Илиевски: Дали за торба пари Мицкоски продаде државни тајни?

Потпретседателот на СДСМ, Методија Илиевски, денес одржа прес-конференција на која ја истакна загриженоста на партијата за одбивањето на Христијан Мицкоски и директорот на АНБ, Бојан Христовски, да ја дексласифицираат документацијата која би требала да го потврди случајот со наводното следење на Мицкоски. „Веќе втора недела Мицкоски и Христовски одбиваат да откријат информации кои се клучни за довербата на граѓаните во …

Continue Reading

Учениците се оставени без учебници, родителите печатат материјали од Вибер, реагираше СДСМ

Образовниот систем во Македонија ја почна хаотично новата учебна година, откако се покажа дека учениците немаат учебници, иако од ВМРО-ДПМНЕ го ветуваа спротивното. „Иако во предизборните ветувања беше кажано дека сите ученици ќе добијат нови учебници, вистината е сосема поинаква. Самата министерката Јаневска призна дека учебници нема, иако се потрошени над 11 милиони евра од буџетот на граѓаните“, истакнуваат од …

Continue Reading

Ѓолека, Јаоски и Азизи влегуваат во трка за градоначалници, сподели Али Ахмети

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, вчера ја свика 23-та седница на Централното претседателство на партијата, каде се дискутираше за актуелните политички случувања, мобилизацијата на Националната алијанса за интеграција и претстојниот референдум закажан за 19 октомври. На седницата едногласно беа усвоени три нови кандидатури за градоначалници: Фламур Ѓолека за Долнени, Али Јаоски за Пласница и Исамедин Азизи за …

Continue Reading

(Фото) Левица: Учениците во „Ѓорѓија Пулевски“ учат во подруми со влага и смрдеа

Учениците од шесто одделение во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во општина Аеродром наставата ја следат во подрумски простории со влага, непријатна миризба и без природна светлина, реагираат од партијата Левица. Од таму посочуваат дека ваквите услови се недостоинствени за било кое училиште, а не за основци кои треба да учат во здрава средина. „Овие услови се недостоинствени дури ни за …

Continue Reading

Шукова: „Граѓаните не бараат чуда, туку јавен превоз што функционира“

Кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, денеска предупреди дека јавниот превоз во главниот град се наоѓа во состојба на целосен колапс, со што секојдневно се соочуваат десетици илјади граѓани, ова Шукова го разговараше со претставници на приватните превозници. „Граѓаните се оставени без автобуски линии, особено во делови од градот како Маџари, Ново Лисиче, Сарај и Аеродром. Линиите …

Continue Reading

(Видео) Утната процедура е можна причина за одложување на седницата за прислушувањата, Петровска бара декласификација

Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, денеска на прес-конференција оцени дека власта намерно прави деловнички грешки со закажувањето на седницата на Комисијата за надзор на работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање. Петровска посочи дека таа била известена да претседава со седницата закажана за денес, но утрово добила известување од претседателот на Собранието дека седницата е одложена. …

Continue Reading

(Видео) Шукова вели дека има решение за Вардариште

Дивата депонија Вардардиште пак гори и ги труе скопјани. Еколошка бомба, закана за над 150.000 граѓани од Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода но и за цело Скопје. Четири години неспособната локална власт на ДПМНЕ не успева да реши една дива депонија што шири зараза и смрт. Ова е врв на неработење, негрижа и криминална рамнодушност, изјави Каја Шукова, кандидатка за …

Continue Reading

СДСМ: Мицкоски и Орце ќе продолжат со дивоградбите во Чаир и Скопје

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски уште еднаш го покажаа вистинското лице, заштита на криминалот со дивоградбите во Чаир и урбаното дивеење, велат од СДСМ. „Со изјавата дека нема да го следи примерот на албанскиот премиер Еди Рама и нема да руши дивоградби во Чаир, Мицкоски јавно призна дека нема намера да стави ред во хаосот со бесправната градба во Скопје туку …

Continue Reading

(Видео) СДСМ: Неетички чин на министерот Филков, судир на интереси или кражба на труд?

„Министерот за правда, Филков, има намера да магистрира на тема „Креирање на стратегии во сферата на правосудството како надлежност на министерот за правда“. Овој скандалозен потег, иако навидум е академски, е всушност крајно непримерен и не споив со високата јавна функција што тој ја извршува. Министерот за правда магистрира на тема за сопствени надлежности“, рече Јовица Јанковиќ, потпретседател на СДММ. …

Continue Reading