Трета акција за дезинсекција во Драчево, граѓаните да ги затворат прозорците и вратите
Центарот за јавно здравје, во соработка со Општина Кисела Вода, вечерва спроведува трета вонредна акција за дезинсекција. Третманот ќе го опфати подрачјето на населбата и селото Драчево, со цел заштита на граѓаните и спречување на масовно размножување на комарците. Прскањето ќе се реализира во периодот од 22:00 до 24:00 часот, при што со специјализирано возило ќе се дејствува против возрасните …
Continue Reading
Голема акција за чистење на атмосферската и фекалната канализација во Бутел
Општина Бутел спроведува голема акција за чистење и одржување на атмосферската и фекалната канализациона мрежа на својата територија. Градоначалникот Дарко Костовски и директорот на ЈП „Водовод и канализација – Скопје“, Иван Митровски, извршија увид во заедничките активности на општината и претпријатието за чистење и одржување на канализационата мрежа. Од Општина Бутел информираат дека редовното и темелно чистење ќе продолжи во …
Continue Reading
Центар ќе биде домаќин на првиот општински полумаратон „CENTAR NIGHT RUN“
Општина Центар, во соработка со „Прв до врв“, на 12 септември го организира „CENTAR NIGHT RUN“ – првиот општински полумаратон во државата и нов спортско-забавен настан во срцето на Скопје. Ноќната урбана трка ќе започне во 18:00 часот, а учесниците ќе трчаат низ центарските улици, во поинаква вечерна атмосфера. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повикува граѓаните, љубителите на …
Continue Reading
Итна дезинсекција во Општина Гази Баба поради бројот на случаи со западнонилска треска
Поради зголемениот број на регистрирани случаи на западнонилска треска, Општина Гази Баба во координација со Центарот за јавно здравје презема навремени и засилени превентивни мерки за заштита на здравјето на граѓаните, објави градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски. „Одделението за заштита и спасување, во соработка со Центарот за јавно здравје, спроведе итна дополнителна терестичка адултицидна дезинсекција на повеќе локации …
Continue Reading
Скопски „Водовод“ пријави во полиција две лица кои ја кренале паниката за ешерихија коли во градскиот водовод
Документацијата за ширењето на лажната порака дека водата во скопскиот водовод е загадена со бактеријата ешерихија коли, која Јавното претпријатие „Водовод и канализација- Скопје“ ја предаде во полиција, е за две лица. Од Град Скопје за „Макфакс“ велат дека тоа се податоците, заедно со докази, до кои успеало да дојде јавното претпријатие, но очекуваат полицијата да пронајде повеќе лица. „Пријавата …
Continue Reading
Почна реконструкцијата на улицата „Ѓорѓи Капчев 5“
Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, заедно со општинските стручни служби денеска изврши увид во почетокот на градежните работи за реконструкција на улицата „Ѓорѓи Капчев 5“. Реконструкцијата ќе се изведува според постојната состојба, во должина од 279 метри, при што ќе се асфалтира површина од 1098 квадратни метри. Овие активности се одвиваат во рамките на проектот за реконструкција на 18 …
Continue Reading
Четврто издание на традиционалниот музички хепенинг „Нешто што ќе остане“
Скопје се подготвува за уште една вечер за паметење! Во сабота, 12 септември 2026 година, од 20 часот, Паркот на франкофонијата ќе биде епицентар на четвртото последователно издание на традиционалниот музички хепенинг „Нешто што ќе остане“, кој годинава се одржува во духот на големиот јубилеј – 50 години од формирањето на Општина Центар. Општина Центар и понатаму е единствена општина …
Continue Reading
Без струја денеска делови од општините Илинден и Сарај
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: · во периодот од 06.00 до 13.00 часот, корисниците од село Мралино, Бензинска пумпа Дади компани во Мралино и делови од Населба Дрма, општина Илинден. · во периодот од 08.30 до 14.00 часот, корисниците околу стара Џамија и позади општината во Сарај, општина Сарај.
Continue Reading
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација известуваат дека денеска поради поврзување на нова водоводна мрежа ф-100 мм на улицата Мирослав Крлежа бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица, општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со активностите.
Continue Reading