Арсовска за проблемите во градот : Кризите се политички мотивирани

Кризите се политички мотивирани, одговори градоначалничката на Скопје Данела Арсовска на прашањето кај кого е вината за проблемот со јавниот превоз и за секоја нова криза која се појавува во главниот град. „Овие кризи се решаваат многу едноставно и имаат решение кое се наоѓа во Советот на Град Скопје, 45 лица кои земаат по 600 евра за еден ден присуство …

Continue Reading

Земјотрес почувствуван во Скопје

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, претпладнево,  во 11 часот и 41 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа на територијата на Р. Косово, 36 km северозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML3.0. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е …

Continue Reading

Галетановски најави тужби, вели дека документацијата му била отворена незаконски без управен одбор

Ѓорѓи Галетановски, кој беше единствениот пријавен на конкурсот за директор на ЗOO Скопје, најави кривична пријава за зоолошката и Град Скопје, бидејќи не биле испочитувани роковите, а документацијата не му била вратена. „По поднесување на целокупна документација од моја страна и по оглас кој е отворен до 14.08.2024 година, jaс сеуште немав официјален одговор. Законот вели дека доколку не се …

Continue Reading

За отстранување на ѓубрето, Комунална ќе му испрати фактура на Курто Дудуш: „Локациите што ги објавува не се наша, туку негова надлежност“

Јавното претпријатие Комунална хигиена- Скопје соопшти дека ќе го отстрани сметот и срамот на градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, но јавноста треба да знае дека за ова ќе и биде доставена фактура на општината. Имено, фотографиите кои ги објавува Курто Дудуш, како што тврди Комунална, се од контејнери и локации за кои одговорна е општината со која Дудуш …

Continue Reading

О2 со барање и предлози до властите на Скопје за одлуки кои ќе ги вклучат сите извори на аерозагадувањето

Поинаков пристап во решавање на проблемот со аерозагадувањето и носење серија одлуки кои ќе ги вклучат сите субјекти кои го креираат аерозагадувањето во Скопје, со зададени рокови и доволно време сите субјекти навремено да ги извршат потребните прилагодувања, предлагаат од Здружението за истражување, едукација и креирање еко политики „О2 иницијатива“. Тие вакво барање испратиле до советниците и до градоначалничката на …

Continue Reading

Делови од Скопје ќе останат без вода, најавена голема санација на 21 декември

На 21 декември, јавното претпријатие „Водовод и канализација“ ќе го затвори главниот градски цевковод во кругот на касарната во Ѓорче Петров поради санација на сериозни дефекти. Процесот на санација ќе опфати поправка на еден од поголемите дефекти на улицата Никола Парапунов во Карпош 4, каде веќе десетина дена има излевање на вода на улицата. „Додатно ќе се санираат и три …

Continue Reading

Изгоре новогодишната елка пред ТЦ „Бисер“

Вечерва околу 18 часот, пред трговскиот центар „Бисер“ во Општина Аеродром, новогодишната елка била зафатена од пожар. Според првичните информации, причина за пожарот најверојатно се дефектни сијаличките што го украсувале дрвото Според информациите пожарот бил пријавен во скопската противпожарна околу 18 часот, при што било интернвенирано со едно возило и петмина пожарникари. За среќа, нема повредени во инцидентот, а материјалната …

Continue Reading

(Видео) Вандалско однесување на малолетници во Капиштец, Герасимовски бара итна реакција

Во населбата Капиштец синоќа повторно беше нарушен јавниот ред и мир, откако група малолетни лица со непримерно однесување извршија серија вандалски активности. Тие кршеа шишиња, палеа петарди и предизвикуваа тепачки, со што ја загрозија безбедноста на локалното население. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, остро го осуди овој чин и побара итна интервенција од надлежните институции. „Ова не е изолиран …

Continue Reading

Дел од општина Карпош остана без вода

Без вода денеска од 17:10 часот се три куќи и болницата „Неуромедика“ на  улицата „Влае“ во општина Карпош. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради уличен дефект на водоводена цевка Ф-100 милиметри од страна на изведувачот „Елма Градба“ на улица „Влае“ број 57. Дефектот, како што се наведува, ќе биде саниран од изведувачот „Елма Градба“. …

Continue Reading