(Видео) Критики за билбордот на влезот во Скопје: Букефал со пет нозе, непрепознатливо Кале

Опозициските партии СДСМ и Левица упатија критики поради новиот билборд поставен на влезот во главниот град, обвинувајќи дека визуелното решение е несоодветно и содржи низа грешки. Во партиско соопштение, СДСМ оцени дека наместо разубавување на градот, скопјани добиле симбол на аматеризам и срам. Од партијата тврдат дека на билбордот коњот Букефал е прикажан со пет нозе, а останатите елементи, според …

Continue Reading

(Фото) Нова спортска зона во Кисела Вода: Калистеник парк и терен за одбојка на песок

Општина Кисела Вода го доби првиот калистеник парк и терен за одбојка на песок. „Особено ме радува што уште еден простор во нашата општина добива целосно нов лик и станува центар за собирање на младите и љубителите на спортот“, вели градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска. „Новата спортска зона е лоцирана во населбата 11 Октомври Бараки, во непосредна близина на Паркот на …

Continue Reading

Делови од Сопиште и Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат: · во периодот од 07.00 до 16.00 часот корисниците од Горно Соње м.в. Коштан, општина Сопиште; · во периодот од 09.00 до 13.30 часот дел од корисниците од населба Бардовци околу Црквата, општина Карпош.

Continue Reading

Без вода денеска делови од Гази Баба

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок Ф100мм. на улица Сречко Пужалка 60 А со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улиците Сречко Пужалка и Товарник, општина Гази Баба Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

Continue Reading

Антониа Гиговска и Јордан Митев ќе настапат на одбележувањето на Денот на Општина Илинден

По повод одбележувањето на „Илинден 2 – ри Август“, Денот на Општина Илинден, на 24 јули (петок), со почеток во 20:00 часот, на новиот парк – плоштад во Марино, Општина Илинден и оваа година подготвува богата културно-уметничка програма за сите граѓани. Во таа насока, денес во кабинетот на градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, на прием беа македонските музички артисти …

Continue Reading

Традиционален Илинденски марш: околу 40 коњаници ќе тргнат од Горно Лисиче кон Крушево

Општина Аеродром ги поканува граѓаните да присуствуваат на свеченото испраќање на учесниците на 48. Традиционален Илинденски коњички марш, што ќе се одржи во пресрет на одбележувањето на големиот државен празник – 2 Август, Илинден во организација на Здружението на граѓани „Илинденски марш 1978“. На 27 јули (понеделник), со почеток во 18:00 часот, од дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ …

Continue Reading

Меѓународниот фолклорен фестивал „Скупи“ во Општина Карпош

Во рамки на јубилејното 20. издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Скупи“, кој годинава се одржува од 13 до 17 јули, денеска на плоштадот „Делфина“ во Влае, беше реализирана фестивалската програма во Општина Карпош. Пред бројната публика настапија фолклорни ансамбли од Бугарија, Украина, Хрватска, Мексико и Костарика, кои преку музика, игра и традиционални носии го претставија своето културно и фолклорно богатство. …

Continue Reading

Герасимовски: Не со манипулации, туку со факти, новиот нацрт-ДУП ја намалува површината за градба за 14.000 м²

Обидот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија политички да ја манипулира јавноста преку неточни и нестручни толкувања на урбанистичките планови е уште еден доказ за непознавање на урбанистичкото планирање, законските процедури и хиерархијата на планските документи, вели градоначалникот на Центар Горан Герасимовски. „Наместо факти, јавноста беше изложена на произволни толкувања и бројки извадени од контекст, со единствена цел да се …

Continue Reading

Општина Чаир: Фестивалот „Фолклорните вечери на Чаршијата“ ги обедини културите во срцето на Скопје

Во Старата чаршија се одржа 21. издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Фолклорните вечери на Чаршијата“, манифестација која собра фолклорни ансамбли од повеќе држави и во Скопје ја претстави богатата традиција, музика и народни игри од различни култури. Во име на Општина Чаир, претседателот на Советот на Општина Чаир, Мухамед Муртези, ги поздрави организаторите и ансамблите учесници, истакнувајќи го значењето на …

Continue Reading