Антониа Гиговска и Јордан Митев ќе настапат на одбележувањето на Денот на Општина Илинден

По повод одбележувањето на „Илинден 2 – ри Август“, Денот на Општина Илинден, на 24 јули (петок), со почеток во 20:00 часот, на новиот парк – плоштад во Марино, Општина Илинден и оваа година подготвува богата културно-уметничка програма за сите граѓани. Во таа насока, денес во кабинетот на градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, на прием беа македонските музички артисти …

Continue Reading

Традиционален Илинденски марш: околу 40 коњаници ќе тргнат од Горно Лисиче кон Крушево

Општина Аеродром ги поканува граѓаните да присуствуваат на свеченото испраќање на учесниците на 48. Традиционален Илинденски коњички марш, што ќе се одржи во пресрет на одбележувањето на големиот државен празник – 2 Август, Илинден во организација на Здружението на граѓани „Илинденски марш 1978“. На 27 јули (понеделник), со почеток во 18:00 часот, од дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ …

Continue Reading

Меѓународниот фолклорен фестивал „Скупи“ во Општина Карпош

Во рамки на јубилејното 20. издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Скупи“, кој годинава се одржува од 13 до 17 јули, денеска на плоштадот „Делфина“ во Влае, беше реализирана фестивалската програма во Општина Карпош. Пред бројната публика настапија фолклорни ансамбли од Бугарија, Украина, Хрватска, Мексико и Костарика, кои преку музика, игра и традиционални носии го претставија своето културно и фолклорно богатство. …

Continue Reading

Сто години живот: градоначалникот на Крива Паланка ја посети највозрасната сограѓанка

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, ја посети највозрасната сограѓанка во нејзиниот дом, оддавајќи ѝ внимание и признание за еден век исполнет со животно искуство, достоинство и мудрост. Сто години живот се реткост и богатство што заслужува искрена почит. Со роденденска торта, градоначалникот ѝ упати честитки и желби за добро здравје, мир, спокој и уште многу денови исполнети со …

Continue Reading

Две малолетни деца и 18-годишник биле однесени од надојдената вода во реката Треска

Денеска преку Единствениот број за итни повици 112 била примена пријава дека три лица, кои се капеле во реката Треска, биле однесени од надојдената вода предизвикана од зголемен испуст од браната „Матка“ за потребите на производство на електрична енергија, соопшти ЦУК. „Поради надојдената вода, од силниот воден тек беа однесени две малолетни лица на возраст од 15 години и едно …

Continue Reading

Герасимовски: Не со манипулации, туку со факти, новиот нацрт-ДУП ја намалува површината за градба за 14.000 м²

Обидот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија политички да ја манипулира јавноста преку неточни и нестручни толкувања на урбанистичките планови е уште еден доказ за непознавање на урбанистичкото планирање, законските процедури и хиерархијата на планските документи, вели градоначалникот на Центар Горан Герасимовски. „Наместо факти, јавноста беше изложена на произволни толкувања и бројки извадени од контекст, со единствена цел да се …

Continue Reading

Општина Чаир: Фестивалот „Фолклорните вечери на Чаршијата“ ги обедини културите во срцето на Скопје

Во Старата чаршија се одржа 21. издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Фолклорните вечери на Чаршијата“, манифестација која собра фолклорни ансамбли од повеќе држави и во Скопје ја претстави богатата традиција, музика и народни игри од различни култури. Во име на Општина Чаир, претседателот на Советот на Општина Чаир, Мухамед Муртези, ги поздрави организаторите и ансамблите учесници, истакнувајќи го значењето на …

Continue Reading

Општина Кисела Вода и Град Скопје со значаен заеднички проект: Се пробива улицата „Димо Хаџи Димов“

Советниците на денешната седница на Советот на Општина Кисела Вода едногласно дадоа поддршка за иницијативата за меѓуопштинска соработка со Град Скопје, со што се овозможува пробивање на улицата „Димо Хаџи Димов“ како значаен чекор во насока на решавање на долгогодишниот проблем со застојот на возилата во овој дел од општината. Овој проект ја потврдува важноста на заедничкото дејствување меѓу Општината …

Continue Reading

Хоџа го означи почетокот на регулацијата на Сува Река: Инвестиција од 376 милиони денари за чист и безбеден Сарај

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска го означи почетокот на изведбата на капиталниот проект за регулација на коритото на Сува Река во Општина Сарај, за кој МЖСПП обезбеди 376 милиони денари. На настанот присуствуваа и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, градоначалникот на Општина Сарај, Мухамет Елмази и градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити. Хоџа истакна дека …

Continue Reading