Децата со атипичен развој од Кисела Вода ќе добиваат бесплатна стручна поддршка од Институтот за специјална едукација и рехабилитација

Како дел од мерките за детска и социјална заштита и заштитата на лицата со попреченост, градоначалниот Орце Ѓорѓиевски потпиша меморандум за соработка со Деканот на Филозофскиот факултет од Скопје, Оливер Бакрески и Институтот за специјална едукација и рехабилитација. Согласно договореното, во сензорните соби низ основните училишта во општината ќе се одвива стручна пракса на студентите и наставниот кадар од институтот, …

Continue Reading

Францускиот јазик да се изучува во центарските училишта: Герасимовски и Ле Риголер со заедничка иницијатива

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска оствари пријателска и конструктивна средба со амбасадорот на Франција Кристоф Ле Риголер. На средбата, Герасимовски и Ле Риголер разговараа за интензивирање на соработката помеѓу Северна Македонија и Франција. „Со амбасадорот Ле Риголер разговаравме за интензивирање на соработката, особено во поглед на промоцијата на францускиот јазик во нашите училишта. Договоривме и низа настани и …

Continue Reading

Галетановски: Град Скопје објави тендер за озвучување на изгорена Универзална сала

„Скопјани дишат загаден воздух, нема автобуси, градот тоне во нечистотија, Универзална сала е пеплосана, Зоолошката диши на шкрги. Ова е секојдневието на граѓаните на Скопје,“ изјави претседателот на Градската организација на СДСМ, Ѓорѓи Галетановски. Тој ја осуди неодговорноста на градската власт и нејзината неодамнешна одлука да објави тендер за техничка опрема, озвучување и осветлување на Универзална сала, вреден речиси 2,5 …

Continue Reading

Курто Дудуш организира протест поради хаосот со градскиот превоз: Да и пренесеме порака на градоначалничката

Градоначалникот на скопската општина Шуто Оризари, Курто Дудуш ги повика сите граѓани да се приклучат на протестот в петок од 13 часот пред канцелариите на Град Скопје, поради хаосот со јавниот градски превоз. „Со цел изразување на своето незадоволство од нефункционирањето на јавниот сообраќаен превоз, општина Шуто Оризари ги подржува своите граѓани во организација на голем сенароден протест на граѓаните …

Continue Reading

Герасимовски: Потребна е заедничка стратегија на градот и општините за проблемот со загадувањето

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски истакна дека е потребна стратегија на ниво на Град Скопје кадешто ќе се вклучи градот и сите општини во решавање на проблемот со загадувањето во Скопје. Герасимовски потенцира дека се поставени филтри за прочистување на воздух скоро во сите основни училишта на територија на Општина Центар и со самите градинки. „Дополнително, во градинките се …

Continue Reading

Прекинато водоснабдување во делови од Скопје

Од ЈП Водовод и канализација известуваат дека денеска поради дефект на приклучна цевка ф-1“ на ул. Варшавска 62б, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, односно потегот од ул. Виенска до ул. Лондонска. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот. (општина Карпош) -поради изведување на водоводен приклучок ф-150 мм на ул. …

Continue Reading

Град Скопје: Поради повредената суета на Мицкоски, и инаетот кон Арсовска, граѓаните со часови чекаат автобус

Дали најавите на Мицкоски за преговори со компанија за набавка на 100 електрични автобуси и ветувањето за вкупно 250 нови автобуси од програмата за Скопје, е причината за 3 годишната блокада на градот од страна на ВМРО-ДПМНЕ, прашуваат од Град Скопје. „Изјавите на Орце Ѓорѓиевски и Александар Николовски, дека проблемот со автобусите ќе се реши по локалните избори, се потценувачки …

Continue Reading

Без вода делови од Скопје

ЈП Водовод и канализација денеска (19.11.2024) ќе започне со чистење и хлорирање на десната комора од резервоар Припор 2. Активностите ќе отпочнат во периодот од 08:00, а можно е да има мал прекин на водоснабдување о. Сопиште. Денеска поради уличен дефект на водоводен цевка Ф 5/4“на улица Јани Лукровски 9-2., прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Јани Лукровски. Водоснабдувањето …

Continue Reading

Герасимовски: Ја чистиме депонијата кај Ист Гејт Мол иако не е под наша надлежност

Општина Центар ја расчистува дивата депонија во близина на трговскиот центар Ист Гејт Мол која не е под нејзина надлежност. Ѓубрето кое беше натрупано со години, а не беше собрано се чисти од страна на службите на Општина Центар. Градоначалникот Горан Герасимовски денеска направи увид на лице место да види како се одвива работата на службите. „Иако не беше во …

Continue Reading