Повторно запалена депонијата Острец во Делчево

Градската депонија Острец од утрово повторно гори со засилен интензитет. Причина за запалувањето, како што информираа од делчевското комунално претпријатие, е човечки фактор заради што, најавуваат, ќе биде поднесена кривична пријава. – При редовна обиколка на теренот наши екипи забележале собирачи на пластика и железо во близина на запалената депонија заради што ќе поднесеме кривична пријава. Наши вработени со градежни …

Continue Reading

Повик за учество на тендер за ‘’Изградба на градби за хидромелиоративни работи и градби за уредување на земјоделско земјиште во с.Дабјани, Општина Долнени’’

Проектот финансиран од Европската унија „Унапредување на консолидацијата на земјиштето во Северна Македонија“, ко-финансиран и спроведуван од Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите Нации (ФАО), распиша јавен тендер (UNGM Референтен број: 2023/REUXD/REUTD/122655) за обезбедување на услуги за „Изградба на градби за хидромелиоративни работи и градби наменети за уредување на земјоделско земјиште (тампонирани пристапни/сервисни патишта) во с. Дабјани, Општина Долнени’’. …

Continue Reading

Муцунски: Уште едно училиште во Аеродром целосно реконструирано и подготвено за новата учебна година

Покрај проектите во патната и комуналната инфраструктура, ова лето во Аеродром активно се реализираат и нови инвестиции со кои општината ја унапредува локалната образовна инфраструктура. Во пресрет на новата учебна година, тековно се одвиваат градежните активности со кои се овозможуваат современи услови за реализација на наставата за дечињата кои учат во основното училиште „Браќа Миладиновци“. После долг временски период, се …

Continue Reading

Општина Струмица продолжува со реконструирање игралишта и паркови во населените места

Општина Струмица продолжува со реконструкција на детските и спортските игралишта и паркови во населените места со средства од буџетот од близу 10 милиони денари. Градоначалникот Костадин Костадинов денеска изврши увид во градежните зафати во населеното место Сачево, каде е уреден паркот со поставување клупи и се чисти главниот одводен канал. – Селскиот канал беше обраснат со многу трева и беше …

Continue Reading

Санкционирани 40 возачи на мотоцикли на подрачје на СВР Битола, осум исклучени од сообраќај

На територијата на СВР Битола вчера во периодот од 17:00 до 23:00 часот спроведена е акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 40 возачи. Од нив, како што соопшти денеска полицијата, триесет  возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, осум возеле без возачка дозвола… За време на контролата санкционирани се …

Continue Reading

Ѓорѓиевски: Ја асфалтираме „Герника“ во Драчево, која беше заборавена повеќе од 30 години

Почна асфалтирањето на улицата „Герника“ во Драчево. Градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски синоќа изврши увид во градежните активности, кои поради топлотниот бран што ја зафати земјава, се одвиваат во вечерните часови. Се работи за градежен зафат на површина од околу 2.800 квадратни метри, односо асфалтирање на 700 метри коловоз, изградба на тротоар поплочен со павер елементи долж целиот …

Continue Reading

Притвор за битолчанец за нанесување тешка телесна повреда

Триесетдневен притвор му одреди Судот на битолчанец кој завчера со нож му го расекол стомакот на едно лице и му го довел животот во опасност. За случајот, Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Тешка телесна повреда. – Осомничениот, на 24 јули, пред куќа на улицата „Сотир Брбевски“ во Битола, …

Continue Reading

Директорот на ЦУК во посета на ТППЕ Кавадарци, каде се наоѓа најстарото возило „ФАП 13“ од 1976 година

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, заедно со градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, денеска ја посетија Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Кавадарци, при што ги разгледаа противпожарните возила, каде е и најстарото, исправно и добро одржувано возило „ФАП 13” од 1976 година. Во противпожарната отворена канцеларија – кавадаречката ПП гаража, Ангелов и Јанчев со пожарникарите размениле …

Continue Reading

Приведени крадци од Ресен, одземеното вратено на сопственикот

Полициски службеници од ОВР Ресен вчера во 18:15 часот  ги лишиле од слобода Е.Ј.(27), Р.Р.(30) и Н.А.(26), сите од Ресен. Како што информираа денеска МВР, тие биле затекнати при извршување „тешка кражба“ во фабрика на ул.„Димитар Влахов“ во Ресен, при што одзеле повеќе предмети, а притоа, биле вратени на сопственикот. -Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање …

Continue Reading