Градоначалникот Стефковски: Изминатите три години успеавме да го вратиме спортот насекаде низ општина Гази Баба
Вчеравечер се одржа првиот тематски настан на тема „Гази Баба за спортот“ на кој беа презентирани постигнатите резултати во областа на спортот во мандатниот период 2021 – 2025 година под раководство на градоначалникот Бобан Стефковски. Пред присутните во своето обраќање, градоначалникот Стефковски ги истакна реализираните проекти во оваа област, а вооедно и ја најави реализацијата на проектите кои ќе следуваат …
Continue Reading
Герасимовски: „Дебарца” се реконструира, вложуваме во побезбеден и поквалитетен сообраќај
Општина Центар започна со реконструкција на улицата „Дебарца”, на потегот од улицата „Ленинова” до студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“. Се реконструира делница во должина од 220 метри, со целосна санација на коловозната површина од 1.700 квадратни метри, како и обновување на тротоарот од едната страна со површина од 1.000 метри квадратни, извести општина Центар. „Продолжуваме со реконструкција и санирање …
Continue Reading
Обуки за безбедна евакуација во училиштата во општина Ѓорче Петров
Во насока на унапредување на безбедноста во основните училишта, Општина Ѓорче Петров одржа координативен состанок со директорите на сите основни училишта од општината, како и со претставници од Министерството за внатрешни работи. На состанокот се разгледуваше и договори примена на Протоколот за безбедна евакуација од училишта и справување со паника во итни ситуации. „Целта на протоколот е да се обезбеди …
Continue Reading
Изгаснат пожарот спроти Клиничкиот центар во Скопје, изгоре возило
Изгаснат е пожарот спроти Клинички центар во Скопје. Во пожарот изгоре возило, а густиот чад се гледаше и од центарот на градот. На терен излезе полицијата и противпожарните служби. Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.
Continue Reading
Општина Илинден започна со изградба на тротоар на дел од улица „2“ во населба Илинден
Во рамки на Проектот за подобрување на патната инфраструктура – изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на локалните улици и патишта, Општина Илинден започна со изградба на тротоар на дел од улица „2“, во населба Илинден. Работите се одвиваат на потегот од раскрсницата на улица „2“ со улица „7“ до мост на секундарен А – канал, во должина од 220 метри, …
Continue Reading
Герасимовски: Центарци аплицирајте за субвенции за велосипед, поддржуваме еколошки транспорт
Градоначалникот Горан Герасимовски, ги повикува центарци да аплицираат на јавниот повик за субвенции за купување велосипеди, е-велосипеди, е-тротинети и дополнителна опрема. Општина Центар, активно го поттикнува користењето на алтернативни и еколошки превозни средства. Од 2022 година досега, доделени се 376 субвенции за велосипеди, 47 за е-велосипеди и е-тротинети, како и 7 субвенции за дополнителна опрема. „Возењето велосипед е една од …
Continue Reading
Дел од Центар денеска без вода
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека денеска поради промена на затварач ф 2“ на улицата Црвена Скопска Општина бб прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица, Министерството за Транспорт и Врски и деловните објекти во општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот …
Continue Reading
Се асфалтира нова улица во населба Драчево
Се врши целосно асфалтирање на нова улица во населбата Драчево, која за првпат овозможува директно поврзување меѓу две значајни сообраќајни артерии – улиците „Румена Хаџипанзова“ и „Киро Фетак“. Се работи за делница во должина од околу 900 метри, која претставува важно логистичко и сообраќајно олеснување за жителите на Драчево, но и за сите кои секојдневно се движат низ овој дел …
Continue Reading
Герасимовски: Целосно исчистена депонијата кај Буњаковец
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, информира дека целосно е исчистена дивата депонија зад катната гаража во Буњаковец, во близина на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“. Отстранувањето започна минатиот месец како дел од акцијата за чистење „Центар не чека, Центар чисти“, при што беа подигнати големи количини отпад, се миеја улици и се подобруваше хигиената низ целата општина. „Целосно ја исчистивме …
Continue Reading