Герасимовски: Ново детско игралиште на местото на оштетеното кај ТЦ Зебра

Ново детско игралиште наскоро ќе добијат децата околу Трговскиот центар „Зебра“ во Капиштец. Денеска ќе почне и поставување на реквизитите на местото на постоечкото, поради што тоа нема да биде во функција. Станува збор за седум нови реквизити вклучувајќи и нова гумена подлога. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски повикува на трпеливост се до завршување на елементите кои, како што …

Continue Reading

КЈП Нискоградба-Битола со нови машини за чистење

Комуналното јавно претпријатие Нискоградба со донација од 450.000 денари набави нова машина за чистење и одзатнување на канализациони приклучоци во колективни и индивидулни  станбени згради, како и за чистење на приклучоци на сливници. Од ЈКП Нискоградба најавија овозможување дополнителна услуга на граѓаните при подигнување на градежен шут. -Градежната сезона е во ек, многу домаќинства и правни субјекти пристапуваат кон реновирање …

Continue Reading

Без вода дел од населбата Бутел 2, Поликлиниката „Чаир“ и Економското училиште „Арсени Јовков“

Поради уличен дефект ф 300 мм на улица „Кемал Сејфула“ бб  денеска, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населба Бутел 2, Поликлиника „Чаир“ и Економското училиште „Арсени Јовков“. Како што информираат од ЈП Водовод и Канализација – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до негово завршување.

Continue Reading

18. „Астерфест“ ќе се одржи од 4 до 8 август во Струмица

Од 4 до 8 август во Амфитеатарот во Струмица, ќе се одржи 18-тото издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“, во знакот на новите тенденции во кусометражниот, документарниот и авторскиот филм, соопштија организаторите. Во овогодишната програмска селекција има дваесет и три исклучителни кратки играни филмови, документарци и анимации кои ќе се натпреваруваат за „Златната“, „Сребрената“ и „Бронзената потковица“ и за неколкуте …

Continue Reading

Евроамбасадорот Гир во посета на општина Дебар

Шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Дејвид Гир денеска ќе престојува во посета на општина Дебар. За време на престојот во Дебар, амбасадорот Гир ќе се сретне со градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, со членовите на Советот на општината и со претставници на граѓанските организации. Тој ќе учествува и на кафе-дебата со граѓаните за да одговори на прашања поврзани …

Continue Reading

Без струја делови од Шуто Оризари

Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат делови од Шуто Оризари. Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје од 09:00 до 13:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од ул. „Македонско Косовска бригада“, подулици бр. 8, 10, 20, 23, 25 и 29, во општина Шуто Оризари.

Continue Reading

Во Велес започнаа со работа три од предвидените пет работилници за обновување на старите занаети

Невладината „Разбој” од  Велес во партнерство со Здружение на финансиски работници денеска започна со одржување на три од петте предвидени работилници за обновување на старите занаети. Работилницата за грнчарство се одржува во Спомен куќата на Коста Солев Рацин, а за ткаење и изработка на накит во Куќата на Касапови, двете во стариот дел од градот. Работилниците се дел од проектот …

Continue Reading

Во Фабриката за вода има доволни количества на вода за пиење, но сепак треба рационално да се користи, апелираат од ЈКП „Дервен“

Во Фабриката за вода на Велес, попозната како Филтерстаница, има доволни количества на вода иако деновиве со наглото зголемување на температурите над 40 степени Целзиусови потрошувачката на вода во Велес е зголемена од 189 на 260 литри во секунда. Како што информираат за МИА од ЈКП„Дервен“, во попладневните и вечерни часови од 17 до 23 часот поради енормно зголемена потрошувачка …

Continue Reading

Шукова – Мерко: Прогласувањето на планината Јабланица во национален парк е неопходно

Потребата од прогласување на планината Јабланица за национален парк е приоритет и е неопходна за заштита на животната средина во регионот. Тоа бил заклучокот на денешната средба во Струга на министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова со градоначалникот Рамиз Мерко, претставници од месните заедници на селата кои гравитираат околу Јабланица и еколошки здруженија. Целта на средбата, како …

Continue Reading