Пронајдена марихуана во дом на дваесетгодишен прилепчанец

Полицијата приведе 20 годишен прилепчанец со иницијали Р.Т.  При претресот во неговиот дом и други простории, извршен со судска наредба, полицијата пронашла и одзела марихуана, дробилка, дигитална вага и други предмети. Дваесетгодишниот прилепчнец бил задржан во полициската станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Фондација „Небрегово“: Државна награда и стипендија „Блаже Конески“

Да се воведе државна награда „Блаже Конески“ и стипендија за талентираните ученици и студенти за изучување на обемното дело на великанот Блаже Конески и на македонскиот јазик, го обнови барањето фондацијата, сега културно-едукативен центар „Небрегово“ пред родната куќа на Конески во Небрегово. По повод 5 мај денот на македонската азбука и денот на македонскиот јазик, 30-тина ученици од прилепското основно …

Continue Reading

Регионална ревија на песни музика и игри во општина Илинден

Во Домот на култура во Општина Илинден се одржа 21. Регионална ревија на песни, музика и игри на пензионерски здруженија од регионот. Организатор е Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија, а домаќин е Здружението на пензионери – Илинден. Како што информира општина Илинден, домаќинот Здружението на пензионери Илинден, чиј претседател е Васе Ѓорѓиевски, ги поздрави присутните и им посака …

Continue Reading

Царинска управа: Запленета голема количина тутун и цигари без акцизни маркички

Во координирана акција на Секторот за контрола и истраги на Царинската управа со единицата за економски криминал при Одделот за крим полиција при МВР и службени лица од Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи извршена во текот на вчерашниот ден во Тетово, запленети се 260 килограми тутун, 12.800 парчиња цигари и 240 електронски цигари. – Со ова е …

Continue Reading

Општина Дебар објави јавен повик за доделување финансиски средства на спортски клубови и граѓански организации од областа на културата

Општина Дебар објави јавен повик за доделување финансиски средства на спортски клубови и граѓански организации од областа на културата. -Целта на овој повик е да ја зацврсти и унапреди соработката на општината со спортските клубови и организациите од областа на културата, преку воспоставување партнерски релации и да се поттикне решавање на локални проблеми преку поголема вклученост на граѓаните и граѓанските …

Continue Reading

Промовиран проект „Работилница за поправање на стари предмети“

Од наесен во Гостивар ќе се отвори работилница за бесплатна поправка на мебел, апарати, машини и електрична опрема за домаќинство. Ова е проект за кој младите социјалдемократи од гостиварскиот клуб добија финансиска поддршка од фондацијата Фридрих Еберт. Работилницата ќе функционира во склоп на средното техничко училиште како дел од соработката со локалната самоуправа. Претставниците на локалниот клуб на социјалдемократската младина …

Continue Reading

Премиера на „Пчелите ќе умрат“ во струмичкиот театар

Во Народниот театар „Антон Панов“ задутре е закажана премиерата на претставата „Пчелите ќе умрат“ според рускиот автор Иван Вирапаев во режија на Драгана Таневска, а во копродукција со Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“. Според режисерката, претставата отворено зборува за етиката, за моралот, религијата, за сексуалноста, за доброто и злото кај човекот. -Дали човекот може да биде подобар од тоа …

Continue Reading

Библиотеката „Искра“ од Кочани доби награда за најдобар промотор на читачката култура од Македонската асоцијација на издавачи

Општинската библиотека „Искра“ од Кочани ја доби престижната награда за најдобар промотор на читачката култура за 2023 година што ја доделува Македонската асоцијација на издавачи (МАИ). Наградата беше доделена денеска во рамки на Саемот на книгата во Скопје, при што беше нагласено дека според пренесените искуства од издавачите, како и од лични искуства на членовите на жири комисијата, оценето е …

Continue Reading

Во Охрид трибина за унапредување на пристапот до заштита од дискриминација

Креирањето еднакво и праведно општество е од суштинска важност за позитивен развој на локалните заедници и државата во целост. Само преку заедничка соработка и единство можеме да дадеме придонес во борбата против сите облици на дискриминација. Тоа го истакна градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, пред учесниците на денешната Трибина за унапредување на пристапот до заштита од дискриминација во Општина Охрид. …

Continue Reading