(Фото) Општина Аеродром: Нови смарт-табли во Основното училиште „Блаже Конески“ за целосно современа настава

Новата учебна година во ООУ „Блаже Конески“ во Мичурин започнува со уште подобри услови за учење. Со набавката на новите смарт-табли, целото училиште е опремено со современа технологија која овозможува интерактивна, интересна и модерна настава, извести Општина Аеродром. „Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска беше во посета на училиштето кое е целосно подготвено да ги пречека учениците на 1 …

Continue Reading

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје, премиерот на Косово стигнува во посета

Утре, 26 август (среда) во официјална посета на Македонија ќе престојува премиерот на Косово, Албин Курти. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на подрачјето на град Скопје. СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници. …

Continue Reading

Општина Бутел: Ранче, училишен прибор и училишна унифома за секое прваче

Од Општина Бутел информираат дека и оваа година продолжуваат со поддршка за најмладите ученици и нивните семејства. На 1 септември, секое прваче во општинските основни училишта ќе добие висококвалитетен анатомски ранец со потребен училишен прибор, како и училишна униформа. Целта на оваа мерка, како што е соопштено, е на сите првачиња да им се обезбедат потребните услови за непречен и …

Continue Reading

Образованието во фокус: потпишан меморандум за соработка меѓу Општина Кисела Вода и Природонаучниот музеј

Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска и директорот на Природонаучниот музеј, Ивица Заркадов, потпишаа Меморандум за соработка, со кој се воспоставува рамка за унапредување на образованието за сите ученици од основните училишта на територијата на општината. Со овој Меморандум се поставува основа за организирани и континуирани едукативни активности во Музејот, со цел наставните содржини да им бидат поблиски, поинтересни и попрактични на …

Continue Reading

Општина Карпош: Подобрување на условите за престој во детските градинки

Денеска, градоначалникот на Општина Карпош Сотир Лукровски изврши посета и увид во состојбата и условите во градинките „Орце Николов“ во Карпош 2 и „Мајски цвет“ во Тафталиџе. Притоа, првиот човек на Општината разговараше со раководствата и вработените, каде беа разгледани просторните услови, инфраструктурата и секојдневното функционирање на објектите, како и предизвиците со кои се соочуваат тие. Целта на денешната средба …

Continue Reading

Се уредува пешачката зона долж целиот кеј на Вардар, објави Ѓорѓиевски

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави дека се уредува пешачката зона долж целиот кеј на Вардар. Кејот, како што вели, е едно од најпосетените и најомилените места на скопјани. „Тука се спортува, се рекреира, се создаваат пријателства и се минуваат драгоцени семејни моменти. Затоа, неговото уредување не е само обврска, туку наша одговорност кон секој граѓанин. Започнавме голема акција за …

Continue Reading

Без вода утре делови од општините Центар и Карпош

Од ЈП Водовод и канализација известуваат дека утре без водоснабдување ќе останат · Поради изведување на водоводен приклучок на улицата 2 бр.2 Козле, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица 2 и дел од улицата Козле-висока зона, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со активностите; · поради дефект на приклучна цевка ф-2“ на улицата Мирче …

Continue Reading

Вечерва ќе се прска против комарци на критичните подрачја во Кисела Вода

Град Скопје, во соработка со Општина Кисела Вода, вечерва спроведува редовна акција за дезинсекција. Како што извести градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, третманот ќе ги опфати критичните подрачја, со цел навремена заштита на граѓаните и спречување на масовното размножување на комарците. „Прскањето ќе се реализира во периодот од 22:00 часот, па сè до целосното опфаќање на критичните места …

Continue Reading

Чадот во Скопје доаѓа од пожарот на планината Жеден, извести Ангелов

Мирисот на чад којшто се чувствува во некои делови во Скопје доаѓа од пожарот на планината Жеден, некаде во атарот на село Бојане, пожар којшто од тетовска страна, сега полека се префрла кон скопската страна, извести директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. Пожарот е на тешко пристапен терен, а на негово гаснење работат пожарникарите од Тетово, како поддршка на скопските пожарникари, …

Continue Reading