Цел Аеродром без струја поради голем пожар на Вардариште
Голем пожар изби попладнево на дивата депонија Вардариште каде што е зафатен поголем простор и постар објект. Во моментот интервенираат 13 пожарникари со 5 ПП возила, а исклучени се далекуводите за Аердром и Лисиче заради пожарот.
Continue Reading
(Видео) Храбри полицајци гаснеа пожар во Бутел и завршија во болница, Костовски најави награда
Двајца полицајци од полициската станица Бутел денеска покажаа вистински херојство откако ги ризикуваа свои животи за да помогнат во гасењето на пожар кој се закануваше на детска градинка и училиште во општината. Дарко Стајковски и приправникот Филип Стојчевски, при интервенцијата вдишале јаглерод моноксид, поради што се пренесени на Клиниката за токсикологија во Скопје. За среќа, лекарите потврдуваат дека нивната здравствена …
Continue Reading
(Видео) Вистинска драма кај „Борис Трајковски“, евакуација на публика, 9 полицајци завршија во болница
Попладнево околу 16 часот во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје изби пожар кој предизвика паника кај учесниците и посетителите на меѓународниот ракометен турнир. Благодарение на брзата реакција на полициските службеници и противпожарните екипи, спречено е ширење на огнените јазици кон паркираните возила, околните објекти и лизгалиштето кое е во рамки на спортскиот комплекс. Според информациите, полицијата извршила …
Continue Reading
Силното невреме причина за повеќе пожари во Скопје, сите се изгаснати или локализирани
Попладнево скопскиот регион беше зафатен од силно невреме проследено со силен ветер и дожд, по што речиси истовремено избија повеќе пожари на отворен простор кои беа видливи од различни делови на градот и предизвикаа вознемиреност меѓу граѓаните. Според информациите на Центарот за управување со кризи (ЦУК), пожарот кој го зафати подрачјето над селото Локе–Крушопек е локализиран, а екипите остануваат на …
Continue Reading
Меџити: Дали Османи двапати бил во Будимпешта кај Груевски?
Првиот вицепремиер и кандидат за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска јавно побара од неговиот противкандидат Бујар Османи да ја разјасни информацијата дека најмалку двапати бил во Будимпешта на директна посета со поранешниот премиер Никола Груевски. Информацијата е објавена во соопштението на партијата Вреди. Меџити најави дека откако Османи ќе одговори на ова прашање, тој ќе открие детали за …
Continue Reading
(Фото) Скопје на удар на невреме, силен ветер, паднати дрва, пожари во делови од градот
Скопје се соочува со нестабилни временски услови во текот на денешниот ден. Во моментов, во градот дува многу силен ветер, небото е облачно, а во некои делови, како Волково и Куршопек, се јавува пороен дожд. Скопјани пријавуваат дека поради искрења на жиците за електрична енергија настанале пожари, а во некои населени места и прекини во електричната енергија. Засега нема официјални …
Continue Reading
ДПМНЕ и Арсовска го држат Скопје во хаос, вели Шукова и ветува крај на блокадите
Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, денеска упати жестоки критики кон ВМРО-ДПМНЕ и актуелната градоначалничка Данела Арсовска, обвинувајќи ги дека со години ги блокираат проектите од витално значење за градот. „Секојдневно гледаме како капитални проекти кои се клучни за скопјани стојат заглавени поради политички игри, опструкции и незаинтересираност за реалните потреби на граѓаните“, изјави Шукова во …
Continue Reading
Османи од Чаир: Поддршка за самохрани мајки, жени во ранливи категории и претприемачки
Под мотото „Жените ја движат промената“, денес во Чаир беше претставен пакет мерки кој, според кандидатот за градоначалник Бујар Османи, отвора ново поглавје на реална грижа и поддршка за жените – вистинските хероини на секојдневието. Османи истакна дека Фондацијата „Раката на Чаир“ ќе биде основата на овој пакет и ќе обезбедува финансиска и социјална помош за самохрани мајки, жени од …
Continue Reading
Герасимовски: Пристигнаа првите ученички униформи, во тек е дистрибуција до сите основни училишта во Центар
Општина Центар за прв пат обезбеди училишни униформи за сите ученици во општинските основни училишта. Првите униформи пристигнаа во ООУ „Киро Глигоров“, а во тек е нивна дистрибуција до сите основни училишта на територијата на Центар, соопштија од општината. „Денеска започна дистрибуцијата на првите ученички униформи во основните училишта во Центар. Униформите се со одличен квалитет, со лого на општината …
Continue Reading