Шалтерите на скопски „Водовод“нема да работат за време на празникот
ЈП Водовод и канализација – Скопје ги известува граѓаните на град Скопје дека на ден 08.12.2025 година (понеделник), по повод државниот празник – Денот на Св. Климент Охридски, шалтерите за наплата, шалтерите за рекламации и операторите во Дирекцијата на претпријатието нема да работат. На 09.12.2025 година (вторник) се продолжува со редовно работно време.
Continue Reading
Ѓорѓиевски на Светскиот ден на волонтерството: И оваа година, Град Скопје стои рамо до рамо со волонтерите како поддржувач во создавањето на поодговорно, похумано и посолидарно општество
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес се приклучи на активностите по повод Светскиот ден на волонтерството, заедно со претседателот на Советот на Град Скопје, Даме Димитровски. Во соработка со Црвениот крст на Република Македонија–Црвен крст на Град Скопје, тие учествуваат во низа хуманитарни и социјални активности насочени кон поддршка на најранливите категории граѓани. „Денес, на Светскиот ден на волонтерството, …
Continue Reading
(Фото) Герасимовски: Работнички добива модерна ФИБА сала, паркетот се поставува, се монтираат семафорите
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска изврши увид во завршните градежни активности во салата „Работнички“, која добива современ изглед и целосно ги исполнува ФИБА стандардите за одржување натпревари од највисоко ниво. Во моментов се поставува нов паркет на теренот со површина од 700 квадратни метри, кој одговара на ФИБА стандардите за натпревари од ниво 1, а неговото целосно завршување …
Continue Reading
(Фото) Финализирана реконструкцијата на улицата „Ѓорѓи Димитров“
Со завршувањето на последната фаза од асфалтирањето, комплетно е финализирана реконструкцијата на улицата „Ѓорѓи Димитров“ во општина Кисела Вода. default „Со новото уредување се создава уреден сообраќаен пат- широк коловоз, нови тротоари, партерно уреден простор како и ново улично осветлување. Ова ќе придонесе за подобар проток, зголемена сообраќајна безбедност и многу поквалитетно секојдневие за жителите. Реконструкцијата покрива потег долг околу …
Continue Reading
Град Скопје издаде препораки за загадениот воздух и најави засилени инспекции
Град Скопје објави препораки поради загадениот воздух и најави засилени инспекциски контроли на сите постројки кои поседуваат елаборати за заштита на животната средина или Б-интегрирани еколошки дозволи „Ве известуваме дека Секторот за заштита на животната средина како надлежен сектор во врска со предлагањето мерки и активности за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух, согласно со акционите планови за воздух а …
Continue Reading
Фирмата за подготовка на храната во „Димо Хаџи Димов” казнета со 900 евра, во уште едно училиште откриена „ешерихија коли“ во намаз
Операторот за подготовка на храната во основото училиште во Влае, „Димо Хаџи Димов” е казнета со 900 евра откако беа пронајдени бактерии во мусаката, а во уште едно училиште во Општина Карпош се откриени бактерии во намаз. Инспектори за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), по наредените мерки за генерално чистење и дезинфекција на објектот, опремата и машините …
Continue Reading
Герасимовски: 20 години Центар за деца со церебрална парализа, пример за инклузија
По повод Светскиот ден на лицата со попреченост, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, го посети Центарот за деца со церебрална парализа, кој одбележа 20 години постоење. На приредбата, градоначалникот ја нагласи посветеноста на локалната самоуправа за постојано унапредување на овој Центар. „Нашата општина има инклузивен и хуман пристап кон сите граѓани, а токму овој Центар е доказ за тоа“, …
Continue Reading
„Заедно низ боја и тон“: Општина Карпош го одбележа меѓународниот ден на лицата со попреченост
Под слоганот „Заедно низ боја и тон“, основците од ООУ „Владо Тасевски“ на свој креативен начин го одбележаа Меѓународниот ден на лицата со атипичен развој – 3 декември, организирајќи во рамки на своето училиште инклузивен уметничко-музички настан. Иницијатор на денешниот настан беше специјалниот едукатор Весна Филиповска, а во организацијата учествуваа и образовните асистенти: Ирена Милевска, Ивана Јанкуловска, Светлана Блажевска, Кристина …
Continue Reading
Општина Илинден, со членовите на хуманитарното здружение „Илинден“, го одбележа Светскиот ден на лицата со хендикеп
По повод Светскиот ден на лицата со хендикеп, кој традиционално се одбележува на 3 декември, градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, оствари средба со претставници на Хуманитарното здружение на граѓани и лица со хендикеп „Илинден“ – Скопје. На приемот, градоначалникот ја истакна важноста од континуирана поддршка и создавање рамноправни услови за сите лица со хендикеп. Георгиевски истакна дека овие наши …
Continue Reading