Без вода денеска дел од Аеродром

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 150 мм на булеварот Видое Смилевски – Бато б.б – кај полициската станица, без вода ќе останат корисниците од булеварот Видое Смилевски – Бато, општина Аеродром. Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 08.00 часот па се до завршување на работата.

Continue Reading

(Фото) Вандализирано детско игралиште во Карпош 1

Повеќе детски реквизити, како и дел од останатата урбана опрема, се оштетени на детско игралиште во Карпош 1, информира Општина Карпош. Од Општината велат дека повторно се соочуваат со вандализирање на јавната и урбаната опрема. Општина Карпош секоја година издвојува средства за одржување, обновување и унапредување на јавните површини, а континуирано инвестира и во поставување и реконструкција на детски игралишта …

Continue Reading

„Чинија љубов“ во „Лајка“: подготвени 210 оброци за бездомните кучиња

Вкупно 210 готвени оброци беа подготвени и поделени на првиот настан „Чинија љубов“, кој вчера се одржа во дворот на ЈП „Лајка“ под мотото „Збор на денот: заедница“. Настанот ги обедини граѓаните околу заедничката цел – подготовка на храна за бездомните кучиња. Со полна чинија биле нахранети сите кучиња во прифатилиштето, како и оние кои се наоѓаат во неговата околина. …

Continue Reading

(Фото) „Прва помош во урбана средина“ – почна 32. Државен натпревар во Скопје

На Плоштадот „Македонија“ денеска почна 32. Државен натпревар по прва помош, чиј домаќин е Црвениот крст на Град Скопје. На натпреварот учествуваат најдобрите младински екипи од земјава, кои преку реални сценарија ќе ги покажат своите знаења и вештини за укажување прва помош. Годинашниот натпревар се одржува под мотото „Прва помош во урбана средина“, а натпреварувачите ќе се соочат со ситуации …

Continue Reading

(Видео) Нацева: Неготино оди напред, се инвестира во модернизација на училишта и подобра инфраструктура

Во Општина Неготино во изминатата година се реализирани и започнати повеќе инфраструктурни проекти, а преку два јавни повика од Владата се обезбедени вкупно 240 милиони денари за 15 проекти, информираше денеска градоначалничката Марија Нацева, презентирајќи отчет за едногодишното работење. – Кога зборуваме за развој на една општина, инфраструктурата е основата. Затоа во изминатата година ова беше еден од нашите најголеми …

Continue Reading

Во Општина Кисела Вода се одржа втората едукативна трибина за женското здравје

Во Големата сала на Општина Кисела Вода, вчера се одржа втората едукативна трибина за женското здравје. Овој настан е дел од низата активности на Општина Кисела Вода заедно со Здружението „ХЕМА-ОНКО“ во рамките на овогодишната кампања „Розев Октомври“. Настанот беше посветен на превенцијата, раното откривање и лекувањето на цервикалниот канцер. Целта на оваа средба беше преку стручни совети и реални …

Continue Reading

Герасимовски: Отстранета нелегалната конструкција на „Даме Груев“ , јавниот простор вратен на граѓаните

Општина Центар ја отстрани металната конструкција на улица „Даме Груев“. Со нејзиното демонтирање, пешачката патека повторно е слободна за движење. „Го расчистивме просторот и го вративме на пешаците, на кои им припаѓа. Јавните површини мора да бидат слободни и достапни за сите“, рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Конструкцијата, која претходно се користеше како тераса, ја зафаќаше пешачката зона …

Continue Reading

ЈСП воведува дигитална студентска картичка за бесплатен јавен превоз

ЈСП Скопје, со поддршка од Град Скопје и во соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, започнува со воведување дигитална студентска превозна картичка за користење на бесплатниот јавен превоз. Новото решение ќе се имплементира за студентите на државните универзитети во Скопје, вклучително и Универзитетот „Мајка Тереза“. Процесот ќе се одвива целосно дигитално, преку автоматска синхронизација на податоците меѓу …

Continue Reading

Промена во програмата на „Гола месечина“ поради најавите за дожд

Поради најавите за дожд, програмата на фестивалот „Гола месечина“ предвидена за вечерва се одложува и ќе се реализира во понеделник. Фестивалот продолжува според планираното во сабота и недела, додека програмата предвидена за вечерва ќе биде реализирана во понеделник. „Ве очекуваме во паркот „Авионче“ на фестивалски денови исполнети со музика, забава и добра атмосфера“, велат од општина Аеродром.

Continue Reading