Владата планира дата-центри, а сè уште нема функционална климатска политика, велат од ДОМ

Најавата на министерот Стефан Андоновски за Национален дата-центар во Бунарџик од 20 милиони евра, но и преговорите со приватни инвеститори за изградба на комерцијални дата-центри во земјава, покажаа дека Владата не планира еден изолиран објект, туку развој на цела нова индустриска гранка, чии последици мора да се планираат навреме, реагираат од ДОМ. ДОМ предупредува дека е недозволиво е да се …

Continue Reading

Заштедите на граѓаните не смеат да бидат доведени во ризик, порачуваат од Алијанса за Албанците

Последните случувања со „Алта банка“ во Битола нè потсетуваат на горчливите искуства од минатото. Граѓаните не го заборавиле скандалот со штедилницата ТАТ во 1997 година, ниту пропаѓањето на Еуростандард банка во 2020 година. Во двата случаи, последиците ги почувствуваа луѓето кои со години работеле и штеделе, истакнуваат од Алијанса за Албанците. Денес, додаваат од оваа партија, повторно имаме граѓани кои …

Continue Reading

(Видео) Славески вели не знаел чија е „Алта банка“, како тогаш и дал дозвола, по налог на Мицкоски, прашува Димитријевиќ

Гувернерот Трајко Славески вчера изјави дека не знаел чија сопственост е „Алта банка“ Белград, дека не знае колкав процент е сопствеништвото и тоа не го интересирало. Kако тогаш дал дозвола за влез на банката во Македонија? По налог на Мицкоски? Заради бизнис интересите и перењето пари со Вучиќ, праша денеска на прес-конференција Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретар на СДСМ. …

Continue Reading

(Видео) СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ: Време е за политичка одговорност за ширењето омраза и величењето воени злосторници

СДСМ поднесе интерпелација за поранешниот вицепремиер, сега министер за локална самоуправа во владата на Мицкоски – Иван Стоилковиќ, изјави Митко Трајчулески, пратеник од СДСМ. „Време е за политичка одговорност на еден од извршителите на Вучиќ, на кинеските и руски агенди, за ширењето омраза и величењето воени злосторници. Основите на интерпелацијата се јасни: недозволиво и недолично однесување кон пратениците со што се …

Continue Reading

ЛДП: Славевски и Владата тотално забегаа! Сѐ уште мислат дека со 10.000 денари неделно народот живее луксуз?!

„Трајко Славески и владината елита целосно ја загубиле секаква допирна точка со секојдневниот живот и маката на македонскиот народ! Излегувањето во јавност со цинично оправдување дека ограничувањето од 10.000 денари неделно за клиентите на заглавената АЛТА банка било „повеќе од доволно“, затоа што се усогласувало со просечните плати и пензии, е врв на политички цинизам и институционален аутизам“, велат од …

Continue Reading

Левица: ДПМНЕ не може да ги натера сопствените кадри да соработуваат, па го укинува законот за координација на тајните служби

„Владата на Мицкоски приредува вистински апсурд во еден од најчувствителните сегменти на државниот апарат – националната безбедност. Со предлогот за укинување на Законот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница, ДПМНЕ практично признава дека не успеала да воспостави функционална соработка меѓу службите со кои раководат кадри именувани од самата власт. Уште поскандалозно, Министерството за внатрешни работи, предводено од Панче Тошковски, во образложението …

Continue Reading

ДУИ: Случајот со Алта банка отвора прашања кои одат многу подалеку од проблемите во една банка

Случајот со Алта банка отвора прашања кои одат многу подалеку од проблемите во една банка. Станува збор за управувањето со јавните средства, финансиската безбедност на државните институции и можната поврзаност меѓу политичките одлуки и банкарските интереси, велат од ДУИ. „Фактот дека Народната банка мораше да воведе привремена администрација и ограничувања во располагањето со средствата, додека јавни институции и претпријатија се …

Continue Reading

ЛДП: Шлаканица за сите жени – дали „машкиот надзор“ е новата владина политика?!

„Некаков средновековен „машки надзор“ е скандал од невидени димензии, реагира со огорченост Либерално-демократската партија (ЛДП) на огласувањето на коалициониот партнер на власта на национална телевизија, со отворено оправдување на насилството врз жените! Ова е директен атак врз достоинството, слободата и безбедноста на секоја жена во Македонија. Го прашуваме Премиерот да одговори веднаш: дали ова е официјалниот став на Владата и …

Continue Reading

„ДПМНЕ и Славески им одредија џепарлак на граѓаните од нивните сопствени пари во АЛТА банка“, велат од Левица

„Додека гувернерот Трајко Славески ја уверува јавноста дека АЛТА банка Битола е ликвидна и високо капитализирана, илјадници граѓани се соочуваат со ограничен пристап до сопствените пари. Со одлука на Народната банка, на физичките лица им е наметнат неделен лимит од 10.000 денари, експозитурите се затворени, а електронското банкарство е недостапно!“, велат од партијата Левица. „Славески пресметал дека 10.000 денари неделно …

Continue Reading