Подигнати 55 кубни метри отпад од диви депонии во Чаир и Центар

Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, ЈП Комунална хигиена-Скопје подигна и транспортира приближно 55 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир и Центар. „Најголемиот дел од активностите се одвиваа во скопската општина Чаир, каде што е отстранета обемна дива депонија лоцирана на улицата Џон Кенеди, во непосредна близина на ООУ „Васил Главинов“. Оваа локација …

Continue Reading

(Фото) Герасимовски: Градинката Пролет изградена по светски стандарди, прва по 50 години и финансирана од општината

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски информира дека новата градинка Пролет која е прва по пет децении е изградена по највисоки светски стандарди за поквалитетен престој на дечињата и подостоинствени услови за работа на вработените. „Градинката Пролет е прва во населбата Пролет и прва по 50 години во општината. Истата е енергетски ефикасна и модерна која треба да обезбеди опфат …

Continue Reading

Скопје повторно руши рекорди, се најде на прво место во Европа по загаденост

Скопје се најде на седмо место на листата најзагадени градови во светот а прво во Европа, со индекс на загаденост од 164, покажаа податоците од платформата IQAir. По општини, најзагадено утрово е во Центар со индекс на загадување од 196, потоа следуваат Лисиче, Карпош, Ѓорче Петров, Гази Баба, Ректорат, Кисела Вода. Мерењата покажуваат дека ПМ2,5 честичките утрово се застапени во …

Continue Reading

Градоначалникот Ѓорѓиевски и отец Оливер подготвија оброци за социјално загрозените семејства за Божиќ

Во духот на големиот христијански празник Божиќ, градоначалникот на општина Кисела Вода заедно со отец Оливер од хуманитарната организација „Свети Спас“ подготвија оброк за социјално загрозените семејства. Градоначалникот упати искрени честитки до сите граѓани, истакнувајќи ја важноста на споделувањето и солидарноста, особено со оние на кои им е најпотребно. -Честит Божиќ, Христос се роди! Најдобар начин да го славиме раѓањето …

Continue Reading

Герасимовски: Бадник е празник што обединува и поттикнува солидарност

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски утрово присуствуваше на традиционалната прослава на Бадник во дворот на Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Настанот почна со делење на осветените бадникови гранчиња на влезовите од храмот, како симбол на празникот и духовната сплотеност. „Бадник е повеќе од празник, тоа е ден што нè потсетува на вредностите на семејството, заедништвото и љубовта. …

Continue Reading

(Фото) Градоначалникот на општина Илинден ги пречека бадниковите коледари

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, денеска ги пречека младите коледари кои со песна ја вознесоа веста за Христовото Раѓање. На Бадниковите коледари од општина Илинден кои се собраа во голем број, градоначалникот им подари коледарско пакетче, им посака добро здравје и да имаат среќни празници. Од пред Домот на култура во Илинден Бадниковите коледари се упатија кон Градскиот плоштад …

Continue Reading

Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека денеска по повод Христијанскиот празник Бадник на подрачјето на град Скопје ќе се одржи Бадникова манифестација во склоп на Бадникови Поворки и свечен собир на Кумовите бадникари на платото на Соборниот Храм Св. Климент Охридски, како и Божиќна манифестација во склоп на Бадникови Поворки со траса на движење од пред општинската зграда …

Continue Reading

Почувствуван земјотрес во Скопје и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера вечер, 5 јануари 2025 година во 23 часот и 12 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 24 километри северозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.8. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е …

Continue Reading

Град Скопје тврди дека презема засилени контроли за почист воздух и казни за прекршителите

Град Скопје тврди дека продолжува со засилени инспекциски надзори на терен 24 часа дневно, со цел да го намали загадувањето и да ја заштити животната средина. Од Одделението за односи со јавноста при Градот истакнуваат дека неселективно се изрекуваат казни за сите прекршители на законот, кои го загрозуваат здравјето на граѓаните и ја загадуваат животната средина. „Во изминатата година изречени …

Continue Reading