вечерва остварија средба со жителите од општина Босилово. „Ова не е партиски собир, ова не е собир на членови на СДСМ, овде се присутни граѓани коишто се членови на други политички партии, дури и на ВМРО, меѓутоа и граѓани коишто не членуваат во политички партии и …

Continue Reading