(Фото) Нови калистеника-зони во Долно Лисиче и Ново Лисиче во општина Аеродром
Новата калистеника-зона во Долно Лисиче веќе е поставена, а градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска изврши увид на локацијата кај спортскиот терен „Никола Христовски – Кољо“ во Ново Лисиче, каде што се поставуваат нови, современи справи за вежбање на отворено. Покрај новите локации, Аеродром веќе го има и својот прв, најсовремен парк за калистеника, покрај булеварот „Србија“ во населбата …
Continue Reading
Герасимовски: Центар е лидер во локалната енергетска транзиција, до крајот на мандатот сите образовни објекти ќе добијат фотоволтаични централи
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, учествуваше на панел-дискусијата „Кој ја обликува праведната зелена транзиција“, во рамки на Социо-еколошкиот форум во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“, каде ги претстави локалните политики и конкретните чекори што ги презема општината за енергетската транзиција, заштитата на зеленилото и унапредувањето на јавните простори. Тој посочи дека општината со формирањето на „Енергија Центар“ во 2023 …
Continue Reading
Денеска без струја дел од општина Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од Горно Соње, лоцирани во околината на црквата Свети Никола, општина Сопиште.
Continue Reading
Делови од општините Студеничани и Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска се најавени следните прекини во водоснабдувањето и тоа: – поради чистење на резервоарот во Батинци, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Батинци, општина Студеничани. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности; – поради исклучување на стара водоводна мрежа Ф 2“на улица Чаирска бб. Со прекинато водоснабдување …
Continue Reading
Утре без вода Батинци и повеќе улици во Чаир
Поради планирани работни активности на водоводната мрежа, утре (27 октомври) без вода ќе останат корисници во Батинци и на повеќе улици во скопската општина Чаир, информира Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Скопје, повикувајќи се на известување од ЈП „Водовод и канализација“. Поради чистење на резервоарот во Батинци, водоснабдувањето во ова населено место во општина Студеничани ќе биде …
Continue Reading
(Видео) „Филипче и Горан Бетон Герасимовски, ова ли е вашата визија за Центар“, праша Банов
„Денес сме на улицата „Јордан Мијалков“, пред уште еден пример за урбанизација што отвора прашање за хуманото живеење во Центар. Згради оддалечени едвај неколку метри, недостиг од паркинг и речиси никакво зеленило. На жителите им се одземаат просторот, приватноста и условите за достоинствен живот“, кажа Лазар Банов, потпретседател на ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ. „Господине Бетон Герасимовски, заедно со вашиот ментор …
Continue Reading
Финансиската помош за пензионерите во Центар зголемена од 2.500 на 5.000 денари, ветувањето е исполнето, порача Герасимовски
Општина Центар објави јавен повик за еднократна финансиска помош за пензионерите во социјален ризик. Годинава помошта е удвоена, од досегашните 2.500 на 5.000 денари. „Во предизборната програма ветив дека ќе ја удвоиме финансиската помош за пензионерите и тоа ветување го исполнуваме. Нашите повозрасни сограѓани заслужуваат внимание, грижа и конкретна поддршка. Знам колку им значи секој денар во домашниот буџет, затоа …
Continue Reading
Делови од општините Кисела Вода и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: · во периодот од 08.30 до 15.30 часот, корисниците од селата Вртекица, Пагаруша и Рамни Габер, како и дел од корисниците од село Долно Количани лоцирани во Долно Маало Поле, општина Студеничани; · во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од улицата Христо Татарчев, општина Кисела Вода.
Continue Reading
(Фото) Есен во Скопје
Скопје во есенско руво, со пејзажи обоени во жолти, портокалови и црвени нијанси, е во фокусот на објавата на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на социјалните мрежи. Преку фотографии од централното градско подрачје, плоштадот и Градскиот парк, Ѓорѓиевски ја долови есенската атмосфера во главниот град. „Во боите на есента, Скопје блеска со сета своја убавина!“, напиша Ѓорѓиевски. Есенските пејзажи му даваат поинаков …
Continue Reading