Српски полицајци до 31 август ќе патролираат низ Охрид
Во СВР Охрид денеска беше одржан работен состанок со полициски службеници од Министерството за внатрешни работи на Република Србија кои од утре до 31 август, заедно со полициски службеници од македонското Министерство за внатрешни работи, ќе спроведуваат заеднички полициски патроли низ Охрид. Нивниот работен ангажман ќе се реализира врз основа на потпишан Протокол за соработка за време на туристичката сезона …
Continue Reading
Две улици во Гази Баба утре без вода
Без вода утре ќе останат корисниците од улиците „Гемиџиска“ и „Филип Филиповиќ“ во општина Гази Баба, информира Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје. Според известувањето од ЈП „Водовод и канализација“, прекинот во водоснабдувањето е поради изведување водоводен приклучок со пречник од 100 милиметри на улицата „Гемиџиска“, крак 1 и крак 2. Водоснабдувањето ќе биде прекинато утре, 8 јули, …
Continue Reading
Бесплатен паркинг за лицата со аутистичен спектар во Битола, Советот едногласно ја усвои одлуката
Советот на Општина Битола на денешната седница донесе Одлука за бесплатно паркирање на јавните паркиралишта на ЈП „Паркинзи“ за лица со аутистичен спектар. Повластената паркинг карта може да ја користат на следните паркинг зони: Б1, Б2, Б5, Б7, Д1, Х1, А8, А10 и А2. Картичката е со важност од една година и се издава на барателот по претходно поднесено барање, …
Continue Reading
Општина Илинден започна со реконструкција на Домот на култура во Мралино
Општина Илинден започна со реконструкција и санација на Домот на култура во населеното место Мралино, во рамките на програмата за обновување на домовите на култура на територијата на општината. Проектот предвидува комплетна обнова на кровната конструкција, поставување нов пластифициран лим, како и монтажа на нови хоризонтални и вертикални олуци, со што ќе се обезбеди долготрајна заштита на објектот. Предвидено е …
Continue Reading
Преку апликација, возачите во реално време ќе проверуваат каде има слободни паркинг-места во Центар
Општина Центар воведува нови дигитални решенија со цел побрзо, поефикасно и поедноставно користење на услугите за паркирање, без потреба од чекање на шалтери, најави градоначалникот Горан Герасимовски. Тој вели дека се предвидува воведување на сензорски системи кои во реално време ќе ја покажуваат пополнетоста и расположливоста на паркинг-местата во Општината. Во фокусот на овие реформи е развојот на нови мобилни …
Continue Reading
Општина Гази Баба го објави повикот за субвенции за печки на пелети
Општина Гази Баба го објави јавниот повик за субвенционирање на набавка на печки на пелети. „Со оваа мерка се поттикнува користењето на поеколошки и поефикасни системи за затоплување, кои придонесуваат за намалување на загадувањето на воздухот; почиста и поздрава животна средина; поефикасно и поквалитетно затоплување на домовите; намалување на трошоците за греење на долг рок и поттикнување на користење енергенси …
Continue Reading
Герасимовски: 73 граѓани користат бесплатна нега во домот, има уште слободни места за услугата ,,Сервис за стари лица”
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска го посети домот на сограѓанката Снежана Чупевска, корисничка на бесплатниот „Сервис за стари лица“, за да се информира како се реализира проектот и какви придобивки носи услугата за повозрасните жители на општината. „Во моментот услугата ја користат 73 наши сограѓани, а вкупниот капацитет на проектот е за 90 лица, што значи дека има …
Continue Reading
(Фото) Целосно реновирани две детски игралишта во Карпош
Во рамки на проектната активност за санација и реконструкција на урбаната опрема, Општина Карпош направи замена на старите и оштетени реквизити на уште две детски игралишта. На детското игралиште кое се наоѓа на улицата Никола Парапунов обновени се клупите, поставени се нови лулашки и санирана е останатата урбана опрема во склоп на ова катче, извести Општината. „На детското игралиште кај …
Continue Reading
Струга ќе биде центар на балканската екологија: Најавен седмиот конгрес на Македонското еколошко друштво
-
Новинар
-
July 6, 2026
-
Македонија, Општини
-
0 Comments
Скопје, 6 јули 2026 година – Од 15 до 18 октомври во Струга ќе се одржи седмиот Конгрес на еколозите на Македонија, со меѓународно учество, во организација на Македонското еколошко друштво (МЕД). До ден-денес, Конгресот останува еден од најголемите научни собири на еколозите во регионот, во чиј фокус се еколошките истражувања во последните години. „Науката е тимска работа. Нашите конгреси …
Continue Reading