Околу 30.000 граѓани учествуваа во големата еко-акција за чисто Скопје

Околу 30.000 граѓани денеска се приклучија на големата акција за расчистување на Скопје, во рамки на која илјадници сограѓани, заедно со градоначалници, претставници на амбасади, јавни личности, млади и волонтери, со заеднички ангажман придонесоа за почист и поуреден град. Акцијата ја обедини граѓанската заедница околу заедничката цел – подобрување на животната средина и создавање почисти и побезбедни простори за сите …

Continue Reading

Пожар во стан во Скопје, 11-годишно дете пренесено во болница

Единаесетгодишно девојче е пренесено во болница по пожар што настанал во стан во Скопје. Според информациите на МВР, вчера во 10:24 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Воденска“ во Скопје настанал пожар во стан. Екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгасила пожарот, а поради вдишување на чад, 11-годишна малолетничка со возило на Итна медицинска помош била …

Continue Reading

Бесплатна психосоцијална поддршка за млади во ризик од употреба на дроги во Центар

Општина Центар, во соработка со Здружението ХОПС, обезбедува бесплатна психосоцијална поддршка за младите во ризик од употреба на дроги и за нивните семејства. Во Дневниот центар за рехабилитација и реинтеграција на ХОПС, младите и нивните семејства добиваат стручна помош, советување и третман во безбедна средина, без осуда и стигматизација. Достапни се психолошка и психијатриска поддршка, помош од социјален работник, советување …

Continue Reading

Левица Град Скопје: Да се укине групното поставување советнички прашања – трет пат нема да дозволиме нормална седница

„Утре Советот на Град Скопје повторно ќе одржи седница посветена на советнички прашања. Пред нејзиното одржување, Советничката група на Левица уште еднаш јавно бара да престане практиката на групно поставување и групно одговарање на советничките прашања, против која реагираме веќе две последователни седници“, велат од Левица. „Советничките прашања постојат за советникот непосредно да побара отчет, да го слушне одговорот и, …

Continue Reading

Грејната сезона ќе започне на 15 октомври

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) ја информира јавноста дека грејната сезона започнува на 15 октомври 2026 и завршува на 15 април 2027 година. Грејната сезона може да почне и порано, од 1 октомври и да заврши најдоцна до 30 април, во случај кога прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е …

Continue Reading

Без вода дел од Центар

ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради дефект на приклучна цевка Ф-5/4 на улицата Лермонтова 16 во населба Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Лермонтова. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до санирање на дефектот.

Continue Reading

Општина Аеродром поставува нова урбана опрема

Општина Аеродром продолжува со уредување и модернизирање на јавните површини. Во повеќе населби се поставуваат нови клупи за седење и канти за отпадоци, а постојните бетонски клупи добиваат нови дрвени седишта, сооппштија од Општината. „Паралелно, интензивно работиме на обнова и уредување на детските и спортските игралишта, создавајќи побезбедни, поуредни и попријатни места за игра, спорт, рекреација и дружење. Чекор по чекор, …

Continue Reading

Стаменкоска Трајкоска: Корупцијата не е само изолиран предизвик, таа е сериозна пречка за економскиот напредок

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска денес беше дел од јавно-приватен дијалог кој ги обедини претставниците на институциите, бизнис заедницата и младите од Општина Кисела Вода. Настанот се реализира како дел од проектот за мобилизирање на малите и средните претпријатија како лидери против корупцијата, чиј организатор и кофинансиер е Фондацијата Конрад Аденауер, заедно со Европската Унија. Отворената дискусија …

Continue Reading

Отстранети 915 кубни метри отпад од диви депонии во скопските општини

Во текот на изминатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстраниле 915 кубни метри непрописно одложен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество отпад од диви депонии, според соопштеното, бил подигнат во општината Центар, каде што се расчистени вкупно 185 кубни метри непрописно одложен отпад. „Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела изготви 15 записници …

Continue Reading