Скопје со литија и молитва го дочека празникот Мала Богородица

Православните верници денеска го празнуваат Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица, еден од големите Богородични празници. Во пресрет на празникот, стотици верници вчера се собраа во центарот на Скопје и учествуваа во молитвена литија. По празничната вечерна богослужба во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, верниците се упатија во молитвена поворка низ градот, во која беше носена …

Continue Reading

„35-ка“ ќе вози до Радишани, за неколку дена почнува пробната линија, најави Костовски

Автобуската линија 35 ќе биде продолжена до Радишани, со што Општина Бутел преку јавниот градски превоз директно ќе се поврзе со Општина Аеродром, најави градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски. Тој информира дека процедурата за продолжување на линијата е завршена и дека е постигнат договор со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и со директорот на ЈСП. „Деновиве ќе го презентираме …

Continue Reading

Меџити ќе ја донесе во Чаир албанската пејачка Рона Нишлиу за славење на ноемвриските празници

Меџити: Рона Нишлиу во Чаир за посебен концерт посветен на ноемвриските празници Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити се сретна со познатата албанска пејачка Рона Нишлиу, која престојуваше во Скопје во рамки на подготовките за концертот што ќе се одржи по повод ноемвриските празници. Концертот ќе биде организиран во рамки на културните активности на Општина Чаир и ќе биде дел …

Continue Reading

Со трибина во „Паркот на бранителите“ во Драчево почна кампањата „Розов октомври“ за рано откривање малигни заболувања

Под мотото „Заедно за рано откривање, заедно за живот“, денес во „Паркот на бранителите“ во населбата Драчево се одржа едукативна трибина посветена на превенцијата и раното откривање на малигните заболувања. Настанот беше организиран од страна на Општина Кисела Вода, во соработка со Здружението „ХЕМА-ОНКО“. Со оваа трибина, официјално се означи почетокот на овогодишната кампања „Розов Октомври“. Кампањата која симболично стартуваше токму од …

Continue Reading

Се прават поседни подготовки за обнова на улицата Цветан Димов во Чаир

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, се пофали дека општината е претворена во големо градилиште оти во тек се неколку инфраструктурни проекти. Покрај улицата Ферид Мурад, поранешна Лазар Трпевски, која минува порај топланата во Скопје Север, која е во завршна фаза, веќе е апочна и реализацијата на проектот за Македонско-косовска ударна бругада, односно Мит’хат Фрашери, а во тек се и последните подготовки …

Continue Reading

(Видео) Герасимовски е на чекор да ја врати општината во 15 век оти глодари се шетаат по влезови, училишта и паркинзи, обвини Хаџиевска

Секојдневно сме сведоци на живи или угинати глодари пред нашите влезови, училишта, паркинзи, тротоари и пешачки патеки во општина Центар, вели Ана Хаџиевска од ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ. Хаџиевска јавно праша дали градоначалникот Горан Герасимовски потфрлил со дератизацијата. „Горан Герасимовски и неспособните кадри на СДС се на чекор да ја вратат општината во 15-ти век. Период засекогаш запомнет поради болестите …

Continue Reading

Подземната сообраќајница кај „Лимак“ треба да биде пуштена најдоцна до 2029 година – завршена е првата фаза

Подземната сообраќајница кај комплексот „Лимак“ е во напредна фаза на реализација, а Град Скопје со забрзано темпо продолжува со работата на останатите делови од проектот, соопшти Град Скопје. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, информира дека останува да се довршат осветлувањето и системот за заштита од пожари, како и асфалтирањето. Овие активности ќе се реализираат во завршната фаза, по завршувањето на останатите градежни …

Continue Reading

Град Скопје ги подготвува трасите и полначите пред пристигнувањето на новите 100 автобуси, најави Ѓорѓиевски

Во тек е рокот за испорака на новите автобуси, а Град Скопје паралелно ги презема сите потребни активности за подготовка на инфраструктурата, со цел автобусите веднаш по пристигнувањето да можат да бидат ставени во функција. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, истакна дека не се губи време и дека подготовките се одвиваат паралелно со рокот за испорака. Во моментов се …

Continue Reading

(Фото) Општина Карпош: Ново спортско игралиште за учениците во Основното училиште „Владо Тасевски“

Во ООУ „Владо Тасевски“, продолжува унапредувањето на спортската инфраструктура за најмладите преку реконструкција и изградба на модерно спортско игралиште за фудбал, кошарка и други спортски активности. Реконструкцијата се реализира преку соработка помеѓу Општина Карпош и Министерството за спорт, со што ќе се создаде современа спортска целина со нови терени и унапредени трибини, известува Општината. На увид во спортскиот простор присуствуваа …

Continue Reading