Герасимовски: Во тек е акцијата за собирање кабаст отпад, службите се на терен

Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека во тек е акцијата за собирање кабаст отпад на територија на Општина Центар. На три локации, на улиците „Загребска”, „Костурски херои” и „Пролет”, поставени се контејнери за одлагање кабаст отпад. Дополнително, секој жител на Општина Центар може да пријави дива депонија на телефонските броеви: 02/3203-693 и 076/350-767. „Со оваа акција, продолжуваме да се грижиме за …

Continue Reading

Перински во Ѓорче Петров: Продолжуваме со балансиран развој на целата општина за подобра иднина на сите

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, заедно со неговиот заменик, Ерџан Селими, денеска ја посетија скопската Општина Ѓорче Петров, како дел од теренските посети на општините „Каде што срцето е дома“. Одржаа работна средба со градоначалникот Александар Стојкоски и членовите на општинскиот Совет, на која разменија мислења за актуелните измени на Законот за локална самоуправа, зборуваа за предизвиците со кои …

Continue Reading

Герасимовски: Јавен повик за доделување локации за поставување на подвижни објекти во Центар, ги поддржуваме малите бизниси

Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека Општина Центар и годинава објави јавен повик за доделување на локации за поставување подвижни објекти, подвижни апарати и други подвижни направи на 14 локации во централната градска зона. Право на учество имаат сите правни и физички лица со регистрирана дејност и сите лица што вршат занаетчиска дејност, а подвижните објекти може да се користат за …

Continue Reading

Прекинато водоснабдување во делови од Скопје

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска ( среда ) без вода ќе останат следните корисници: · поради изведување на приклучок од Ф-100мм на ул.20 бр.6 во с.Трубарево, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од с.Трубарево, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до санирање на дефектот. ( општина Гази Баба) · поради уличен дефект Ф-400мм на булевар 8ми-Септември во …

Continue Reading

Зелен хуман град: Претседателката да не ги потпишува контроверзните измени на Законот за Урбанистичко планирање

Не ги потпишувајте контроверзните измени на Законот за урбанистичко планирање со кои се овозможува уништување на плодно земјоделско земјиште со поставување на фотоволтаични централи и ветерници, се вели во отвореното писмо на граѓанската иницијатива Зелен хуман град до престедателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова. „Ве повикуваме да покажете дека навистина сте претседателка на сите граѓани и да постапите во корист на …

Continue Reading

Јакимовски: Повторно угинати животни во скопската Зоолошка градина, итно затворање и одговорност од надлежните

Градската организација на Либерално-демократската партија, бара одговорност за последното угинување на животни во зоолошката градина во Скопје, и како директни виновници ги посочува раководството на Зоолошката градина во Скопје и градоначалничката Данела Арсовска. „Во вторникот на 11 февруари, при утринска контрола во Зоолошката градина затекнати се угинати животни, берберски овци, кои се последните жртви од лошото менаџирање како со Зоолошката …

Continue Reading

​Ѓорѓиевски: Не смее да има недопирливи функционери, ЗЕЛС иницираше законски измени за одговорност

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денес присуствува на четвртиот консултативен настан за измените и дополнувањата на Законот за локална самоуправа, каде со министерот, претставници од Министерството за локална самоуправа, градоначалници, експерти, УНДП и граѓанскиот сектор се дискутира за клучните реформи што треба да ја направат локалната власт поодговорна и поефикасна. Главното барање, кое беше …

Continue Reading

Изминатата седмица санкционирани 𝟣𝟧𝟢 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 10.02. до 16.02.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 150 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, известуваат од ПОЦ. ЈП ПОЦ и Општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните …

Continue Reading

Герасимовски: Покренавме иницијатива, излеговме на терен, време е за закон-општокорисна работа за младите вандали

Општина Центар информира дека градоначалникот Горан Герасимовски, заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, синоќа направија акција со патрола низ Центар за да видат каква е состојбата со присуство на малолетници во доцните часови. „Центар е првата општина што покрена иницијатива малолетниците што вандализираат на јавни површини да вршат општокорисна работа. Со …

Continue Reading