Без вода утрово жителите на Ленинова

Поради дефект, жителите на улицата Ленинова утрово ќе останат без вода. „Поради дефект на приклучна цевка од Ф 1” (Цол) на улицата Ленинова бр.77, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од Ленинова ( потегот од бул.Митрополит Теодосие Гологанов до ул.Никола Тримпаре од 09:00 часот до санирање на дефектот. (општина Центар)“, соопшти Водовод.

Continue Reading

ЈП Комунална хигиена-Скопје подигна 22194 кубни метри отпад од диви депонии во 2024 година

Во периодот јануари-декември 2024 година, ЈП Комунална хигиена-Скопје отстрани вкупно 22194 кубни метри отпад од голем број диви депонии лоцирани во сите скопски општини. „Дивите депонии се создаваат како резултат на несовесното и непрописно одлагање отпад на јавни или сообраќајни површини, со што директно се загадува животната околина и се загрозува јавното здравје. Најмногу диви депонии во текот на 2024 …

Continue Reading

Субвенции за поправка на покриви на згради и замена на азбестни покриви на куќи во општина Карпош

Согласно Програмата за уредување на градежно земјиште за 2025 година, Општина Карпош денеска објави Јавен повик за доделување финансиска подршка за поправка и санација на кровни покривачи на станбени згради за колективно домување и замена на азбестни кровни покривачи на индивидуални станбени објекти (куќи), на своја територија. Во таа насока, за колективните станбени објекти (зградите), локалната самоуправа ќе субвенционира најмногу …

Continue Reading

Субвенции за санација на постоечки и поставување на нови лифтови во зградите во Карпош

Согласно Програмата за уредување на градежно земјиште за 2025 година, Општина Карпош денеска објави Јавен повик за доделување на финансиска поддршка за поправка и санација на постоечки лифтови и поставување нови лифтови на станбени згради за колективно домување, на своја територија. Во таа насока, локалната самоуправа ќе субвенционира најмногу до 50%, но не повеќе од 500.000 денари од вкупниот износ …

Continue Reading

Дел од општина Карпош денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано два прекини во водоводната мрежа и тоа: – Поради промена на вентил од ф 2“ на улицата Никола Парапунов бр.5 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Никола Парапунов во општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување на работните активности. – Поради дефект на приклучна …

Continue Reading

Хуманитарни пакети за социјално загрозените лица во општина Ѓорче Петров

Денес, на денот на Свети Василиј Велики – симболот на дарежливоста и хуманоста, Општина Ѓорче Петров, заедно со градоначалникот Александар Стојкоски, спроведе акција за доделување хуманитарни пакети на социјално загрозените лица и семејства, извести општината. Акцијата беше реализирана во соработка со општествено одговорна компанија, со цел да се пружи поддршка на оние на кои им е најпотребна во овие празнични …

Continue Reading

Комунална хигиена-Скопје продолжува со активностите за расчистување на снегот во сите скопски општини

И во текот на вчерашното деноноќие, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје во три смени реализираа активности за рачно и машинско чистење на снегот и мразот на булеварите и поголемите улици во сите скопски општини, како и во пешачките зони во централното градско подрачје, велат од Комунална хигиена-Скопје. Воедно, во скопската општина Чаир беа спроведени и вонредни активности за отстранување неколку …

Continue Reading

ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје реализира активности за расчистување на снегот во сите скопски општини

Вчера, ЈП Комунална хигиена-Скопје со максимална ангажираност на сите расположливи работници во три смени спроведуваше активности за рачно и машинско чистење на снегот и мразот на булеварите и поголемите улици во сите скопски општини, со цел да се овозможи безбедно движење на пешаците и одвивање на сообраќајот. „Активности за расчистување на снегот и мразот беа реализирани и во централното градско …

Continue Reading

Герасимовски: Екипите на Центар на терен, се фрла сол и се расчистуваат улиците, тротоарите и пешачките патеки

Синоќа на терен беа ангажирани четири големи возила и две мали, при што интензивно се посипуваше со сол и се работеше на расчистување на улиците во населбите: Мало Курило, Водно, Дебар Маало, Маџир Маало, Кале, Капиштец и Крњево. Утринава се чистат тротоарите и приодите до јавните установи, како што се амбуланти, здравствени и пензионерски домови, детски градинки, со цел да …

Continue Reading