Во Кичево ќе се гради нова болница, инвестицијата е вредна 22,5 милиони евра
Заменик министерот за здравство, Јовица Андовски, градоначалникот на Општина Кичево, Александар Јованоски и директорката на Општа болница Кичево, Маја Цветановска Трајковска, заедно со делегација на Светска банка, ја посетија болницата во Кичево и го разгледаа концептот за изградба на нова болничка установа. Планираната инвестиција е проценета на околу 1,38 милијарди денари, односно 22,5 милиони евра. „Кичево со децении се соочува …
Continue Reading
Општина Центар со финансиска помош за штетите од невремето, максималната отштета е 100.000 денари
Општина Центар го објави Јавниот повик за доделување еднократна парична помош за граѓаните и правните лица кои претрпеа штети од силното невреме што го зафати подрачјето на општината на 21 јули 2026 година. Физички и правни лица со недвижен имот на територијата на Општина Центар, ќе бидат обештетени согласно донесениот Правилник, исклучиво за оштетени кровни конструкции и фасади на индивидуални …
Continue Reading
Мицкоски: 16 проекти се реализираат во Делчево и покрај предизвиците, очекувам до крајот на мандатот да се одблокира и сметката
Шеснаесет проекти во моментов се реализираат во Делчево и покрај предизвиците, очекувам до крајот на мандатот да се одблокира и сметката, изјави премиерот, Христијан Мицкоски. „Во Делчево како што гледате се гради, како што се гради во суштина и на повеќе од 1.200 локации низ цела Македонија. Десетици проекти се реализираат овде во оваа општина и ја користам оваа прилика …
Continue Reading
До крајот на неделата водата во Гостивар би можела да биде безбедна за пиење, Клековски вели дека состојбата се смирува
Во Гостивар се регистрирани 71 нов прв контакт поврзан со епидемијата, а министерот за здравство Сашо Клековски оцени дека тоа укажува на смирување на состојбата. „Сметаме дека настанува смирување на епидемијата. Крај на епидемијата ќе има само кога врз основа на епидемиолошките анкети ќе се утврди дека веќе нема случаи поврзани со градскиот водовод во Гостивар“, изјави Клековски. Според него, …
Continue Reading
Се отстрануваат хаварисани возила низ Општина Кисела Вода
Општинските инспектори и претставници на лиценцираната фирма за постапување со отпадни возила спроведоа акција за подигнување на хаварисани возила низ територијата на Општина Кисела Вода. Според податоците од општинскиот инспекторат, од почетокот на акцијата досега се поведени инспекциски постапки за над 100 возила. Најголемиот дел од овие автомобили се веќе отстранети од самите сопственици, веднаш по оставањето на налепниците со …
Continue Reading
Училиштето „Св. Кирил и Методиј“ во Центар добива нова фасада
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, изврши увид во училиштето „Св. Кирил и Методиј“, каде што се изведува реконструкција на фасадата и замена на целокупното внатрешно осветлување. Овој капитален зафат, финансиран преку заем од Светска банка, ќе придонесе за значително зголемување на енергетската ефикасност на објектот. „На 190-годишнината од постоењето на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ инвестираме во негова целосна …
Continue Reading
Пожарот кај Велес се прошири кон патот за Штип, МВР го регулира сообраќајот поради густиот чад
Опасноста од пожарот во месноста „Дорутовец“ кај Велес е намалена по интервенцијата на противпожарните авиони „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), пожарникарите од ТППЕ Велес, месното население од селото Чалошево и екипа со цистерна од ЈП „Дервен“. Сепак, пожарот се проширил во правец на патот Велес–Штип. Поради густиот чад што ветерот го носи кон автопатот, Главниот штаб …
Continue Reading
СДСМ: Сега официјално признаваат ризик од хепатит А и Е во Гостивар
По епидемијата поради загадена вода во Гостивар, властите сега официјално признаваат ризик од хепатит А и Е и други заразни заболувања, реагира СДСМ. „Министерството за здравство ќе испраќа упатства до здравствените установи и матичните лекари. Воведен е засилен здравствен надзор. Ова е токму она за кое што проф. д-р Венко Филипче предупреди уште минатата недела. Прво, доцна им се вклучија …
Continue Reading
Општина Кисела Вода субвенционира набавка на пелети и печки на пелети
Општина Кисела Вода објави два јавни повика за субвенции при набавка на пелети и печки на пелети, наменети за домаќинствата од општината. Средствата од Буџетот за 2026 година ќе се доделуваат преку Архивата, по принципот „прв дојден, прв услужен“. Со првиот јавен повик се нуди субвенционирање за набавка на пелети, за што е обезбеден буџет од вкупно 2.000.000,00 денари. Општината …
Continue Reading