(Видео) Ѓорѓиевски: Градскиот парк го враќа својот сјај
Екипите на јавните претпријатија на Град Скопје го расчистија првиот дел од Градскиот парк од последиците на силното невреме што пред неколку дена го зафати Скопје. Засадени се нови садници, санирана е оштетената урбана опрема, а просторот повторно е достапен за посетителите. Интензивно се работи и во вториот дел од Градскиот парк каде што се отстрануваат последиците од невремето, се …
Continue Reading
Првичните резултати за пената во Вардар во границите на дозволеното, конечните анализи се очекуваат на 4 август
Првичните резултати за пената во Вардар, доставени до Министерството за животна средина и просторно планирање, од Град Скопје, се во границите на дозволеното, а конечните анализи се очекуваат на 4 август „Во врска со регистрираната појава на бела отпадна пена во реката Вардар кај вливот на реката Лепенец на 24 јули 2026 година, Државниот инспекторат за животна средина, во координација …
Continue Reading
ЈП Паркинзи на Општина Центар отвори нова канцеларија за грижа за корисници
ЈП Паркинзи на Општина Центар официјално ја отвори новата канцеларија за грижа за корисници. Во рамки на инвестицијата е изведен целосно нов и модерен ентериер, воведен е современ административен систем за управување со редот на чекање преку автоматско издавање бројчиња, набавени се нови специјализирани скенери за обработка и дигитализација на документацијата и нова информатичка опрема, а инсталирани се и системи …
Continue Reading
Делови од Центар утре без вода за пиење
Од ЈП Водовод и Канализација известуваaт дека утре 31.07.2026 година ( петок ) – поради дефект на огрлица ф-250 мм на крстосницата Водњанска/Бел Камен, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул.Водњанска, дел од ул.Бел Камен и дел од ул.Шарски Одред. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:00 часот.(Општина Центар)
Continue Reading
Општина Аеродром: ООУ„ Димитар Македонски“ во населба Лисиче од 1 септември воведува едносменска настава
Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска изврши увид во градежните активности во ООУ „Димитар Македонски“ во населба Лисиче, каде што интензивно се работи на создавање услови за воведување на едносменска настава од 1 септември, согласно со насоките и препораките на Министерството за образование и наука, соопштија од општината. Летниот распуст, појаснуваат, се користи за уредување и адаптација на училиштето, …
Continue Reading
(Видео) Утрово спроведена нова фаза од дезинсекција против комарци во Градот Скопје
Утрово, во раните утрински часови, беше спроведена десеттата фаза од дезинсекцијата против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје, информира скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. Активностите, како што најави продолжуваат и утре, согласно Годишната програма, законските обврски и Елаборатот изготвен од Центарот за јавно здравје – Скопје. „Во изминатиот период беа реализирани повеќе третмани за сузбивање на ларвите и …
Continue Reading
Општина Центар со финансиска помош за штетите од невремето, максималната отштета е 100.000 денари
Општина Центар го објави Јавниот повик за доделување еднократна парична помош за граѓаните и правните лица кои претрпеа штети од силното невреме што го зафати подрачјето на општината на 21 јули 2026 година. Физички и правни лица со недвижен имот на територијата на Општина Центар, ќе бидат обештетени согласно донесениот Правилник, исклучиво за оштетени кровни конструкции и фасади на индивидуални …
Continue Reading
Се отстрануваат хаварисани возила низ Општина Кисела Вода
Општинските инспектори и претставници на лиценцираната фирма за постапување со отпадни возила спроведоа акција за подигнување на хаварисани возила низ територијата на Општина Кисела Вода. Според податоците од општинскиот инспекторат, од почетокот на акцијата досега се поведени инспекциски постапки за над 100 возила. Најголемиот дел од овие автомобили се веќе отстранети од самите сопственици, веднаш по оставањето на налепниците со …
Continue Reading
Училиштето „Св. Кирил и Методиј“ во Центар добива нова фасада
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, изврши увид во училиштето „Св. Кирил и Методиј“, каде што се изведува реконструкција на фасадата и замена на целокупното внатрешно осветлување. Овој капитален зафат, финансиран преку заем од Светска банка, ќе придонесе за значително зголемување на енергетската ефикасност на објектот. „На 190-годишнината од постоењето на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ инвестираме во негова целосна …
Continue Reading