Без струја дел од општините Гази Баба, Сарај и Ѓорче Петров

ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат општините Гази Баба, Сарај и Ѓорче Петров. – Од 08:30 до 12:00 часот корисниците од улицата Боривое Милошевски, улицата Вера Радосавлевиќ, улицата Зенден Џемаил и објектите кај Кванташки пазар во општина Гази Баба. – Од 09:30 до 13:30 часот корисниците дел од село Кондово (сред село), дел од село …

Continue Reading

Град Скопје: Трајко Славевски или лаже, или навистина не го знае деловникот за работа на Советот кој го води

Трајко Славевски или лаже, или навистина не го знае деловникот за работа на Советот кој го води, велат од град Скопје, откако претходно претседателот на Советот на Град Скопје одговори на барањата на приватните превозници и кажа дека разговори може да бидат иницирани само од градоначалничката Данела Арсовска. „Имено, поврзано со барањата за измени на условите за приватните превозници вклучително …

Continue Reading

Славески до приватните превозници: За промени на договорите, треба предлог од градоначалник на Град Скопје

Приватните превозници и натаму протестираат, и бараат наоѓање на решение за нивните барања до Град Скопје. Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески им одговори на нивните барања, и кажаа дека разговори може да бидат иницирани само од градоначалничката Данела Арсовска. „Во врска со вашето Барање испратено до Совет на Град Скопје на 5. Ноември оваа година, со цел, …

Continue Reading

Ѓорѓиевски: После половина век нов асфалт добива улицата “1438” во Пинтија

Со голема динамика се одвива инфраструктурната обнова на општина Кисела Вода. Во Пинтија, во моментов после 50 години нов асфалт добива улицата “1438” на површина од околу 2000м2. Само годинава, во ова населба досега се асфалтираат улици во должина од над 3000 метри или за овие три години, околу 5400 метри. -После половина век нов асфалт добива улицата 1438 во …

Continue Reading

Герасимовски: Досега од јавните површини дислоцирани се околу 40 хаварисани возила

Граѓаните се приклучија на акцијата за бесплатно дислоцирање на хаварисани возила. Општина Центар во соработка со пајак службата на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и МВР веќе спроведува акција за бесплатно дислоцирање на хаварисаните возила од јавните површини со јавување на телефонскиот број 076 350 767 со цел ослободување на јавната површина. „Со заедничката акција која ја спроведуваме досега од …

Continue Reading

Тошковски: Има потреба од поголема застапеност на припадниците на Министерството за внатрешни работи во Илинден

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, оствари работна средба со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. На средбата се разговараше за актуелни теми во однос на функционирањето и работењето на Општина Илинден со посебен акцент на состојбата со безбедноста во сообраќајот и потребата од поголема застапеност на припадниците на Министерството за внатрешни работи на територија на Општина Илинден. Имајќи ги …

Continue Reading

Ѓорче Петров добива нов модерен спортски терен во ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“

Општина Ѓорче Петров ја стартуваше следната серија реконструкција на спортски терени, овојпат на фудбалското игралиште во ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“, кое сега ќе добие нова тартан подлога, која ќе овозможи уште подобри услови за спорт и рекреација на учениците. „Во дворот на ова училиште изградивме и целосно ново школско фудбалско игралиште со нова подлога од вештачка трева, по сите …

Continue Reading

Без вода општина Шуто Оризари

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради поради промена на три затворачи (1хф150мм и 2хф-80мм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Индира Ганди, Виничка, Бутелски Венец и Јован Хаџи Шишко во општина Шуто Оризари. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

Continue Reading

Град Скопје за приватните превозници: Личните и партиските интереси се тактика на мнозинството во Советот предводен од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ а цената ја плаќаат граѓаните

По вчерашната прес-конференција на приватните превозници евидентно е дека непринципиелната политика, личните интереси и партиските приоритети сѐ уште се тактика на мнозинството во Советот на Град Скопје предводено од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ за која цената ја плаќаат граѓаните на градот Скопје, соопштија од Град Скопје. „Приватните превозници редуцирано сообраќаат поради револт за неразгледување на нивната иницијатива за која може да …

Continue Reading