Андоновска: Укажувавме на расипничкото однесување на менаџментот и градоначалничката, не кажувате ни каде ги трошите парите а постојано барате

На денешната вонредна седница на Град Скопје советничката од ВМРО-ДПМНЕ, Марија Андоновска истакна дека повеќе од година дена укажуваат на расипничкото однесување на менаџментот и на градоначалникот на Град Скопје, и повика да не се манипулира јавноста и поднесениот амандман за платите да се изгласа. „Повеќе од година дена ви укажуваме на расипничкото однесување на менаџментот на директорите на ЈП …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Очигледно Арсовска одработува сценарио на Миле Зечевиќ за политичко насочување и манипулирање на вработените во ЈСП

На оваа слика каде здружно гласаат за 700 милиони денари субвенции за СДС, Левица и ДУИ ќе ја потсетиме јавноста за неколку месеци кога повторно ќе дојде директорот и Арсовска да бараат пари од советниците, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Причината за неисплаќањето на плати според нив, не треба да се бара во ВМРО-ДПМНЕ, туку во неспособниот директор и Арсовска кои го …

Continue Reading

Ангеловски: Овој амандман е за да се видиме в лице и да видиме кој е за тоа луѓето да си ги земат своите плати, а кој е за чиста политика

„Јас сум еден од тие кој инсистираше на овој амандман и јас со чист образ, со лице стојам пред сите овде дека не се изигрувам со никого. Ќе ви кажам една дефиниција дека вие пред два часа овде водевте политичка војна, секој со свој став и секој со обид токму неговото кажано да биде вистина и го доведовте Градот, не …

Continue Reading

ДПМНЕ остави без пари 1.300 семејства поради хировите на Мицкоски со Данела, велат Левица

Денеска на вонредната седница на Советот на Град Скопје, за еден глас поради негласањето на советниците на ДПМНЕ не беа исплатени субвенциите за ЈСП, со што работниците и нивните семејства останаа на цедило, без пари и понижени. Советниците на Левица веднаш ќе побараат нова вонредна седница за да не бидат жртви работниците на елитистичките хирови на раководството на ДПМНЕ, затоа …

Continue Reading

Јанчева: СДСМ ја поддржува одлуката за субвенции на ЈСП, одговорноста за хаосот е кај ДПМНЕ

СДСМ ќе ја поддржи одлуката за субвенции на ЈСП, извештаите за работа не ги поддржуваме затоа што извештаите се дел од работата на јавното претпријатите со амин на Управниот и Надзорниот одбор од ДПМНЕ кои се виновни за хаосот во јавното претпријатие, рече координаторката на Советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје на денешната вонредна седница. -Управните одбори …

Continue Reading

Бени Шаќири е нов директор на МКЦ

Музичарот Бени Шаќири е избран за директор на Младинскиот културен центар, а според информациите, тој утрово веќе дошол на работа. Шаќири беше еден од кандидатите, заедно со дипломираниот продуцент и филмски работник Никола Мадиќ и Владимир Стојчевски, дипломиран продуцент и професор. Шаќири доаѓа на местото на Никола Алексов, дипломиран детектив, кој беше поставен на функцијата во јануари откако градоначалничката Данела …

Continue Reading

Славески: Арсовска бара свикувања итна седница на Советот на Град Скопје за вработувања кои не и беа дозволени претходно, оправданост за таква седница нема

Лаги не се разобличуваат со лаги. За тоа кој или дали е под притисок е многу јасно. Под притисок е тој кој менува ставови и менува партии, рече советникот и претседател на Советот на Град Скопје, Трајко Славески реплицирајќи на советниците кои спореа со неговиот начин на работа како прв човек на Советот на Град Скопје. Славески објасни во кои …

Continue Reading

Јаневски: До сега дадовме 12 милиони евра помош за ЈСП, а претпријатието и понатаму нема пари за плата на вработените, каде одат парите?

Она што се случува во претпријатието изминатите две години е целосно крахирање на системот и функционалноста на претпријатието. За ваквата состојба никако не може да се обвини Советот на Град Скопје, бидејќи ние сме локална законодавна власта во градот. Извршната власт во градот се градоначалникот и директорот на ЈСП односно менаџментот на ЈСП, вели советникот во Советот на Град Скопје …

Continue Reading

Арсовска го искара Советот: Ги оставивте возачите со празни трпези, досега требаше да ги изгласате субвенциите

Градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска им дава искрена и недвосмислена поддршка на синдикатите за исплата на субвенции на ЈСП за декември. Таа ги повика советниците да ги изгласаат советниците за да вработените во ЈСП земат плата. „Тие својата плата ја имаат одработено, работат макотрпно. Зошто како советници не сте гласале за таа одлука, лицата кои седат во управниот и надзорниот одбор во …

Continue Reading