(Видео) Ристески: Муцунски ја преспа годината, потврдија завршната сметка и годишниот извештај на Општина Аеродром за 2023-та

„Градоначалникот Тимчо Муцунски ја преспа цела 2023 година. Ова се гледа и во завршната сметка и Годишниот извештај на Општина Аеродром усвоени на последната седница на општинскиот Совет“, вели Милутин Ристески, советник на СДСМ во Советот на општина Аеродром „Согласно овие официјални документи Општина Аеродром минатата година ја заврши со реализација на само 66% од планираните даночни приходи на основниот …

Continue Reading

Со бројни гости во свечена атмосфера, синоќа беше отворено киното во Кисела Вода

Со бројни гости, во свечена атмосфера, синоќа беше отворено киното во Кисела Вода. После 35 години, на истата локација, врз темелите на старото кино, во комплетно реновираниот Дом на култура „Билјана Беличанец“ започна да функционира “Киноверзум”. Настанот го отвори актерот Рубенс Муратовски кој, евоцирајќи спомени од минатото ја назначи важноста на овој проект за културниот живот во општината и му …

Continue Reading

Училиштата од Карпош добија сертифицирани обучувачи за родителство

Под покровителство на Општина Карпош, неделава, експертите од Регионалниот Експертски Центар за родителски вештини при невладината групација „Алтернатива“, одржаа тридневна обука за унапредување на менталното здравје на децата. Обуката беше наменета за стручните кадри (педагози, психолози и наставници) од десетте основни училишта кои се наоѓаат на територија на Карпош. Имено, станува збор за реализација на првата фаза од проектот „Советувалиште …

Continue Reading

Утре без струја дел од општина Центар

ЕВН Македонија АД известува дека утре без електрична енергија ќе остане дел од општина Центар. Во периодот од 09.00 до 13.00 часот, без струја ќе биде дел од улицата Даме Груев, спроти Собранието на Македонија кон Зелено пазарче, Силк Роуд Банка на улицата Даме Груев кај македонското Собрание во општина Центар.

Continue Reading

Ново детско катче од „СПОРТ ЛАИФ“ за учениците од „ПЕСТАЛОЦИ“

„Sport Life” обложувалниците дел од „STH“ холдинг групацијата, ја овозможија реализацијата на новото Детско катче во училишниот двор на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ во Центар, Скопје. Донацијата на „Sport Life” овозможи поставување на комплетно нови реквизити за децата, како клацкалки и лулашки и обнова на тревното игралиште за фудбал, по најсовремени стандарди, со нова подлога и мали голови со мрежа. …

Continue Reading

Муцунски: Остро го осудувам вчерашниот инцидент, во спортот нема простор за насилство и агресија

„Најостро го осудувам инцидентот на вчерашниот натпревар помеѓу кошаркарските клубови МЗТ Скопје Аеродром и Чаир – настан што кај сите нас предизвика сериозна загриженост. Насилството во спортот не само што го поткопува духот на натпреварувањето, туку и ја загрозува безбедноста на спортистите и навивачите“. Ова на својата фејсбук страна го напиша градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски по безбедносниот инцидент …

Continue Reading

Изградба на нова линија за фекална канализација за дел од населба Илинден

ЈКП „Водовод“ започна со изградба на фекална канализација на улица 9 во населба Илинден во близина на општинската зграда. Новата линија ќе биде во должина од околу 150 метри и ќе ги прифати отпадните води од околу 10 домаќинства, извести општина Илинден. Новата линија за канализација ќе биде дел од фекалната канализација припадна површина 8 Илинден. Градоначалникот на Општина Илинден, …

Continue Reading

Општина Центар отстапи простор за уметниците на кои им беше одземен просторот за работа во МКЦ

Културно-социјалниот простор „Центар-Јадро“ и Младинскиот центар-Матично ги отворија вратите за уметниците на кои им беше одземен просторот за работа во МКЦ. Ликовните и театарски работилници на уметникот Доротеј Нешовски и актерката Нина Максимова ќе продолжат да функционираат во пријатниот и креативен амбиент на културните катчиња во Општина Центар. Детското ликовно ателје на мултидисциплинарниот уметник Нешовски веќе почна со работа во …

Continue Reading

Левица: Советниците од ДПМНЕ и коалицијата, безобразно го одбија предлогот за поништување на штетниот ДУП, кој води до колапс на општината Ѓорче Петров

На седницата на Советот на Општина Ѓорче Петров, советничката група од Левица поднесе 9 Иницијативи, меѓу кои и Иницијатива со Предлог-одлука за Поништување на катаклизмичкиот ДУП СЗ 16, информираат од оваа партија. Левица, како што вели, им понуди шанса на советниците да ја отповикаат одлуката за овој ДУП, истакнувајќи ги битните елементи и факти кои би придонеле до колапс на …

Continue Reading