Невреме се приближува кон Велес

Нестабилното време кое во текот на денот зафати повеќе делови од државата продолжува и во вечерните часови. Според последната информација на Управата за хидрометеоролошки работи, во 20:43 часот од северозапад кон Велес се приближува невреме проследено со пороен дожд и засилен ветер. Претходно, силно невреме со поројни дождови, грмежи, засилен ветер и локална појава на град беше регистрирано во Кочани, …

Continue Reading

Силно невреме ги зафати Кочани и Виница, нов бран се приближува кон Гевгелија

Силно невреме вечерва е регистрирано во Кочани, Виница и околните населени места, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Според последните информации во 19:26 часот, невремето е проследено со поројни дождови, грмежи и засилен ветер, а можност за појава на град има и во подрачјата северно од Радовиш. Од УХМР посочуваат дека нестабилната воздушна маса се движи кон југоисток. Во меѓувреме, кон …

Continue Reading

По Штип и Гевгелија, невремето го зафати и регионот меѓу Неготино и Демир Капија

По невремето што попладнево ги зафати регионите на Штип и Гевгелија, Управата за хидрометеоролошки работи информира дека во 18:25 часот е регистрирана силна нестабилност меѓу Неготино и Демир Капија. Според информацијата, нестабилноста е проследена со пороен дожд, силни електрични празнења и појава на град. Од УХМР посочуваат дека централните и североисточните делови на државата сè уште се зафатени со нестабилно …

Continue Reading
Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја

Невреме со пороен дожд, грмежи и град во регионите на Штип и Гевгелија

Невреме проследено со јак пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град попладнево е регистрирано во регионите на Штип и Гевгелија. Според информацијата за нестабилност, состојбата е евидентирана во 17:10 часот, а невремето постепено се движи кон југоисточниот дел на земјата.

Continue Reading

Почина градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски

Почина градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски. Веста за неговата ненадејна смрт ја соопшти премиерот Христијан Мицкоски преку објава на социјалните мрежи. Мицкоски го опиша Илиевски како работлив, чесен и скромен човек, целосно посветен на граѓаните и на општината што ја водел. „Беше секогаш меѓу луѓето. Ги слушаше, им помагаше и се бореше за нивните потреби. Затоа граѓаните му ја дадоа …

Continue Reading

Детското игралиште „Патрик“ мета на вандализам: градоначалникот на Аеродром вели дека нема да дозволи уништување на јавното добро

По синоќешниот немил настан што предизвика големо внимание во јавноста, денеска градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, изврши увид на детското игралиште „Патрик“, кое беше вандализирано и сериозно оштетено од група млади лица, информираат од општината. Станува збор за, како што велат од таму, за едно од најубаво уредените детски катчиња во Општина Аеродром. „Простор создаден за игра, дружење и …

Continue Reading

Општина Кисела Вода го најави Културното лето: од петок, три дена забава за 71-виот роденден на најстарата скопска општина

Денес Општина Кисела Вода одржа прес-конференција на која официјално го најави претстојното „Културно лето“, манифестација со која се одбележува 71-от роденден на најстарата скопска општина. Под слоганот „Кисела Вода – најстарата скопска приказна, 71 година културен печат на градот“, присутните ги очекува, според најавата тридневна богата фестивалска програма. На пресот, беа присутни и дел од ѕвездите кои ќе настапат, меѓу …

Continue Reading

Бесплатна тематска прошетка „Времеплов низ Центар, историја, култура и архитектура“

Општина Центар ги поканува сите заинтересирани граѓани на бесплатна тематска прошетка „Времеплов низ Центар, историја, култура и архитектура“, која ќе се одржи на 24 јуни (среда), од 18:00 до 20:00 часот. Собирно место е на улица „Македонија“, пред Спомен-куќата на Мајка Тереза, од каде ќе започне прошетката низ богатото историско, културно и архитектонско наследство на централното градско подрачје. Водичи на …

Continue Reading

Утре прекинато водоснабдување во делови од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре поради изведување водоводен приклучок ф-80 мм на ул.Владимир Назор 14, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Владимир Назор и дел од ул.Кумровец. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување со работните активности. (општина Центар).

Continue Reading