Посебен режим на сообраќај во недела (28.05.2023) во Скопје

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 28.05.2023 (недела) со почеток во 11.00 часот поради одржување на ревијална трка на велосипеди, ролерки и др. „Вози право, вози здраво“, ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим на подрачјето на град Скопје. Трката ќе се одвива со старт од Порта Македонија, десно долж ул.“Димитрие Чупоски“, десно по ул.“Даме Груев“, право по …

Continue Reading

Мицкоски: Кисела Вода добива европски лик, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ со работа ги демантираат обидите на власта да ги кочи

Задоволство е да се присуствува секогаш кога нешто ново се создава. Овде во Кисела Вода континуирано гледаме прогрес, гледаме како нешто ново се создава и ја користам оваа прилика да му честитам на Орце, градоначалникот, да им честитам на советниците, администрацијата, пратениците во македонското Собрание за напорите кои ги вложуваат Кисела Вода да добие навистина еден европски лик. Сето она …

Continue Reading

Објавен Jавниот повик за реконструкција на фасади на колективни станбени згради во Општина Центар

Oпштина Центар објави Јавен повик за пријавување на заинтересирани заедници на сопственици на станови за реконструкција на фасади на колективни станбени згради. Реконструкцијата на фасади опфаќа обновување на постојната фасада со нова термичка (енергетски ефикасна) фасадна обвивка, односно фасаден систем, на постојни станбени згради на територија на општината. Јавниот повик ќе се реализира со селекција кoja ќе се врши по …

Continue Reading

Трубарево без вода

Поради дефект на водоводна цевка, без вода од 09:30 часот ќе бидат корисниците од н.Трубарево, соопшти ЈП Водово и канализација Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до отстранување на дефектот.

Continue Reading

Без вода дел од Чаир

Поради дефект на водоводна цевка Ф 125, без вода од 09:00 часот ќе бидат корисниците на улица „Отокар Кершовани“ во Чаир. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до отстранување на дефектот.

Continue Reading

Отстранет отпад од диви депонии во неколку скопски општини

Од почетокот на тековната седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 20 кубни метри кабаст, градежен и мешан комунален отпад од обемна дива депонија лоцирана на булеварот „Христијан Тодоровски-Карпош“, во скопската општина Бутел. Отстранети се и вкупно 40 кубни метри отпад од повеќе мини-депонии лоцирани на главната улица во општината Ѓорче Петров, на улицата Владимир Полежиновски зад …

Continue Reading

Без вода ул. 1520 во Пинтија

Поради изведување на водоводен приклучок ф-150 мм изутрина од 09.15 часот е прекинато водоснабдување за корисниците на ул.1520 во Пинтија, информира ЈП „Водовод и канализација“ Скопје. Прекинот на водоснабдувањето ќе трае до завршување со санација на дефектот.

Continue Reading

Герасимовски: Центар е најтранспарентна општина од сите скопски општини

– Општина Центар е најтранспарентна од скопските општини според индексот за проактивна транспарентност на Агенција за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, соопштија денеска од Општина Центар. Имено, Агенцијата вчера го објави Извештајот за извршената проверка на објавените документи и информации од општините и центрите за развој на плански региони во Република Северна Македониј,а кои како …

Continue Reading

Приватните превозници денеска се враќаат на скопските улици

– Приватните автобуски превозници, по долгогодишна пауза од денеска повторно започнуваат со сообраќање низ скопските улици откако вчера постигнаа нов договор со Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Веста беше објавена на фејсбук страната на ЈСП Скопје каде што се наведува дека е потпишан договор со приватните автобуски превозници и од утре тие повторно ќе почнат да сообраќаат низ улиците на главниот …

Continue Reading