РЕДОВНО ОДРЖУВАЊЕ НА ФОНТАНИТЕ ВО КАРПОШ
Општина Карпош спроведе активности за санација, реконструкција и редовно одржување на фонтаните на својата територија, со цел обезбедување нивна непречена, безбедна и ефикасна работа во текот на целата сезона. Активностите беа реализирани на фонтаните лоцирани на плоштад „Делфина“ во Влае, кај детското игралиште во Карпош 3, плоштадот во Бардовци, како и во паркот спроти Студентскиот дом „Гоце Делчев“, извести Општината. …
Continue Reading
Герасимовски: Инфо-штандови и здравствени проверки за поддршка на граѓаните во услови на топлотен бран
Општина Центар, во соработка со Црвен крст и здружението ХЕРА, спроведува теренски активности за грижа и поддршка на граѓаните во услови на екстремно високи температури во градот. „Општина Центар е на терен со конкретни мерки делиме вода, поставуваме инфо-штандови и овозможуваме бесплатни здравствени проверки. Ги повикуваме сите граѓани да ги почитуваат препораките и да бидат одговорни кон себе и кон …
Continue Reading
Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: во невремето загинаа 22 лица
Денеска се навршуваат десет години од катастрофалните поплави во Стајковци и околните села и Сингелиќ во кои загинаа 22 лица. Во незапамтеното невреме и катастрофалната поплава беа евакуирани илјадници граѓани, а животот го загубија 22 лица. Најмладата жртва помеѓу загинатите е двегодишно дете од село Стајковци. Загинатите во невремето беа во реоните на селата Сингелиќ, Стајковци, Смилковци и Арачиново. Голем …
Continue Reading
Чаир постави клупи на повеќе локации во општината
Општина Чаир продолжува со уредувањето на јавните простори, поставувајќи 20 нови клупи на повеќе локации низ општината, со цел да обезбеди подобри услови за одмор и престој на граѓаните. „Клупите се поставени во Топаана, Гази Баба, на улицата „Емин Дураку“, зад Чаирската џамија, како и во близина на маркетот „Сарај“ во Чаир, со што се збогатува урбаната опрема и се …
Continue Reading
Утре без вода делови од Скопје
ЈП „Водовод и канализација“ информира дека во четврток (6 август) поради санација на улични дефекти ќе има прекин на водоснабдувањето на две локации во Скопје. Поради дефект на водоводна цевка со пречник од 100 милиметри на улицата „Драчевска“ во близина на црквата, без вода од 8:30 часот ќе останат корисниците во Драчево. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на санацијата. …
Continue Reading
(Фото) Вонредни инспекциски надзори и контроли во Злокуќани
Секторот Инспекторат на Општина Карпош, во соработка со полициски службеници на Полициска станица Карпош, спроведе вонредни инспекциски надзори во УЗ Злокуќани. Во фокус на контролите беа дивоградбите во овој дел на општината при што, општинскиот градежен инспектор утврди неправилности во делот на бесправно изградени објекти и за истите започна соодветна инспекциска постапка согласно законските надлежности, извести Општина Карпош. Во исто …
Continue Reading
Проект „Топлотен бран“ во Кисела Вода: Грижа за граѓаните при високи температури
Грижата за здравјето на граѓаните во услови на летните високи температури, е во фокусот на заедничкиот проект „Топлотен бран“, кој Општина Кисела Вода го реализира во соработка со Општинската организација на Црвен крст-Кисела Вода. Проектот се реализира преку Секторот за месна самоуправа при општината. Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, заедно со претставници од општинската администрација, тимови на Црвениот крст и медицинско …
Continue Reading
Санација на патниот премин на „Перо Наков“ кај Железничката станица Маџари в четврток, сообраќајот ќе биде во прекин
Град Скопје и Општина Гази Баба ги известуваат граѓаните дека в четврток, во периодот од 08:00 до 16:00 часот, ЈП ЖРСМ Инфраструктура – Скопје ќе изведува работи за санација на патниот премин на улица „Перо Наков“, во непосредна близина на Железничката станица Маџари. „За време на изведувањето на работите, сообраќајот на улица „Перо Наков“, на делот каде што се наоѓа …
Continue Reading
Училишен прибор и ранче за секое прваче од Карпош
Општина Карпош на почетокот на новата учебна година ќе ги пречека најмладите ученици кои годинава за првпат ќе седнат во училишните клупи, обезбедувајќи им ранче и основен училишен прибор. Оваа активност се реализира согласно годишната програма на Одделението за образование, за која од Буџетот на Општина Карпош се издвоени 1.000.000 денари. По повод почетокот на учебната година, градоначалникот Сотир Лукровски, …
Continue Reading