Герасимовски: Општина Центар останува отворена за најмладите, учиме како се гради современа заедница

Во Општина Центар се одржа едукативна посета на ученици од повеќе основни училишта, во рамки на наставната програма посветена на локалната самоуправа и нејзиното функционирање. Градоначалникот Горан Герасимовски на учениците им ја претстави работата на општинските служби, процесите на носење одлуки и начинот на кој локалната самоуправа ги реализира проектите што го подобруваат секојдневието на граѓаните. Децата учествуваа со прашања …

Continue Reading

Во Кучевишка Бара се гради нов спортско-рекреативен центар на 2000 метри квадратни

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, денес изврши увид во градежните активности за изградба на новиот спортско-рекреативен центар во населбата Кучевишка Бара. Комплексот ќе се простира на површина од 2000 метри квадратни и ќе вклучува фудбалско игралиште со висококвалитетна вештачка трева, детско игралиште, летниковец, нови клупи, парк и зелени површини. Од Општина Бутел порачаа дека општината се менува, а маалскиот …

Continue Reading

Партијата Левица со Иницијатива во Град Скопје за чекор кон енергетска независност и крај на скапата струја

„Советничката група на Левица во Советот на Град Скопје поднесе иницијатива за формирање на градско енергетско претпријатие „Енергија Скопје“ ДООЕЛ, чија цел е Градот Скопје конечно да ја намали зависноста од скапото купување електрична енергија и да обезбеди сопствено производство од обновливи извори“, известуваат од Левица. „Градот Скопје и јавните претпријатија во моментов плаќаат огромни износи за струја. Наместо средствата …

Continue Reading

Без струја денеска дел од Карпош

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: · во периодот од 09:00 до 15:00 часот, дел од корисниците на ул. Струшка бр.7А (општина Карпош)

Continue Reading

Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска: · поради промена на вентил во шахта од Ф-6/4 (во објект на Министерство за Одбрана) на ул.1732 бр.32 во општина Центар, со прекинато водоснабдување ќе бидат, Собрание на град Скопје, општина Центар, Ноќен клуб Маракана и Сити Хотел од 09:00 часот до завршување со активностите. (oпштина Центар) · поради промена на вентил …

Continue Reading

Градоначалникот на Општина Гази Баба се откажува од користењето на службено возило

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, објави дека се откажува од користењето на службено возило „Никогаш немам дозволено личните привилегии да бидат мотив или водилка во мојата работа. Поради тоа, сакам да ја информирам јавноста дека и во мојот втор мандат се откажувам од користењето на службено возило кое е предвидено за користење на градоначалникот, како и од средствата …

Continue Reading

Сомнеж за труење со храна: ученици од Скопје со стомачни болки, затворена кујната во училиштето

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во координација со Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје, спроведуваат вонреден инспекциски надзор во кујната на ООУ „Димо Хаџи Димов“. Надзорот следува по утринското известување дека поголем број ученици пријавиле стомачни болки. Кујната е привремено затворена додека се утврдува можниот извор на евентуално …

Continue Reading

(Фото) Герасимовски: Отстранета доградената дивоградба на ресторанот „Мечка“

Во рамките на акцијата за отстранување дивоградби, Општина Центар ја урна нелегалната доградба на ресторанот „Мечка“ во Дебар Маало. Доградбата го блокираше тротоарот, дел од коловозот и пешачкиот простор, велат од Општината. „Нема да дозволиме узурпирање на јавен простор поради приватни интереси. За секој објект каде што ќе утврдиме нерегуларности ќе издадеме решение за негово отстранување“, изјави градоначалникот на општина …

Continue Reading

(Фото) Ѓорѓиевски: Кејот на Вардар ќе се чисти секојдневно, скопјани заслужуваат убава, уредена и чиста метропола

Во рамки на тековните активности за уредување на јавните површини и подобрување на хигиената во градот, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ја информира јавноста за интензивното чистење и одржување на кејот на реката Вардар. „Континуирано се врши темелно чистење на кејот на реката Вардар, заедно со нејзиното корито. Екипите на јавните претпријатија во координирана и организирана акција, ги расчистуваат …

Continue Reading