„Скопска Новогодишна приказна“ – Кисела Вода организира дочек на Новата 2025 година
На платото пред спортската сала Расадник, Општина Кисела Вода ќе организира весела и незаборавна прослава на Новата 2025 година. На 31 декември, под слоганот „Скопска Новогодишна приказна“, жителите на Кисела Вода и сите граѓани на Скопје ќе имаат можност да уживаат во целодневна програма со богати содржини за сите генерации, информираат од општината. Настанот започнува во 10:30 часот со настап …
Continue Reading
Ѓорѓиевски: Реконструктивни активности за современи услови за учениците од село Драчево
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска изврши увид во градежните активности во ООУ „Свети Климент Охридски“ во село Драчево, каде што се изведува целосна реконструкција на тоалетите и санација на фискултурната сала. Со оваа реконструкција, целосно се обновуваат тоалетите за учениците. Ќе бидат заменети сите санитарни елементи, поставени нови подни и ѕидни плочки, нови врати и нов плафон. …
Continue Reading
АХВ: Потврдена безбедноста на водата за пиење во Скопје
Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) денес спроведоа вонреден надзор во скопското јавно комунално претпријатие „Водовод и канализација – Скопје“ по викендов спроведените активности за санација, реконструкција и модернизација на градската водоводна мрежа и извршените испитувања на безбедноста на водата за пиење. Со контролата утврдено е дека ЈП претпријатие „Водовод и канализација – Скопје“ извршило хлорирање на …
Continue Reading
Предновогодишен концерт на Нокаут и диџеј Александар Јорданов, во петок на Боемска
Општина Центар информира дека в петок, 27 декември организира голем предновогодишен концерт „Вечер под ѕвездите“ со познатите македонски музички ѕвезди, групата „Нокаут“ и диџеј Александар Јорданов. Предновогодишната забава ќе почне во 20 часот, на локација „Боемска 1“. Герасимовски информира дека за загревање на атмосферата ќе биде задолжен легендарниот диџеј Александар Јорданов, по што ќе следат „Нокаут“. „Качете се на временската …
Continue Reading
Курто Дудуш ги повика скопјани Новата Година да ја дочекаат во Шуто Оризари: „Данела има недостаток на идеја“
Градоначалникот на Шуто Оризари ги повика скопјани на 31 декемри да дојдат на плоштадот во општината, најавувајќи богата музичка програма. „Покрај недостатокот на елементарна способност за обезбедување на основни јавни услуги, Данела има недостаток на идеја, волја и желба да се усреќат сограѓаните барем за нивогодишните празници, оставајќи ја најубавата јавна површина во градот штура, нема и без програма. Затоа, …
Continue Reading
(Фото) Празничен викенд во Ѓорче Петров – магија, радост и заедништво
Празничната атмосфера оваа година започна токму од општина Ѓорче Петров, носејќи радост, среќа и заедништво за сите генерации. Викендот беше исполнет со низа активности кои внесоа празничен дух во секој агол на нашата општина, информира општината. Во саботата, караванот „Зимска Бајка“ донесе магична празнична атмосфера во паркот на Ѓорче Петров. Најмладите преку детскиот музички фестивал „Соната“, кој оваа година одбележува …
Continue Reading
Во текот на викендот се подигнати 𝟨𝟧 кубни метри непрописно одложен отпад
Во текот на изминатиот викенд, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираа активности за отстранување приближно 65 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир, Гази Баба и Кисела Вода, известија од Комунална хигиена-Скопје. Повторно е интервенирано на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица), каде што се подигнати 20 кубни метри претежно мешан комунален отпад одложен на јавна површина …
Continue Reading
Дедомразовска трка в недела во Скопје
Оваа недела, на 29 декември, Скопје ќе блесне во празничен дух со јубилејното 10-то издание на традиционалната трка на Дедо Мразовци што ќе се одржи на Плоштад Македонија. Стотици учесници облечени во дедомразовски костуми ќе трчаат низ главниот град, внесувајќи радост и забава за сите генерации. Трката, освен натпреварувачкиот карактер, нуди и многу забава и е отворена за сите – …
Continue Reading
Герасимовски: Во среда македонски евергрини на „Џез под ламба“ кај Италијанска амбасада
Општина Центар, информира дека и годинава, во среда, 25 декември со почеток во 19.00 часот ќе се одржи настанот „Џез под ламба“ на пјацетата кај Италијанска амбасада. Градоначалникот Горан Герасимовски, информира дека на овој настан граѓаните ќе имаат можност да слушаат џез верзија на македонските евергрини од Искра Србиновска квартет, но и да пробаат греано вино и печени костени. „Во …
Continue Reading