Од четврток Фестивал на инклузија во општина Кисела Вода

Од 20 јуни 2024 година (четврток) од 20:00 часот, во Паркот Македонија, започнува третото издание на Фестивалот на инклузија кој го организираат здруженијата Икуалити и Визија Плус со поддршка од Општина Кисела Вода. И оваа година фестивалот ветува богата содржина, интегративни и инклузивни работилници за деца и млади, активности за сите генерации, како и многу забава низ богата музичка програма, …

Continue Reading

Најдобрите ученици на државните натпревари од Илинден на прием кај градоначалникот Алекдандар Георгиевски

И оваа година Градоначалникот на општина Илинден Александар Георгиевски приреди прием на учениците од основните и средното училиште од општината кои освоија високи места на државните натпревари и им додели признанија за постигнатите резултати. Градоначалникот им ги честиташе успесите на учениците и нивните ментори и истакна дека прекрасно е чувството што има голем број наградени ученици од Илинден. Тој додаде …

Continue Reading

Стефковски: 3000 денари и признание за првенците на генерација во Гази Баба

Утрово во просториите на општина Гази Баба, градоначалникот Бобан Стефковски ги додели признанијата на учениците од општинските основни училишта кои беа прогласени за ученици на генерација. За настанот, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук. „Општина Гази Баба е единствената општина во Република Македонија која на учениците кои се прогласени за ученик на генерација им доделува парична награда …

Continue Reading

Во текот на една недела санкционирани 207 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на една недела санкционираа 207 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. „Во периодот од 10.06. до 16.06.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 111 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство …

Continue Reading

Ангелов бара кружен тек кај „збунувачката“ крстосница со чести сообраќајки во населба Аеродром (ВИДЕО)

Центарот за управување со кризи, по барање на граѓани, поднесе иницијатива да се изгради кружен тек или итно да се постават семафори на крстосницата на бул. Васко Карангеловски во населбата Аеродром. За директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов оваа крстосница е „по малку збунувачка“ за учесниците во сообраќајот. „Повеќемина граѓани со повик на единствениот број 112 во ЦУК, преку медиумите и …

Continue Reading

Утре посебен режим на сообраќај во општина Илинден поради велосипедска трка

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека утре (16 јуни / недела) во периодот од 12 до 16 часот во општина Илинден ќе има посебен сообраќаен режим поради одржување на велосипедска трка „Трофеј Илинден“ во организација на општината. Припадници на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземат мерки за пренасочување на сообраќајот по околните улици. …

Continue Reading

Град Скопје информира дека се прави реконструкција на водоводната мрежа на улицата Лисец во Аеродром

Град Скопје и скопското јавно претпријатие Водовод и канализација информираат дека континуирано реализираат проекти за подобрување на водоснабдувањето во градот, решавање на повеќедецениските проблеми со честите прекини поради застареноста на системот, намалување на загубите на вода и трошоците за поправките на дефектите на водоводната мрежа. „Продолжуваат градежните работи за реконструкција на водоводната мрежа на улицата Лисец во Аеродром, со која …

Continue Reading

Бесплатни прегледи на бенки и промени на кожата денес во Градски парк во Скопје

Бесплатни дерматолошки прегледи на бенки и промени на кожата ќе бидат овозможени денеска и утре од 17 до 21 часот во Градски парк во Скопје, во организација на ДМ маркетите, а идниот викенд вакви прегледи ќе бидат достапни и  во Охрид. Бесплатните прегледи ДМ ги организира втора година, а првиот термин годинава се одржа на 9 јуни во Парк-шумата Гази …

Continue Reading

Над 50 волонтери со цртежи ќе го разубавуваат стационарот за бездомни кучиња „Лајка“

Настан „Да го разубавиме светот на кучињата, да ја обиме Лајка“  ќе се одржи денеска во стационарот за бездомни куќиња  ЈП „Лајка“ Скопје. Над 50 волонтери во периодот од 10 до 14 часот ќе учествуваат во боење на боксовите и реквизитите на претпријатието и уредување на околината. Активноста е во рамки на проектот „Унапредување на благосостојбата на животните преку волонтерство” …

Continue Reading