ЈСП утре ќе вози по неделен возен ред, Жичницата ќе работи вообичаено

Утре поради државниот празник 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред. Дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација (кои ќе работат од 8 до 14 часот) на: – Транспортен центар; – Ѓорче Петров; и – Зелен пазар. Жичницата ќе функционира вообичаено, со работно време од 10-18 часот, при …

Continue Reading

Посетителката на ЗОО Скопје која беше тестирана, нема птичји грип

Тестот на жената која денеска побарала да се тестира за птичји грип бидејќи минатата недела ја посетила Зоолошката градина во Скопје, е негативен, потврдија од Институтот за јавно здравје . Како негативни се покажаа и тестовите на двајцата вработени во Зоолошката градина, кај кои постоеше сомнеж дека се заразени со птичји грип. Зоолошката градина ќе остане затворена уште дваесетина дена.

Continue Reading

Посебен режим на сообраќај во четврток поради посета на Фон дер Лајен

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека во четврток поради официјална посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје. СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат …

Continue Reading

​Нови канти за отпадоци за домаќинствата во општина Кисела Вода

Општина Кисела Вода направи нов значителен чекор кон подобрување на хигиената и животната средина со обезбедување на нови 1212 канти за отпадоци и 59 контејнери. Оваа донација од Министерството за животна средина е дел од заедничките напори за унапредување на условите за живот на жителите на овој дел од градот. Имено, сите домаќинства кои поседуваат стара оштетена канта ќе добијат …

Continue Reading

Прва сесија на Буџетскиот форум: Граѓаните на Општина Центар го креираат општинскиот буџет

Општина Центар го започна процесот на планирање на буџетот за 2025 година со првата граѓанска форумска сесија, на која учествуваа градоначалникот Горан Герасимовски, раководителите на сите сектори на општинската администрација, советниците од Советот на општината, претставници на невладини организации и жителите на општината. Градоначалникот Герасимовски во своето обраќање се осврна на досегашните постигнувања, а ги претстави и амбициозните проекти за …

Continue Reading

Неколку скопски населби денеска без струја

Поради планирани прекини во електро снабдувањето, денеска, без електрична енергија ќе бидат следните корисници: – Од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од улицата Ѓорѓи Капчев (општина Аеродром); – Oд 09:00 до 15:00 часот, корисниците покрај пругата од лева страна накај обиколница во село Волково; Од 11:00 до 13:30 часот, корисниците од дел од село Волково, дел од ул.56 …

Continue Reading

Кисела Вода доби уште едно, целосно инклузивно детско игралиште

Најмладите жители на општина Кисела Вода добија нов простор за игра и разонода. Денес беше ставено во функција целосно инклузивно детско игралиште на површина од над 400м2. Градоначалникот Ѓорѓиевски ја истакна континуираната заложба за унапредувањето на јавниот простор и квалитетот на животот и се заблагодари на Државна видео лотарија – Casinos Austria за покажаната општествена одговорност. Преку нивната донација беше …

Continue Reading

За време на викендот се подигнати 60 кубни метри непрописно одложен отпад

Во текот на изминатиот викенд, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираа активности за отстранување десетина диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир, Центар, Кисела Вода и Ѓорче Петров. Во општината Чаир е интервенирано во населбата Серава, како и на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица), каде што се подигнати 20 кубни метри отпад од дива депонија лоцирана во непосредна близина на …

Continue Reading

Дел од општина Карпош без вода

ЈП Водовод и Канализација известува дека денеска поради дефект на затварач (шибер) Ф80мм. улица Римска 3. со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Римска, Дрезденска, Њуделхиска, Панче Пешев, Наум Евро, Алжирска, Каирска и дел од улиците Анкарска, Атинска и следните објектите ОУ Војдан Чернодрински и градинката Мајски Цвет во општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до …

Continue Reading