Без вода дел од булеварите „Никола Карев“ и „Трета македонска бригада“ и амбуланта „Пролет“

Поради дефект на приклучна цевка на булеварот „Никола Карев“ број 9 во населба Центар, прекинато водоснабдување денеска ќе имаат корисниците на дел од овој булевар, како и „Трета македонска бригада“ и амбуланта Пролет, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од девет часот до санирање на дефектот.

Continue Reading

Конференција за користењето допинг средства во спортот

Тематска конференција насловена „Допинг во спортот“ со учество на еминентни домашни експерти од оваа област се одржа во Скопје, во организацијата на Агенцијата за млади и спорт (АМС) во рамки на проектот „Европска недела на спортот“. На настанот се обратија д-р Зоран Ханџиски, д-р Ели Ханџиска и д-р Илија Стоилов, кои се дел од националната антидопинг комисија при АМС, а …

Continue Reading

Приведен 21-годишник поради физички напад врз партнерката

Полициски службеници од Полициската станица Чаир вчера во 15.20 часот го лишиле од слобода 21-годишниот А.С., затоа што во домот во скопско село, физички ја нападнал неговата невенчана сопруга, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.

Continue Reading

Во СВР Скопје пријави за закани со пиштол и со остар предмет

Во СВР Скопје денеска и вчера се евидентирани неколку пријави за закани со пиштол и со остар предмет. Во редовниот Билтен на Министерството за внатрешни работи се наведува дека дваесет и тригодишниот Д.Ч. од Берово денеска пријавил дека на средно Водно, додека бил со негова другарка, бил физички нападнат од неколку лица, од кои едно од нив го удрило со …

Continue Reading

Пријавани физички напади на двајца малолетници во Скопје

Двајца малолетници вчера биле физички нападнати на територијата на општините Карпош и Чаир, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи. – Во СВР Скопје, вчера во 14.30 часот, 54-годишната С.Б. од Велес пријавила дека претходниот ден, околу 18 часот, во интернат на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од четири лица. Нешто подоцна, во 15.50 часот во …

Continue Reading

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА АЖУРИРАЊЕ НА ПОДОТОЦИ ПО ПРОМЕНА НА СТАРИТЕ СО НОВИ РЕГИСТАРСКИ ТАБЧЛИЧКИ

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, апелира до сите физички и правни лица, кои имаат склучено договор за користење на паркинг услуга на јавните паркиралишта, зони и катни гаражи со кои стопанисува претпријатието, дека после регистрацијата на своите возила, имајќи го предвид законското решение за промена на регистарските таблички, таа промена веднаш да ја пријават кај службите во канцелариите за односи …

Continue Reading

Промена на рутите и целната локација на дефилето „ЈАС ВНИМАВАМ И БЕЗБЕДНО ВОЗАМ“

Дефилето на велосипедисти и мотоциклисти за поголема безбедност во сообраќајот што ќе се одржи во сабота, 13 мај 2023 ќе започне во 11:00 часот со поаѓање на велосипедистите од велосипедската патека на кејот кај хотелот Holiday Inn и на мотоциклистите во 11:30 часот од фонтаната „Лотусов цвет“ во Градскиот парк . Двете групи ќе се сретнат на платото пред Спортскиот …

Continue Reading

Дел од Батинци без вода

Поради уличен дефект, без вода утрово од 09:40 часот се корисниците на ул. 8/15 во Батинци, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санација на дефектот.

Continue Reading

Без вода дел од корисниците на булевар „Јане Сандански“

Од 9:00 часот денеска без вода ќе бидат корисниците од булеварот „Јане Сандански“ од бр.77 до бр.109 – непарни броеви во Општина Аеродром. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, прекинот е поради дефект на затварач од ф – 80 мм на бул. „Јане Сандански“ бр.85 Жителите ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата.

Continue Reading