(Видео) Филипче: Државата ризикува нови услови за отворање на преговорите
На денешната седница на Националниот совет за евроинтеграција, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати сериозни критики за состојбата со реформите и европскиот пат на државата, нагласувајќи дека Македонија стои во место, а владата нема политичка волја за суштински реформи. „Јасно кажува овој извештај, дека реформи нема, го губиме времето. Ова е еден од најлошите извештаи кои што државата го добила. …
Continue Reading
„Власта веќе нема изговори – надзорна расправа и анкетна комисија за Кочани мора да има“, порача Мојсоска
Пратеничката од партијата Левица, Јована Мојсоска, денеска, на нејзиниот Фејсбук профил, порача дека власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема повеќе ниту еден аргумент да го одлага одржувањето на надзорна расправа за трагедијата во Кочани, имајќи предвид дека обвинителниот акт е поднесен пред повеќе од еден месец. „Власта е на потег… Надзорна расправа за трагедијата во Кочани мора да се одржи, а …
Continue Reading
(Видео) Јанков од партијата Левица: Скопјани ќе платат 40 милиони дури и да нема снег
Советникот од Левица, Андреа Јанков, на седницата на Советот на Град Скопје предупреди дека предложената Програма за зимско одржување на магистралните и собирните улици за 2025 и 2026 година содржи сериозни нелогичности и финансиски ризици по градскиот буџет. „Имено, во програмата се појавува измислен параметар од 4,8 ефективни часа, кој не постои во ниту еден технички стандард и овозможува да …
Continue Reading
(Видео) Младеновска: Недозволив молк за најстрашниот скандал со операциите, дали власта се обидува да го заташка?
„Поминуваат денови од откривањето на еден од најстрашните скандали во македонското здравство со непотребни операции на срце направени во приватни клиники. Наместо експресна реакција, наместо објавување на сите информации, наместо одговорност власта со денови молчи“, кажа денеска на прес-конференција Рената Младеновска, членка на Извршниот одбор на СДСМ. „Сè уште нема изнесено целосни информации пред граѓаните, не е објавен извештајот, инволвираните, …
Continue Reading
Костадиновска Стојчевска: За 91% е намален буџетот за инспекторатот за македонски јазик
Со предлог буџетот за 2026 година има намалување на буџетот на инспекторатот за македонски јазик за 91 %, кој е заснован врз основа на законот за македонски јазик, која сите заедно го донесовме во 2024 година, истакна пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска во своето обраќање пред собраниската комисија за финансирање. Таа додаде дека и покрај тоа што владеачкото мнозинство …
Continue Reading
Лукаревска: Во Буџетот нема мерки за раст на платите
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на комисиската расправа , предложениот буџет го оцени како неконзистентен, нереален и директно штетен за економијата и граѓаните. Таа нагласи дека буџетот не содржи никакви политики за зголемување на платите, ниту мерки за справување со сè поголемата сиромаштија. „Цените растат, граѓаните должат повеќе, а примаат исто. Наместо да живеат подобро, тие повторно плаќаат повеќе“, рече …
Continue Reading
(Видео) Цветановски: Зошто за шокантниот скандал со операциите веднаш не се поднесени кривични пријави, кој дал индикација?
„Се случи еден од најголемите и најшокантни скандали во здравството, откриени се најмалку 10 непотребни операции на срце. Но се уште нема кривични пријави и нема целосни информации во јавноста. Како е можно за ваков скандал без преседан, министерот да го презентира случајот на ваков начин, без целосни информации и без никакви пријави?“, праша денеска на прес-конференција, Симона Цветановски, членка …
Continue Reading
(Видео) Тренчевска: Владата крати пари за најранливите во Буџетот, социјалната заштита под удар
Пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, во своето обраќање пред собраниската Комисија за финансирање и буџет истакна дека предлог-буџетот за 2026 година кој го предлага Владата не само што не обезбедува фискална консолидација, туку ја продлабочува фискалната нестабилност и создава сериозни ризици за економијата и граѓаните. Наместо реални реформи и стабилност, буџетот нуди нереални проекции, енормно задолжување и директно прекршување на …
Continue Reading
Кренар Лога се повлече од Алијансата за Албанците и од сите партиски функции
Поранешниот министер за правда, Кренар Лога, објави дека се повлекува од партискиот живот и од сите функции што ги извршувал во Алијансата за Албанците. Лога истакна дека ова не била лесна одлука, бидејќи во партијата вложил енергија, срце и душа. Тој се заблагодари на соработниците, членовите и активистите, наведувајќи дека во изминатите десет години запознал посветени луѓе и искрени пријатели. …
Continue Reading