(Видео) Кузеска: Додека народот се гуши во канцерогени честички, власта на Мицкоски се занимава со измислени приказни за хибридни напади
Владата вчера го потврди скандалот кој го објавивме и призна дека среде најголеми пожари 400-те пожарникари, кои помпезно ги најавуваше за ПР сè уште не ја добиле ниту првата плата, рече денеска прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ. Кузеска оцени дека „изговорите дека допрва ќе се исплателе се празно оправдување и потценување на граѓаните“. „Млади луѓе, кои со месеци се …
Continue Reading
(Видео) Филипче: Се потврди труењето во Трубарево, барам истрага и оставки од надлежните министри
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска ја обвини Владата дека лажела и доцнела со реакција во врска со загадувањето на воздухот во Трубарево по неодамнешниот пожар, со што, како што рече, директно е одговорна за труењето на жителите од ова и околните населени места. „Со тие лаги е директно одговорна за труењето на луѓето во Трубарево и околината. Официјалните податоци, …
Continue Reading
Кузеска: Изборниот процес ја блокира исплатата на 400 лица кои беа ангажирани за гаснење пожари
Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, денеска на прес-конференција изјави дека околу 400 пожарникари ангажирани преку општините, не добиле плата. Таа истакна дека овие лица, кои во август беа примени со ветување за месечен надоместок од 24.000 денари, обуки и можност за трајно вработување, до денес, заклучно со 17 септември, сè уште немаат добиено ниту една плата. Според информациите, исплатата е …
Continue Reading
Панел дискусија: За предизвиците со домувањето кај младите мора да се делува надпартиски
Потпретседателката на СДСМ Каја Шукова, пратеникот од Левица Амар Мециновиќ, универзитетскиот професор Горан Марковски, потпретседателката на Европската мрежа против сиромаштија Билјана Дуковска, секретарката на Универзитетското студентско собрание на УКИМ Адела Асани и членот на Регулаторна комисија за домување Башким Алили, вчера учествуваа на панел дискусијата „Домот е основна потреба, а не привилегија – локални политики за младите“ во организација на …
Continue Reading
СДСМ: Советници открија дива депонија во Илинден, наместо расчистување, добија закани од власта
Кандидати за советници од редовите на СДСМ и Коалицијата денеска наутро алармираа за постоење на дива депонија во с. Миладиновци, општина Илинден, и предупредија дека постои сериозен ризик ситуацијата со загадувањето од Дрисла и Вардариште да се прошири и во овој регион. Советниците објавија видеа и фотографии на своите профили на социјалните мрежи, а доказите ги доставија и до директорот …
Continue Reading
(Видео) Нов скопски саем во Бутел и голем парк покрај него е првото ветување на скопјани од Мециновиќ
Амар Мециновиќ, кандидат за градоначалник на Скопје од редовите на партијата Левица, преку социјалните мрежи најави изградба на нов скопски саем во северниот дел на градот, во Општина Бутел, покрај обиколницата и булеварот Христјан Тодоровски Карпош. „Скопје го загуби саемот поради сите претходни власти кои не успеаја да ги зачуваат и надоградат капацитетите за новите генерации. Наместо тоа, денес тој …
Continue Reading
Османи: Обвинувањата за коалиција со Левица се очајнички обиди
Кандидатот за градоначалник на Чаир од ДУИ, Бујар Османи, ги оцени како очајнички обвинувањата дека ДУИ наводно има коалиција со Левица. Тој изјави дека ваквите конструкции се обид на ВЛЕН да подготви оправдување за можен изборен пораз. Османи нагласи дека ДУИ настапува обединето преку Националната алијанса за интеграција, која, според него, ја претставува волјата на мнозинството Албанци. Тој порача дека …
Continue Reading
(Видео) Жените не смеат да живеат во страв, институциите мора да преземат мерки за превенција и спречување на насилството, вели Тренчевска
Пратеничката од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Јована Тренчевска, на денешната прес- конференција во Собранието, во име на Клубот на жени пратенички, повика на доследно почитување на законите, навремена и ефикасна реакција од сите надлежни институции за заштита, спречување и превенција од насилство врз жените. Тренчевска посочи дека Клубот на пратенички едногласно ги поддржа измените на Кривичниот законик, со кои фемицидот …
Continue Reading
ДОМ: Фемицидот во Велес е резултат на институционален колапс, бараме одговорност и системски промени
Зелената партија ДОМ, како што соопшти, најостро реагира на монструозното убиство на младата Росица и нејзиниот татко во Велес. Според оваа партија, не станува збор за „индивидуална трагедија“, туку за директна последица на институционалниот колапс. „Кога полицијата, обвинителството, судството и центрите за социјална работа не постапуваат согласно законските надлежности, тогаш може да се зборува за поддршка која води кон репродукција …
Continue Reading