Се проширува водоводната и канализациската мрежа во Стара Каменица, во Македонска Каменица

Во Македонска Каменица во тек се активности за проширување на водоводната и канализационата мрежа во населбата Стара Каменица. Увид во градежните работи денеска изврши градоначалникот Димчо Атанасовски кој истакна дека активностите се во насока на подобрување на комуналните услуги на граѓаните. -Деновиве започнавме со поставување на нова водоводна и канализациона линија во Стипцарско маало – Стара Каменица. Градежните работи се …

Continue Reading

Ќе се подобрува енергетската ефикасност на училишната зграда во беровско Двориште

Ќе се подобрува енергетската ефикасност на училишната зграда во беровско Двориште. Активноста. како што информираа од Општината. ќе се реализира проект за изградба на фотоволтаична соларна централа, на зградата на подрачното училиште „Дедо Иљо Малешевски” во село Двориште. -Со цел подобрување на  енергетска ефинасност на зградата на подрачното училиште ООУ „Дедо Иљо Малешевски” во село Двориште, извршниот директор на Фондација …

Continue Reading

Цевководот Макарија е експресно саниран, овој викенд ќе потече вода

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со градоначалникот на општина Росоман, Стојан Николов и директорот на АД „Водостопанство на РСМ” – Скопје, Локман Љимани денеска извршија увид во завршните активности за санација на хаваријата на цевководот Макарија. Како што велат од МЗШВ, овој викенд низ цевките ќе потече вода, а системот е саниран во најбрз можен рок. …

Continue Reading

Куманово вклучено во програмата „ЕУ за чист воздух“

Куманово ќе го подобри системот за греење во јавните установи, ќе го раззеленува просторот преку садење дрвја и ќе постави мобилни мерни станици за мерење на загаденоста на воздухот, информираа денеска од Општина Куманово. Активностите се предвидени во рамки на проектот „ЕУ за чист воздух“, кој денеска беше промовиран во Битола во присуство на евроамбасадорот Дејвид Гир и советникот на …

Continue Reading

Струмичките пожарникари денеска изгаснаа два пожари

Струмичките пожарникари денеска изгаснаа два пожари кои избувнаа напладне. Како што информираа од ТППЕ Струмица, прво со едно против пожарно возило и четворица пожарникари интервенирале на гасење на запалена сува трева и стрниште помеѓу селата Ангелци и Седларци. Вториот пожар избувнал во атарот на село Банско, каде пожарникарите интервенирале на гасење на запалена депонија и сува трева. Пожарите биле навремено …

Continue Reading

Капацитетот на градинките во Кочани надминат за една четвртина, на листата на чекање има уште 150 дечиња

Капацитетот на сите пет објекти на детската градинка „Павлина Велјанова“ од Кочани е надминат за една четвртина, а на листата на чекање има уште околу 150 дечиња. Од детската установа е поднесено барање за согласност до Советот на Општина Кочани за зголемување на бројот на деца во сите 31 група, каде во просек треба да има место за уште по …

Continue Reading

Во Општина Теарце отворена канцеларија за бесплатна правна помош

По Општина Боговиње денеска и Општина Теарце доби канцеларија за бесплатна правна помош. И оваа канцеларија се отвора со поддршка на Советот на Европа и тука жителите ќе можат да ги добијат бараните информации, а тука им е обезбедена и бесплатна правна помош. -Нашата агенда почна во Општина Боговиње, а денеска ја отвораме канцеларијата за бесплатна правна помош и во …

Continue Reading

Давеник во Струга, повозрасна жена од Ресен најдена во Охридското Езеро

Во водите на Охридското Езеро во близина на плажа во Струга вчера бил најден давеник. СВР Охрид соопшти дека по направениот увид било утврдено дека се работи за 67-годишна жена од Ресен. – Во ОВР Струга, вчера во 15 часот и 25 минути е пријавено дека, во водите на Охридското Езеро, во близина на плажа во Струга, забележано е безживотно …

Continue Reading

Со положување цвеќе пред Споменикот на жртвите од земјотресот во Скопје одбележани 60 години од трагичниот настан

Претседателот на Македонија, владината делегација, делегации од Собранието на Македонија и Градот Скопје, како и амбасадори и делегации од дипломатско-конзуларните претставништва во земјава денеска, по повод 60 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје, положија цвеќе на Споменикот на жртвите од земјотресот на гробиштата Бутел. Делегација на Владата беше предводена од вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, а во придружба на …

Continue Reading