700 наместо 200 луѓе на концертот на Аца Лукас , СДСМ бара истрага и одговорност

СДСМ реагира поради приведувањето на српскиот пејач Аца Лукас, потенцирајќи дека на концертот имало преку 700 посетители во локал кој по закон не смее да прими ниту 200 лица. Според партијата, ова покажува дека и полицијата на Тошковски и општината на Митко Јанчев биле запознати со настанот, знаеле дека нема безбедносни услови за негово одржување, но не презеле ништо, дозволувајќи …

Continue Reading

СДСМ: Трипуновски бега од одговорност за суспензијата на ИПАРД-средствата

Две недели по обелоденувањето на, како што го нарекува СДСМ, „мега-скандалот со ИПАРД-средствата“, министерот за земјоделство Љупчо Трипуновски и понатаму не дава одговори на клучните прашања поврзани со суспензијата на европските фондови, соопштија од партијата. Од СДСМ реагираат дека на нивното официјално барање за информации, министерот доставил само „општи законски рамки и цитати од регулативи“, без конкретни податоци за причините …

Continue Reading

Единствена Македонија: Уставниот суд се мајтапи со народот

Единствена Македонија најостро реагира на денешното соопштение на Уставниот суд со кое на отворена сцена се мајтапат со народот пишувајќи дека судијката Добрила Кацарска е судијка со интегритет, самостојност и независнот, велат од партијата. „А што може да се очекува од еден Уставен суд кога сите уставни судии се дојдени во овој суд по линиии кои немаат никаква врска со …

Continue Reading

(Видео) „Власта ги одби амандманите за прогласување на Кожуф и Огражден за заштитени подрачја“, велат од партијата Левица

Пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, на седницата на Комисијата за финансирање и буџет, ги образложи амандманите со кои пратеничката група повторно предложи да се издвојат по 200.000 евра во Буџетот за 2026 година за изработка на студии за валоризација на планините Кожуф и Огражден – како прв чекор кон нивно прогласување за национален парк, односно заштитено подрачје. И покрај образложението …

Continue Reading

СДСМ: Со милошевичко – орбанистички пристап, власта го загрози проектот „Скопје – Европска престолнина на културата“

Од ВМРО-ДПМНЕ да не се прават на Тошо. Ако денес го признаваат хаосот во проектот „Скопје – Европска престолнина на културата“, тогаш нека кажат и кој го создаде тој хаос. Муцунски, Орце Ѓорѓиевски и Љутков се на власт. Тие го заглавија проектот, го водеа спротивно на закони, без транспарентност, без консултации и без вклучување на културниот сектор. Денес сами признаваат …

Continue Reading

Пренџов: СДС го користеше судството за свои политички цели

Љупчо Пренџов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната комисиска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година нагласи дека за време на владеењето на СДС биле предложени законски решенија преку кои биле поставувани партиски кадри во Судскиот совет, институција која ги избира, именува и казнува сите судии во државата. „Во Собранието предлагавте законски решенија, во кој што стававте партиски кадри, од …

Continue Reading

Левица: Власта го одби амандманот за зголемување на противпожарните капацитети

На денешната собраниска комисија, пратениците од владејачкото мнозинство го отфрлија амандманот по предлог-Буџетот за 2026 година, со кој се предвидува зајакнување на противпожарната заштита, соопштија од Левицата. Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил Хактан, во своето излагање истакна дека во овој предлог-Буџет се предвидени само 16 милиони евра за противпожарна заштита, иако опремата со која располага Македонија не само што е …

Continue Reading

Зошто ВМРО-ДПМНЕ молчи за Никола Груевски, прашуваат од СДСМ

Скандалозните ставови на претседателката Давкова дека „не било време за реформи“ поради тоа што во Европа имало војни е политичко ехо на пораките на Никола Груевски, кој само неколку дена претходно од Будимпешта испрати идентичен наратив, велат од СДСМ. Прашуваат зошто ВМРО-ДПМНЕ молчи за Никола Груевски. „Ова е доказ дека Груевски и понатаму ја води партијата од Будимпешта, а Мицкоски …

Continue Reading

(Видео) Филипче: Тоа што ВМРО-ДПМНЕ изгуби 140.000 гласа е заслуга и на опозициското делување на СДСМ

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на новинарско прашање категорично ги отфрли шпекулациите за каков било „скриен договор“ со ВМРО-ДПМНЕ, нагласувајќи дека опозициското делување и реторика на СДСМ е едно од клучните причини за значајниот пад на поддршката на владејачката партија. „Во однос на некаков скриен договор со ВМРО-ДПМНЕ или тоа дека ние немаме доволно силна опозициска реторика …

Continue Reading