Делови од Центар, Бутел, Чучер Сандево и Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа денеска, без напојување со електрична енергија ќе останат: • од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од бул. Партизански Одреди, поточно објектите во околината на ТИНЕКС Маркет – Деликатес како и дел од ул. Мирослав Крлежа, …
Continue Reading
Дел од општина Центар денес без вода
Без вода од 08:30 часот до завршување на дефектот ќе бидат корисниците на дел од улица „Димитрие Чуповски“ во Општина Центар. Прекинот, како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, е поради уличен дефект Ф-100 мм на крстосницата на улицата „Димитрие Чуповски“ и булеварот „Св.Климент Охридски“.
Continue Reading
Општина Центар обезбедува бесплатни советодавни услуги од психолог, правник и социјален работник за граѓаните кои биле жртви на насилство или друга злоупотреба
Општина Центар во соработка со Националниот совет за родова рамноправност овозможува бесплатни советодавни услуги од психолог, правник и социјален работник за граѓаните кои претрпеле насилство или биле било како злоупотребени. Станува збор за давање бесплатни совети од страна на стручни тимови со различни области. Психолошкото советување опфаќа психолошката помош обезбедена од страна на стручно лице-психолог искусен за траума и злоупотреба …
Continue Reading
Започнаа увидни дејствија во опожарена зграда во Чаир
Откако од страна на СВР Скопје беа извршени сите подготовки и беше обезбеден влез во објектот, Основното јавно обвинителство Скопје и полициски екипи ги започнаа увидните дејствија во зградата на улицата „Прохор Пчињски” во Чаир каде на 2 октомври избувна пожар во подрумските простории. Пристапот до објектот се врши строго контролирано и најпрвин во присуство на станарите се врши попис …
Continue Reading
Со инклузивна детска претстава Кисела Вода ги одбележа Светскиот ден на лицата со церебрална парализа и Детската недела
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски синоќа беше дел од одбележувањето на Светскиот ден на лицата со церебрална парализа и Детската недела. Во МКЦ, во организација на Општина Кисела Вода, Здружението на деца и родители со церебрална парализа, заедно со децата од Детскиот алтернативен театар „Мали, а, големи“, пред преполна сала, се одигра инклузивната детска претстава „Малиот принц“. -Денес сме тука заедно да …
Continue Reading
Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота
СВР Скопје ги известува граѓаните дека на 12.10.2024, сабота, во периодот од 06.00 до 18.00 часот, поради снимање на филм на мостот Беласица, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај. Имено сообраќајот на ул.„Беласица“ (мост Беласица) периодично ќе се затвора на потегот од крстосница со ул.„Ѓуро Ѓоновиќ“ до крстосница со бул.„Гоце Делчев“ во …
Continue Reading
Герасимовски: Во заедничка акција со ПОЦ и МВР ги креваме хаварисаните возила кои со години узурпираат јавен простор
Општина Центар заедно со пајак службата при Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ и МВР денеска ги крева хаварисаните возила кои не се во возна состојба и со години зафаќаат паркинг простор или се на јавна површина. Во денешната акција ќе се подигаат хаварисани возила спроти Соборниот храм и пред бараките на Општина Центар. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски …
Continue Reading
Расчистени обемни диви депонии во општините Центар, Чаир и Бутел
Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 60 кубни метри отпад од неколку диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир, Центар и Бутел. Отстранети се 20 кубни метри отпад од обемна дива депонија лоцирана на улицата Џон Кенеди, во непосредна близина на ООУ „Васил Главинов“, како и големо количество органски …
Continue Reading
Град Скопје: Сите даночни и таксени обврзници кои немаат платено данок на имот и комунална такса, веднаш да ги подмират своите обврски
Град Скопје ги известува сите даночни и таксени обврзници дека за оние лица кои не ги подмириле своите обврски за комунална такса фирмарина за 2021, 2022 и 2023 година, како и за должниците за данок на имот, се отпочнува со присилна наплата и забрана на користење средства. Сите даночни и таксени обврзници кои немаат платено данок на имот и комунална …
Continue Reading