Голема крводарителска акција во Центарот за култура во Ѓорче Петров

Во организација на Општина Ѓорче Петров, Црвениот крст и Институтот за трансфузиона медицина на Република Македонија, денеска во Центарот за култура се одржа голема крводарителска акција, која обедини бројни хумани граѓани под заедничка мисија – спасување животи. Градоначалникот Александар Стојкоски, кој исто така е крводарител и даруваше крв денес, истакна дека крводарувањето е едно од најголемите хумани дела што секој …

Continue Reading

Герасимовски: Комунална хигиена и Град Скопје повторно потфрлија, ние ги исчистивме контејнерите во Дебар маало

„Град Скопје и ЈП Комунална хигиена повторно потфрлија со одржувањето на хигиената на територија на Центар. Утрово, дебармаалци се соочија со идентична глетка како од пред два месеци – преполни контејнери со смет и лоша миризба кои не само што се закана по здравјето на центарци, туку, исто така и го нагрдува изгледот на централното градско подрачје кадешто циркулираат голем …

Continue Reading

Општина Аеродром ги повикува жителите да пријават штети од излевањето на Маркова Река во Горно Лисиче

По обилните дождови во изминатите денови, од своето корито се излеа Маркова Река, при што се поплавени и делови по течението во Горно Лисиче. „Веднаш по излевањето беше ангажирана механизација што работеше на одводнување на коритото на реката и на заштита од евентуални поплавувања на објектите за домување“, велат од општина Аеродром. В. д. градоначалникот на општина Аеродром, Дејан Митески, …

Continue Reading

Без струја Шуто Оризари и Зелениково

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 08.30 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. Гарсија Лорка (општина Шуто Оризари) – во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од Градовци, Тисовица, Гумалево, Пакошево, Спектар Комерц, Добрино, Дејковец, Ново Село и Пакошево (општина Зелениково)

Continue Reading

Нова сообраќајка на Партизанска: автомобил удри во жена, тешко е повредена

Шеесет и осумгодишна жена од Скопје била удрена од автомобил денес околу 16 часот на улицата Партизански одреди. Таа е пренесена во Градската болница и констатирани и се тешки телесни повреди. Од МВР информираа дека во неа удрило патничко возило „опел” со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Ј.(26) од Скопје. Известен е јавен обвинител и против В.Ј. ќе биде поднесена …

Continue Reading

Општина Центар започна со редовна пролетна дератизација

Општина Центар започна со редовна пролетна дератизација на целата територија. Во текот на следните две недели ќе бидат опфатени над две илјади шахти, со цел уништување на штетни глодари и инсекти, како и превенција од можни заразни болести. Дератизацијата се спроведува два пати годишно, во пролет и есен, и претставува една од клучните мерки што Општината ги презема за заштита …

Continue Reading

Одбележан Денот на раѓањето на Ѓорче Петров

На споменикот на великанот Ѓорче Петров по повод Денот на неговото раѓање, бројни делегации денеска положија цвеќе во чест на патронот на општината. Делегацијата од Општина Ѓорче Петров ја предводеше градоначалникот Александар Стојкоски кој се обрати пред присутните, нагласувајќи дека денес, кога се одбележува Денот на раѓањето на македонскиот великан, срцата на сите ѓорчепетровци се исполнети со почит и благодарност. …

Continue Reading

Ѓорѓиевски по справувањето со надојдените води: Наместо да излезат на терен, некои чекаат да се случи нешто лошо, за да ја напишат својата следна критика

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски со објава на социјалните мрежи по синоќешните случувања, во кои му се приклучи на градоначалникот на општина Студеничани, Азем Садику, во справување со надојдените води на Маркова Река за ситуацијата што побрзо да се стави под контрола, упати  порака: во моменти на криза, не постојат институционални граници, постојат само човечки животи. Потенцираше дека во критични моменти не …

Continue Reading

Нема опасност за жителите по излевањето на Маркова река

Нема опасност за жителите од излевањето на Маркова река, а водостојот е вратен во коритото, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување. Од таму додаваат дека еден тим за брз одговор интервенирал со пумпи за извлекување на вода и истите ќе интревенираат по потреба во текот на денот. „По првичната информација за излевањето на Маркова река во Општина Студеничани, село Батинци, …

Continue Reading